Тука пишуваме на зададена тема

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Застани Малечко! Ете така, ја гледаш таа девојка со големите очи која те гледа така зачудено? Да, месечината, ја гледаш? Погледни ја убаво. Го виде тоа? Е тоа беше Малечко мое, за тебе беше таа насмевка!
Јас сум тоа човечето за кое тој старецот ти збореше, сега слушај ме внимателно!
Немој да погледнеш ниту лево, ниту десно. Продолжи Малечко мое, продолжи.
Не го симнувај погледот од Неа, погледни ја во очи! Ги препознаваш нели? Познати ти се знам. Продолжи.
Го забележа тоа трепкање? Малечко ја гледаш солзата? Погледот? Погледни ја! Ајде! Продолжи.
Го почувствува тој допир?
Ја гледаш суканицата која полека паѓа врз нејзиното лице, кое е облиено со екстаза? Премногу екстаза, зар не? Предизвикува солзи кај неа.
Те гребе суканицата?
Ги почувтсвува тие усни? Продолжи.
Ги чувствуваш морниците нели?
Сега погледни во огледалото Малечко. Ја виде? Ја слушна? Ја почувствува?
Ова не е набрзинско флешинг во иднината Малечко! Продолжи.
Го чувствуваш?
Тоа е, тоа е Малечко.
Зачувај ја екстазата.
Продолжи да талкаш.
Продолжи да бидеш злобна.
Продолжи!​
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Eден тенок слој кожа, под неа капилари со жаросана боја, што опфаќаат месесто пулсирачко тело.
Еден тенок слој заштитна аура, под неа најхрабрите фиданки на вжештеното јадро.
Важно ли е кој е поголем отров?
Или поважно е каде отиде дупката низ која треба да истече нечистотијата?
Времето бавно растеше на црешовите гранки.
И една рака го презгази, го претвори во бесконечна минута беснило, заглавено меѓу минатото и иднината, своите две временски гради.
Но зар розите умираат кога ќе ги допре мразот? Мразот е само друга форма на свежината на водата, творецот на животни здивови во жилите.
Така и таа не умира од неговата сурова љубов, бидејќи кога се топи и истекува кон нејзините корени, се враќа во својот вистински облик на најчиста есенција која секојпат се полесно маѓепсува.
Една минута одмор, да се скрие зад стрелките и набрзина да го издивне тешкиот товар.
И ќе продолжи.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.841
Поени од реакции
11.492
...и пак се се случи толку спонтано и Набрзина...
не се влечеше туку Набрзина се упати накај првата говорница,
му текна на бројот, но СТОП, не таму, должен е ко грчка..
Набрзина низ мозокот му проструија други идеи, а броеви?
Loading.....initializing.....
Хм, сијаличката светна!
Набрзина се јави....се договори...и тоа се набрзина!
Со итање стигна на местото, ма какви луѓе, метеж, џандари, што и да е..
Набрзина се сврши "дил-от"....
Уф, млака еуфорија се осеќаше на неговото лице, што значи внатре адреналинот беше спремен да излезе сам како знае и умее...
Набрзина му текна на едно подзаборавено место, од деновите кога Набрзина пафкале со другарчињата џоинт, кои сега се топат во фотељите подарок од нивните татковци, а тој самиот, демек го пука бед како е останат тотално сам на себе и е подолу и од најшугавото створење - кое и да е, ако постои!
Брутал!
Ама пак Набрзина го заборава сето тоа, бидејќи веќе во тие моменти на тотално трипање и губење, тој веќе си го подготвил рецептот....ах филм!
Еве го, се приближува...згодна латинка која се спрема да ти ги исполни сите желби и се друго незамисливо, па вистински рај каде се е розово и бело и тече млеко, сето злато на светот, линии бело? Fuck it! Набрзина се разнесува во првата здрава вена, знам од неколкуте останати таа му е омилена :pos: Па па па рафали, огномети за 1ви април, вулкански ерупции и контакт со НЛО преку танц на верверички во темна мрачна шума каде единственото светло е некоја си далечна ѕвезда, која без ронка срам, се труди колку може да свети подалеку од тука, да го прикрие сиот хорор!!!
Набрзина паѓа во овер, ама па има среќа копилето што Набрзина го наоѓаат и пак истата приказна од ново, еднаш може ќе те заинтригира, или заинтересира или како и да е, но нема втор пат...
И се така Набрзина, додека не дојде и самата таа, лично и персонално...Набрзина, а сеа кој е фраер а?!
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
омгнемисеверувадекагопишамтексотнаскороќејалегнамцуравабрзинабрзинаскороскороскороомгсегамизвонинателефоннабрзина!
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Набрзина

"Мил мој, се обидував да ти покажам што се` можам да сторам за тебе, не забележувајќи дека го одбирам погрешниот начин. Сега го проколнувам моментот кога започнав. Од тогаш се навлеков на истите работи, секојдневно, без престан. Не бев доволно способна да ја притиснам сопствената кочница, да согледам дека црвената линија веќе одамна е помината, заедно со времето кое го имав за нешто да поправам.
Секој нареден пат се преколнував себеси, помислував дека не ми вреди животот кој ми е дарен, кога сум способна да ти нанесувам зло, толку ненадејно, непосакувано, толку проклето болно.
А ти, мил, се гушеше во своите солзи, за мене. Разочарувањето беше и повеќе од видливо. Не бев веќе твојата принцеза. Љубовта ме промени, ми го зема разумот. Не можев да помислам на последиците.
Единствената причина која ме одржуваше силна беше фактот дека те љубев. Те љубев силно, како никогаш во животот. Се разгоруваше моето тело секогаш кога ќе го почувствував твојот допир на голата кожа. Тогаш заборавав на се` и ти се препуштав на тебе, дозволував да ми покажеш како се лебди од среќа, од возбуда, за кога ќе престанеше повторно да се вратев на дното, сама, во темнината.
Останавме заборавени во малата соба на свилената постела со црвена пригушена светлост.
Чувствата останаа заборавени, избледени во долгите разговори изнесувајќи оправдувања зошто така постапив. НИЕ се изгубивме во лавиринтот наречен случјаност или судбина можеби. Сега постојам ЈАС која барам утеха во било која сфера од животот, обидувајќи се да ја пополнам празнината. И ТИ да се обидеш да продолжиш напред, не потсетувајќи се дека не по своја волја ја изгуби светлината во животот. Обиди се, мило мое, животот е пред тебе, а раната ќе зарасне, со времето и целосно ќе ја снема, како никогаш и да не постоела. Ти посакувам љубов, силна, вистинска. Најди ја онаа која ќе знае да ја цени и нема да дозволи да ја изгуби.

Секогаш ќе те сака
Твојата Принцеза"

Го остави писмото на креветот, со раката ги избриша солзите,ги зема куферите и набрзина ја напушти просторијата.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Набрзина

Алармот звони, отрчуваш до купатилото и шлапајќи се по лицето со вода во тебе вреска гласчето: "Три, два, еден!" Почна и денешната трка. Со себе, со времето, со животот. И така секој божји ден.
Начин на живот што се провлекува од моментот миење заби до темпираниот секс без предигра. Потоа во површното лапање зборови при читање книга, додека истовремено голташ фест фуд, па оној 'набрзинка' кафе-муабет со одамна невидениот пријател и кратката прошетка со своето малечко со изговорот дека е 'доцна'.

Во се' тоа се состои капиталистичкото човекојадење иако можеби сме во заблуда дека почнува и завршува според работното време. Живот со кратенки, рокови и дневни распореди, живот без сосредоченост и подлабоко навлегување во своите интереси, вечно пропратен со ограничувачкиот изговор дека 'немаш време'.

И толку читател(к)е. Фала што набрзина го проголта и мојов текст и... нека остане ваков - како немо констатирање, зошто проповедањето е напразно без човек да го стави прстот на чело.

Where are we runnin'
We need some time to clear our heads
Where are we runnin'
Keep on working 'til we're dead...
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29

Ај да пробам малце на поезија...

Набрзина

Брзо, брзо, набрзина,
брзоплето младост-лудост,
младо срце смело ита,
шара, бара, љубов скрита.

Оро брзо танец вее,
а во_него, таа не е,
дал’ на празник дома седи,
ил’ пак негде с’друг се срети?

Врие крвта млада в’жили,
в’нозе, в’раце - в’се’ се сили,
бесот ѕверски да го скрие,
на брзина в’оро да го свие!

Брзо, брзо, в’оро таа влезе,
младеж сета, в’немир диво летна,
поглед стрелка црвен образ,
насмев жежок в’потта сура,
бие срце насред танец,
громој грмат, стерна ечи,
в’мојто срце набрзина!


се ослонив на нашиот народен стих и израз за да ја искажам својата моментална инспирација од дадениот наслов...

(п.с. онаму каде што има долна црта, тоа е акцентската целост)


 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Набрзина! Тргни ја целата шминка од твоето лице за да видам што се крие под неа!
Набрзина! Отвори ги очите да видам каков бил твојот живот!
Набрзина! Засакај се што е мое и направи да се почуствуваш убаво!
Набрзина! Истреси ме од својот живот како прав од твоето палто!
Набрзина! Замини засекогаш!
Набрзина! Како и сите други на кои сум им направил место тука до мене , на првото седиште!
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Газови паѓаат.
Газови паѓаат.
Оп. Оф. Оп. Дожд од газови над вашиот стол.
Поместете ги најблискиот меридијан и напоредник и поднаместете се добро. Брзо, брз, брззззззззз....Не би сакале, не, не, во никој случај, вашата цената глава да заврши во расцепот на нечиј газ. Или земете го чадорот од баба, со национална шара и држете го цврсто!
Газови паѓаат. (|)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.123
Поени од реакции
25.580
Недела и нико није ту. Во позадина оди некој микс од Frank Zappa, Captain Beefheart, The Doors, Pink Floyd, Diamanda Galas, Philip Glass, Ella Fitzgerald, Armstrong, Ellington, Jefferson Airplane. Еден ден на безвременост, што само го потврдува парадоксот бидејќи и еден ден е временска величина. Утре е понеделник си го фаќаш тилот го бараш копчето, па ги замолуваш другарчињата Нико и Кофе да ти помогнат па кога ќе го најдеш притискаш On. И како што на компјутерот ти дава дисплеј Welcome to Windows XP Professional, синапсите ти креираат друг дисплеј што вика Welcome my son, welcome to the machine што се разбира е пропратено со прикладна композиција.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Го запозна покрај скалите на хотелот во кој престојуваа. Тој брзаше внатре ,мобилниот нервозно му ѕвонеше а пак таа се обиде да поткрадне моменти од квечерината.

-И ти си во групата за семинарот?
-Да да.
-Мило ми е. Се гледаме внатре за 10 минути.
-Аха...

Се сопна на скалите. Наместо да побрза на состанокот,тој се сврте кон неа,се насмевна поради комичната ситуација,ја поднамести кошулата и зачекори кон влезот.
Беше трапав и неверојатно неорганизиран и нервозен,но совршено го прикриваше тоа со неговиот шарм. Весело,насмеано детинесто лице на кое се чинеше дека се` му оди добро во животот. Ненамерно се издвои од сите како поискусен и попаметен,што е реткост за неговата возраст,бидејќи негови врсници би размисувале што ќе облечат вечерва за во ноќен клуб и кои финти ќе ги користат на ''рибите'',но би лажел кога би рекол дека не му годи тоа.Ги знаете оние луѓе кои доволно е само да се појават и сте спремни се да му сервирате во еден послужавник и да му понудите пријателство. Сите сакаа да му бидат пријател. А девојките го сакаа само за себе.
Таа пак беше организирана мирна девојка која по малку се чинеше дека живее во некој свој свет полн со криви линии и згаснати бои. Беше авантурист,слободоумец со идеали и идеи на кои сеуште не им дошло времето,или можеби се плашеше дека нема да биде сфатена. Беше привлечна на некој посебен начин но не внимаваше на тоа и не го користеше во свои цели. Умееше да дофрли нешто паметно ,како аматер на платно. Некој во тоа би видел отплисок акварел, а некој сонце. Толку едноставно. Корисно ако некој би фаќал прибелешки од страна.
Се зближија и набрзо сфатија дека имаат доста заеднички работи. Не им требаше многу време да сфатат дека се исти. Користеа исти изрази,уфрлуваа по некој странски збор во реченица,дури и ножот и вилушката ги држеа спротивно од вообичениот бон-тон ред.
Семинарот помина брзо,како едно затворање и отворање на клепките. Во еден миг е сојузничката Ноќ,а во друг предавничката Утро.

-Ќе ти пишам,го имам твојот мејл. Се надевам дека пак ќе се видиме- рече тој.
-Секако,не се сомневај во тоа. Среќен пат и се слушаме. А се надевам и наскоро ќе се видиме.

Прегратка за збогум. Свиреж од автомобилот со кој требаше да си оди.

-Подобро да побрзам оти некој ќе доживее нервен слом :)- низ смеа возврати.

Поминаа месеци,безброј писма и разговори и неколку средби,повторно набрзина и со многу несредени впечатоци. Блискоста меѓу нив растеше и растеше се додека не сфатија дека посеале семиња на неплодно тло.Ѕиркањата во животот на едниот и на другиот не беа нималку пријатни. Се се одвиваше долго и болно на некои совладливи далечини кои ги делеа. Не ги прифаќаа другите ликови во животот на едниот и другиот.Патиштата постојано им правеа сопки. Веќе ни едниот ни другиот не сакаа да знаат што им се случува таму,дома,па се фокусираа на слатките спомени и на нивно продлабочување.И се се случуваше таму,меѓу милосливите жици и чиповите во мозокот програмирани на тие денови.
Што беше најголема грешка.
...Ритуално проверување на мејл. Во тој момент беше уклучен и тој и веднаш и пиша.

-Будалче,погоди што?
-Што.

-Одам да учам во странство. Ми ја одобрија апликацијата и за седум дена тргам.

-Седум дена? И сега ти текна да ми кажеш?

-Немав време бев во Белград,па претходно во Америка,знаеш и сама веќе.А и ти ми исчезна ,секогаш кога ќе те побарам тебе те нема. Еј ај сврати да се видиме накратко колку да не ти го заборавам ликот. И да ти го дадам тоа што ти го купив.

-Па...во ред. Ајде,доаѓам в сабота. Спреми се :)

Стаса рано наутро во неговиот град.Му ја носеше книгата која одамна му ја беше ветила.

-Ех не можеше во 8 да дојдеш. Рано си дошла..

Таа пристигна во 11 и 10. Навика и беше да прави се наутро до 12.После едноставно немаше ентузијазам од проклетото жешко.

-Па да имаме повеќе време да се видиме бре будало.

-Еех имаме цел ден пред нас,плус и утре си тука така,нема место за паника.

-Е да. Добро,за другпат ќе знам.

Беа толку блиску а се однесуваа како странци. Не проговараа. Магијата исчезна. И да се обидеш да ја повратиш е залудно. Спаднаа на коментари на серии.
Неочекувано го праша:

-Што ќе стане со Андријана и вашата врска ? Како го поднесува фактот што ти ќе бидеш отсутен повеќе време и веројатно ќе си доаѓаш дома 2-3 пати во годината.

-Па...ќе видиме. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
-Мхм. Прашувам бидејќи ако некој е против врските на далечина тоа си ти се сеќаваш?

-Да да. И сеуште сум.

-И дека нема да се жртвуваш себе си и некој друг за некоја налик глупа тин љубов. Саботажните моменти што ти...

-...ајде да јадеме.

Си префрлуваа за животите надвор од нив двајца,но тоа го правеа на таков симпатичен начин што некој од страна би рекол дека се забавуваат.Продолжија да го прават она во кое се најдобри. Филуваќи туѓи животи освен нивните.
Мобилниот заѕвони. Овојпат беше нејзиниот. Нервозен глас се јави од другата страна барајќи со следниот превоз веднаш да си дојде дома. Место за преговори немаше. Не излезе како што таа очекуваше да биде и збогувањето се забрза.
Набрзина се спреми и набрзина замина на автобуската станица. Автобусот веќе беше пристигнат и подготвен да замине. Низ солзи си рекоа дека нема да се заборават и дека секој ден ќе си пишуваат.

-Ееј будалче,за нас е исто. Било тука било таму,ќе се читаме секој ден.Ти си ми најблиска,ти си јас,и нема да можам да си го замислам секојдневието без тебе.

-Да,да...-а во себе беше гневна и бесна што таквата улога и ја дадоа уште од почеток без шанса да отиде на аудиција за главната улога. -Само..не ме заборавај...и одвреме-навреме пиши. И кога ќе си дојдеш веднаш да дојдеш кај мене.

Прегратките наликуваа на стеги. Неволно се разделија и таа се качи во автобусот.Емоциите не можеа да се спорат.
Планираното не излегува така како што првично е замислено. Ниту пак животот што тие го замислуваа,ниту моментите кои ги делеа заедно и остатокот од нив кој би ги направил тие моменти да траат подолго. Пак,останаа многу работи недокажани,но како и секогаш-сите брзаа некаде.
И во моментот додека се пишуваше приказнава мобилниот заѕвони.
-Стаса ли,добро си,се е во ред?
-Да стасав пред некој час во ред е се не се грижи.
-Се се одви така брзо...
-Ај ќе има другпат.
-Ќе има.
-Чао.
-Чао.




*Ти ја посакувам целата среќа на светот. Кога веќе јас не сум во тоа цело. Но сепак делче од аголот од цело ќе ти фали,а јас себично ќе го чувам за идните скапи секунди.Го најдов својот спокој и лукзузот вишок на време,овде до мене,како што ти го најде,го сакам, и не го пуштам да ми побегне. Знам дека овде негде е крајот на оваа џебна книгичка што ја пишувавме,но еј,велиш да бидам оптимист па...ајде. Набрзо се гледаме. Исти ликови. Но различно сценарио. За доброто на она што набрзина се случи. Едно цврсто безусловно и незаборавно пријателство.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Пак набрзина. Се набрзина.
Пак почнувам од опашката, кај мене се почнува од крајот.
Го листам списанието од назад, на книгите им ги читам завршните реченици прво.. те гледам тебе кај што заминуваш во утринските магли и сонливо се враќам в кревет со истиот заклучок: - Твојот живот е негде далеку од овде.
Набрзина доаѓаш, набрзина си одиш.
Секогаш ти ме оставаш зад себе.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Дур не се прибрал Викторгг од Тибет, да не седиме џабе - ќе ви дадам една тема јас, другарска.
Новата тема е: "Кусур"
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Пред некоја ноќ си вети на себе си. Но ветувањата лесно се кршат , најчесто кога си ги даваме на самите себе си. Па зарем е толку чудесно да се верува дека тој тоа го можеше. Колкава е силата посилна од даден збор на самиот себе.
Не му одеше најдобро. Да , тоа е вистина тој беше заробен. Требаше само да истрае додека му е најтешко. Но , да во тие мигови тоа изгледа толку тешко и безнадежно. Во тие мигови сите кон себе сме безмилосни и луди. Знаеш , луди како кога сме очајнички вљубени.
И баш тогаш човекот може толку да се изгуби и да заборави на се и сите. Кога животот е спремен да ја земе првата рата од целата сума , е тоа се случува тогаш. Човекот дава се и заборава да го земе кусурот што му следува. Најчесто тој во тие моменти му изгледа небитен.
Кога џебовите се празни , а под очите има само црнила , а во душата тага и немир тогаш се што ти останува е само кусурот и фиока полна со спомени. Ако тоа го прокоцкаш , тогаш тоа не е ништо друго освен доказ дека понатаму не треба да живееш.
 
S

Sith_Lord

Гостин
Надвор истураше како од некоја голема, 'рѓосана кофа облагородена со гневот божји.

Урлаа демоните на бурата среде вертикалното море кое брзо, ужасно брзо го прекриваше тлото со својата снага.

Дрвјата како дервиши во некој чуден транс се нишаа, и чинам- вртеа на високиот, развлечен врисок на ветрот.

Една огромна, заслепувачки светла молња го расцепи небото и му даде тело на Посејдон.

А потоа...

Бев сам тоа утро кога се разбудив. Собата ме пречека со сино-самрачни мотиви насликани од сенки и полусоништа. Од прозорецот провејуваше остар северен бран со мирис на борови и шумско тло.

Ги отворив очите со извесна леснотија, за сликата која ја здогледав повторно, сосема нагло да ме врати во пределите на сонот, кои сега беа пресликани врз позната претстава, коренито менувајќи и' ја суштината.
Се наоѓав во меѓупростор помеѓу будењето и сонот, грчевито држејќи се за топлата рамнодушност на бессознанието, а нападнат од суптилна секвенца на претчуства која наговестуваше дека наскоро ќе морам повторно да се соочам со големата празнотија која лебдеше помеѓу два сона.

Успеав да не се разбудам.
Се' околу мене беше исто, но некако полесно. Ќе се заколнев тогаш и таму дека ако посакав, ќе го кренев креветот, заедно со себеси во него. Очигледно ова пространство дозволуваше парадокси, бидејќи ништо во врска со таа помисла не ми го предизвика чувството на непријатност, понекогаш дури и паника, кое го добивам кога нештата околу мене решително се држат до тоа да бидат нелогични.

По неколку века на збунето подмижување пред замаглената соба која беше нешто друго, ја забележав неа како седи на телевизорот и така, поднаведната се обидува да го гушне.

Што правиш? - ја прашав.

Го гушкам телевизорот. - ми одговори таа со брза насмевка.

Очигледно, бев во право. Но зошто? Зошто е битен телевизорот?

Ја прашав.

Таа рече- Го гушкам телевизорот зашо е пун со љубов. Види го каков е, цакан, со копчиња и насмеани луѓе и маргарински семејства, со кученца што никогаш не му го јадат лицето на стопанот.
Не можам без него, зашо инаку е тивко и ладно, и од надвор се слуша како дува ветрот навечер. А тоа ме плаши.

Се замислив, на момент или подолго, а потоа ја прашав-

А што со се' што сакав да ти покажам таму надвор?

Задржи го кусурот- рече таа.

Sith
 

Kajgana Shop

На врв Bottom