мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.378
- Поени од реакции
- 24.088
Јас немам добиено таков впечаток дека има малце џандари, а и нема потреба. Ако тргниме по твое ке треба во секое возило по еден да седни на совозачкото седиште . Инаку незнам што се стори со сите тие примени полицајци, ама сигурно има разлика од обичен редар до сообраќаец.да, најчесто воопшто нема. Каде отидоа сите примени полицајци не знам. Општински и градски "редари" воопшто нема, позорникари нема...
постои превентива, опомена и казна. Но претходно треба предуслови што ги пишав претходно (сигнализација, тротоари, улици...сообраќајна инфраструктура), а кои зависат од институциите, не од граѓаните.
не си ја сфатил, или не си сакал да сфатиш, небитно. Пак да повторам, размисли зашто наш сограѓанин со "ниска сообраќајна култура" во тие држави се однесува многу поинаку, согласно правилата. Човекот не се раѓа со култура, таа не му е вродена, па ни со сообраќајна култура. Се стекнува повторно за жал директно или индиректно преку институциите.
за кого како, човекот што уби девојка на Партизанска, човекот што уби старец со точак исто на партизанска и ред слични, на пешачки.
Види инфраструктурата е таква каква што е. Не гледам никакво оправдување ако некој кој има на 20 метри пешачки премин да не премини преку него само затоа што овде му било позгодно. За тротоарите сигурно не си бил во некој град во државата кој не го срамнил земјотрес во последните 50години. Тоа ни е поклон од Турците. Пола град нема ни место за тротоари пошто од улицата почнува куќата или дворот. И сега што ајде да го рушиме пола град оти немало тротоари. Па ете и јас се чудам како сме уште живи без тротоари. Или вие скопјани сте посебни шофери, ви требаат посебни услови да не речам како на деца со посебни потреби.
А за таму горе незнам зошто, можам да претпоставам. А мојата претпоставка е дека како што реков и претходно стравот лозје чува. По таа аналогија ако не им биле казните какви што им се сигурно и тие ке правеле што и како сакаат, пошто заклучивме дека човек не се раѓа со култура туку таа се стекнува. А како ја стекнале е тоа незнам , најверојатно по џебот.
П.с не прочитав што мислиш за мојот предлог за закон во сообраќајот.