Усвоен новиот закон во сообраќајот - брзината во населените места ограничена на 50 km/h!

Дали новите измени ќе придонесат за подобрување на сообраќајната култура?

  • Вкупно гласачи
    110
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Лежечките полицајци си беа таман по цел град наместени, ама после купија малоумните бураго автобуси што се ниски и заринкуваат на грпката и мораа да ги извадат, па сеа по напливот на половни коли од германија, бугарија, словенија и ситуација во која секоја куќа има по две три коли почна да се случува редовно касапаана по улициве.
Ако на ова се додаде и новата велосипедска мода што го замава градов последниве три-четири години, во која секој ајван сака предност и третман како пешак, а брзина и комоција како шофер , се прави ситуација мала бара- многу крокодили и жртви е неминовно да има.
Не е оваа паланка склепана ни за толку народ, ни за толку коли, ни за толку точаци. Поддржувам враќање на лежечките и засилено присутсво на сообраќајни џандари на улици а не во ќебапчилници , боље да има гужви, пцуење и нервози него деца од по 12 години да се закопуваат.
Lezecite gi trgnaa bidejki ulicite trebase da se cistat a smetaa na masinite ili nesakjajki gi kornea.

ROMA ROMA ROMA
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Единствената промена е тоа што тој што до сега си возел поштено 60, ќе мора да вози 50. Тие што возеа 200 и понатаму ќе продолжат да си возат 200.
Не е тоа поштено, туку наивно и глупаво. Имаш ситуации во Скопје последниов месец посебно кај што поштените глават по цели саати.....
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.092
Поени од реакции
16.290
Извинете вака што упаднувам со малку поразлично прашање од темава.
Ме интересира ако некој е информиран да ми каже точни до кога важи забраната за возење после 23:00 за почетници? Јас колку што знам важи првите две години од положувањето (или по наполнување 21 година (за помлади од 21 година кои имаат наполнето 2 години искуство)).
Но слушам некои велат дека треба само една година искуство не две.
Јас јадов 400е казна баш за овај закон на 24 години со скоро 2 год искуство. Значи ако немаш 21 а имаш 2 години искуство пак си почетник, над 21 со 2 години искство не си почетник.

Не смеат да те казнат ако возиш после 11 а си почетник само кога до тебе има некој постар од 25 со 2 годишно искуство :)[DOUBLEPOST=1444061882][/DOUBLEPOST]А за законот нема што да речам, избори се ближат треба народ да се бричи. Ние обичнит смртници ќе го јадиме пак најчесто, овие со врските пак ќе возат 100 и ќе газат луѓе ништо нема да смени. Ете Битола е 50км максимална брзина и шо дека е некни ко лежев на болница донесоја деца 2 се возеле со некое бате на пат никако кренал 190км значи на сред село и се знај следно шо се случи, арно децата немаја ништо само по некој конец на рака и набиненици.

Според мене за брзина над 100 во град треба да ти конфискуват колата, возачката да ти ја земат и да те натерат да преполагаш значи на ново часови и се останато, а колата толку да ти ја продат или на лицитација да ја дадат
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Во помалите градови да, но во Скопје треба да се вози 80-100, бидејќи е голем градот и треба повеќе да се стигне од еден крај до друг, ко на пример од Велес до Ново Лисиче е 30 минути, од Ново Лисиче е 40-45, нема никаква смисла. Но за да се вози 80-100 во Скопје треба да нема семафори (само кружни текови), пешачки (само подземни премини), да има огради од 1.5м на тротоарите покрај булеварите за да не претрчуваат луѓе, наместо двојни ленти бетонски стубови (како на патот Гостивар-Тетово) и тогаш ќе нема ниту чекање, побрзо ќе се стига и возачите ќе бидат порелаксирани.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.092
Поени од реакции
16.290
Во помалите градови да, но во Скопје треба да се вози 80-100, бидејќи е голем градот и треба повеќе да се стигне од еден крај до друг, ко на пример од Велес до Ново Лисиче е 30 минути, од Ново Лисиче е 40-45, нема никаква смисла. Но за да се вози 80-100 во Скопје треба да нема семафори (само кружни текови), пешачки (само подземни премини), да има огради од 1.5м на тротоарите покрај булеварите за да не претрчуваат луѓе, наместо двојни ленти бетонски стубови (како на патот Гостивар-Тетово) и тогаш ќе нема ниту чекање, побрзо ќе се стига и возачите ќе бидат порелаксирани.
Не знам за СК искрено нити сум возел, али за брзина (барем според мене што не значи дека сум во право) од 100 треба поваќе ленти и далеку подобра инфракструктура и останато како што рече ти :). Kај нас (БТ) одамна нема семафори се е кружни текови и собраќајките станаја се почесто. А мислењето ми беше над 100км оти за мене не е нормално на пр 110 в град да се вози.

Солун знам дека во градот е 50км, надвор од градот 90 а на автопатот 130км а е мн поголем град.

Како и да е секоја брзина можи да биди дозволена и да се регулира додека има правилна инфраструктура.

И морам да нагласам старите шофери се многу голем проблем тие се оние барем кај нас што немаат култура никаква во БТ и не знаат нит знаци ни правила ни кружен како функционира оти порано полагале на жими мајка :)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.147
Во помалите градови да, но во Скопје треба да се вози 80-100, бидејќи е голем градот и треба повеќе да се стигне од еден крај до друг, ко на пример од Велес до Ново Лисиче е 30 минути, од Ново Лисиче е 40-45, нема никаква смисла. Но за да се вози 80-100 во Скопје треба да нема семафори (само кружни текови), пешачки (само подземни премини), да има огради од 1.5м на тротоарите покрај булеварите за да не претрчуваат луѓе, наместо двојни ленти бетонски стубови (како на патот Гостивар-Тетово) и тогаш ќе нема ниту чекање, побрзо ќе се стига и возачите ќе бидат порелаксирани.
А да си тргниш ти порано каде што си решил да одиш па и со 50 км/ч ќе стигниш на време. Требало да се вози со 80-100 км/ч низ населено место. Шо не ќе прочиташ. Ами ај да летаме по улици оти ни било далеку и ни се брзало.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
А да си тргниш ти порано каде што си решил да одиш па и со 50 км/ч ќе стигниш на време. Требало да се вози со 80-100 км/ч низ населено место. Шо не ќе прочиташ. Ами ај да летаме по улици оти ни било далеку и ни се брзало.
Порано 6 км до центар во шпиц ги возев за 30 или 20тина минути, често и за 15, зависно од семафорите, тоа е возење со 20-35 км/ч, што не е баш летање. Откако го направија хаосот од пред неколку години, во шпиц ги возам за 30-50 минути, 90% од возењето со прва до втора. Подземни премини за пешаци и возила, нормални тротоари за пешаци и патеки за велосипедисти...нешто такво нормално за цел свет, нема, а ни полицијата не си ја врши работата. Барем во Скопје, сообраќајот е лош и ризичен, а тоа е резултат на лошо раководење со градот.
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Нешто не ми е јасно...

Зошто не следев кога беа донесени измениве и не знаев кога точно поминува vacatio legis не знаев кога влегуваат во сила измениве и денес слушам на вести дека утре ќе влегувале во сила. И се е тоа добро, ама зошто веќе уште од вчера (ако не и од порано) на оние панели/монитори за информации што ги има низ градов е сменета максималната брзина од 60 на 50 ?
Шо сеа ни vacatio legis нема да се почитува у државава ?
Ај ако не нека се донесе некоја забрана вечерва у Собрание и од утре сабајле нека почнат да казнуваат за истата...
Па мајку му стара си има ред у правото, се знае што и кога се праи...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.147
Порано 6 км до центар во шпиц ги возев за 30 или 20тина минути, често и за 15, зависно од семафорите, тоа е возење со 20-35 км/ч, што не е баш летање. Откако го направија хаосот од пред неколку години, во шпиц ги возам за 30-50 минути, 90% од возењето со прва до втора. Подземни премини за пешаци и возила, нормални тротоари за пешаци и патеки за велосипедисти...нешто такво нормално за цел свет, нема, а ни полицијата не си ја врши работата. Барем во Скопје, сообраќајот е лош и ризичен, а тоа е резултат на лошо раководење со градот.
Сега можиме да се инаетиме до немајкаде но едно е сигурно. Сообраќајот е лош од лошата култура на учесниците во него.
А за порано ако збораме јас имав фичо па на гла да се качев неможев да возам со 100 низ град. Значи ке си го планирате времето, ке си тргнувате порано и решен проблем. Ко ке те фати шпицот ке те фати и тука нема бегање. А дека 100 км/ч ке го реши проблемот то само на автопат, низ населено место дури и многу е 50. Инаку се то во ред со подземни премини, тротоари и патеки за велосипедисти, само да не треба се да рушите и пак наново да градите од корен. Имавте шанса пред пола век колку што се сеќавам. Ние ете немаме и се снајдваме со тоа што имаме. Значи да не се сфатиме погрешно, условите на патната инфраструктура моментално се такви какви што се. Убаво би било да има, ама ете нема и тоа е тоа. Се додека нема ке се прилагодите на тоа што има. Неможи и маска и гаска. И некој ниско да лета низ град и да нема жртви.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Имаат право кога велат дека некои сообраќајници не се за 50. Булевар Словенија, кај Мавровка, мост Обединети Нации до Влајко... Тука нема ни пешак ни бутур, поготово навечер, така да стварно не ја разбирам потребата да има влечење. Партизанска и Илинденска требаше да се решат со подвожњаци, со премини како што има во секоја нормална метропола. Ниту закрчуваш сообраќај, ниту ги изложуваш другите на опасност. Ене не пројде ни вакацио легис што го збори Бојан погоре, пак има секој ден или сообраќајка или собран некој со велосипед така да културата не се учи со казни, треба од мали да се учиме. Системот на казнување е најмногу избегнуван како алтернатива за решение на некој проблем и ете гледаме зошто. Културата на одредено однесување се учи од мал. Стави им сообраќајна култура на децава наместо веронауките, глупости дрн дрн јариња, нека учат како да се понашаат како пешак/велосипедист/возач па ќе видите дека нема да има толку казнети за едно 20 години кога тие што се сега деца ќе станат возачи. Но како и за се во државава, зошто да се гледа на долг рок кога може да се соберат пари сега?

Кажувам по мене како што напомена едно пријателче кај мене на ФБ, требаше да си уплати човек часови за возење за да научи како да се однесува како пешак или како возач на велосипед. Ни пешаците не се цвеќе за мирисање, се мисли дали да пројде, стави нога, тргни нога, збори на телефон, мислам, треба да му дадеш на знаење на возачот дека планираш да поминеш улица, ако збориш на телефон и гледаш во облак, кој планираш да ти застане така...

Најлоша категорија на возачи се овие децава со грб, народот од возрасна група 40-45+ ака кооперација знам све, ја да се снајдам па за другите ми е гајле и оние што се на возраст сега од 25-30 негде и го фатија полагањето за кола со комисија од автошколата. Знам една што положи во тој период, положи од 4 пат а имаше по 200+ казнени поени сите три буткања :facepalm:
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.092
Поени од реакции
9.008
На Скопје му требаат урбани автопати, под земја а над земја зеленило, вело патеки и пешачки зони. Скапо е да, но е долгорочно решение.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.130
Поени од реакции
18.127
Ситуација во Белград, под Калемегдан, не знам дека имало некаква беља некогаш.Чудо :)

Мене едно не ми е јасно, како постојат толку паметни фаци да кренат 150-180 во градска средина со (многу) густ сообраќај?
А проблемот не е 50 и 60, туку 50 и 150.Сообраќајниот хаос е креиран од институциите задолжени за олеснување на сообраќајот.Исто како и се друго.Еве во Охрид, среде лето (по навика) ги раскопаа двете главни артерии од страната кон Битола.Смешно е 25-30 мин. да возиш од точка А до точка Б кај шо нормално би било 5-10.И сега со Туристичка раскопана исто.Лежечки на секој метар и пак исто.Само вчера видов 2 сообраќајки.

Kaj ќе се движат овде пешаци? Денеска отворена утре затворена улицата.Без најава.

kt.jpg

© ohridnews.com

Е вака е последниве 15 дена од 8 до 4.
kto.jpg

Само кај нас пред влез во кружен тек е кратена една лента, а кружниот тек во дијаметар е потесен од улицата.

.http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/287388-noviot-kruzen-tek-vo-ohrid-opasen-po-zivot-foto

А имаме и кружен тек со семафори.На магистрален пат со 4 ленти!

Па сега со новиве 400 кружни по Туристичка ко ќе тргнат и семафори тешко на пешаците.
 
Прегледај го приврзокот 130163

© ohridnews.com

Е вака е последниве 15 дена од 8 до 4.
Прегледај го приврзокот 130165

Само кај нас пред влез во кружен тек е кратена една лента, а кружниот тек во дијаметар е потесен од улицата.

.http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/287388-noviot-kruzen-tek-vo-ohrid-opasen-po-zivot-foto

А имаме и кружен тек со семафори.На магистрален пат со 4 ленти!

Па сега со новиве 400 кружни по Туристичка ко ќе тргнат и семафори тешко на пешаците.
Оти бе тешко на пешаците ? Една акција на сообараќајната во пишење на се живо и диво што непропушти пешак на пешачки и ке видиш како тоа преку ноќ ќе се среди. Ке соберите пари таа туристичка не за една лента , за три да се прошири. Буквално сами ке си ја изградите. Малце време само ќе треба и ќе видиш како ќе почнат да ви се причинуваат фосфорни елеци и шкоди на секоја раскрсница. Како рекле , стравот лозје чува.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.130
Поени од реакции
18.127
Оти бе тешко на пешаците ? Една акција на сообараќајната во пишење на се живо и диво што непропушти пешак на пешачки и ке видиш како тоа преку ноќ ќе се среди. Ке соберите пари таа туристичка не за една лента , за три да се прошири. Буквално сами ке си ја изградите. Малце време само ќе треба и ќе видиш како ќе почнат да ви се причинуваат фосфорни елеци и шкоди на секоја раскрсница. Како рекле , стравот лозје чува.
Тие ја теснат, ти викаш ќе ја проширеле :LOL: Такви акции секој викенд и најмалку еден работен ден гледаме, па не гледам некоја промена на подобро, па дали биле пешаци,возачи или велосипедисти.Ако имаш три чисти ќе застаниш, ако не казните не се промена...еве пред некој ден на таа Туристичка застанувам на пешачки мајка со бебе во количка.Јас на лева застанувам, типот од десно за сантиметри не ги удри.Истото и за пешаците, застанал на пешачки де напред де назад со ногата ко мачка пред вода.
За казните, почнувам од мене (и никој не сме безгрешни), ситни прекршоци постојано имаме - каиш, свеетла, мобилен (многу лоша навика, а ја применувам), паркирање на невозможни места поради недоволно паркинзи итн.Мислиш дека ќе ме сменат казните?Принудени сме за некои работи, посебно ова болдираново.Или за пешачките.На место каде сите преминуваа улица во одредена точка на необележан пешачки, нацртаа.Ама 10 метри погоре (Петрески).Имаше реакција од локалните жители.Нацртаа уште еден, 10 метра подолу (Бакрачески).Луѓето и ден денес вршат преминување на средина меѓу двата пешачки.Примери колку сакаш.

И колку години се веќе на сила овие драконски казни, па бројот на жртви е во нагорна линија.

Kaко ќе подобрат сообраќај ако на централна раскрсница со најголемо движење место семафори пациентите замислиле кружен тек?
Како ќе ја подобрат безбедноста на пешаците со ваква промена?Или систематски е замислено само за казни, а без реални подобрувања.Али стравот лозјето го чува.Ха.Ха.
Да не зборувам за 50-100 метри такси стојалишта кои ги скратија и од самиот излез на планираниот кружен влегуваш во автобуска постојка за сите линии.Врв.
Паркираш пред Охридска Банка, ваѓаш пари на банкомат,а тие ќе ти кренат кола.Битно стравот лозјето го чува.
Ама не е проблем, голтала све 25 години оваа космодиск нација.
Прво нека створат нормални услови за нешто - во примеров, нормални патишта, доволно паркинзи, асални кружни и не на секој ќош(и едукација уште од основно - предмет сообраќај), па дури после да бараме казни ако и тогаш постојат прекршоци.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.790
Поени од реакции
15.695
едно прашање, во Охрид се почитуваат ли еднонасочните улици во Горна Влашка маала ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom