Не само тоа, си ја напушта и државава кога сака. Ако не се лажам на лице сред активен судски процес му се одзема пасошот, не знам стручно како иде. Сите знаеме дека се работи за познат рекетар на гореспоменатите. А кој го усмрти девојчето на пешачки, никогаш нема ни да дознаеме зошто преочигледно е дека е или некој познат следбеник на системов или дете негово. Затоа пишав дека тие што имаат грб пак ќе возат Рели Дакар низ улициве и обиколницата, ние останатите ај 50, ај 60, може ќе платиме некое евро од време на време ама не верувам и со закон и без закон за 50 km/h да има некој до толку неотесан да вози 100+ на Партизанска.
И вчера и денес баш на Партизанска можеше да се забележи дека полека почнуваат со 50 да возат. Наредени полицајци по цела сообраќајница и само запирај автомобили и тормози народ без врска. Еве како одеше една моја конверзација со сељандура сообраќаец пред два месеца.
- Девојче документи (не се ни претстави ниту се идентификува). После ми вика фарот не ти работи излези, а не дека не работеше главниот фар туку една од сијаличките, не се разбирам баш како да објаснам, ќе сфатите
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
- Работеше кога излегов од паркинг, од Велес се враќам, сигурно прегорело, немам приметено
- Шофер си ти мора на секое да пазиш дали прегорело!
- Извинете господине, но на секоја бензинска да застанувам да гледам дали се е ок?
- Да! Безбедноста е најважна!
- Океј господине, штом е најважна ајде ќе одиме кај сервисер и ќе ја смениме сијаличката, чисто да видите дека да знаев, ќе ја променев.
- Не, ќе платиш казна 120 евра!
- Ќе ме пуштите господине со казна од 120 евра а со опасност да се замавам во нешто? Нели безбедноста е најважна?
- НА КОГО БЕ ТИ ГОСПОДИНЕ????????? (
![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
)
На крај не ми ја пиша казната ама ми утепа добри 45 минути до саат време за глупости. Е ова е отприлика сумирање колку им е до безбедноста на граѓаните. Чисто за информација во некои земји ако полицаец види дека ти се расипал штоп или фар те носи да ги замените и сметката ја плаќаш покасно, некаде може и до 4-5 месеци. Затоа пишав еднаш и во групана на ФБ, нека ни дадат сметка на која ќе уплаќаме месечно по 20-30 евра барем да не не замараат со секакви глупости и да те запираат за дали си имал кал на гумите или си имал гребнатинка на шофершајбната додека се множат смртните случаи поради некои што не подлежат на закон.