Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Ничија земја
Големиот црвен автобус застана на станицата и луѓето во него почнуваа да се симнуваат и да се растовараат.Меѓу нив беше и една 30 годишна жена,со костенлива коса и темни очила за сонце.
Се и изгледаше толку магливо познато,речиси исто како и пред 20 години.Изгледаше како времето да застанало.Како едноставно да се наоѓа во дупка каде што времето стои во место.
Ги тргна темните наочари и нејзините сини очи блеснаа.Во нив имаше многу болка и тага,помешано со среќа и неверување дека е таму.
Беше навистина многу збунета,не беше свесна.Погледна кон влезот на автобуската и здогледа еден млад висок човек.Се насмевна и почна да трча накај него.Му скокна во прегратка и така можеби стоеа 5 минути.Осети како солзи од неговото лице паѓаат на нејзината коса.
- Не ми се верува дека си тука.Мојата постара дада.Конечно си дојде. - рече младичот
Девојката се уште не кажа ништо.Само длабоко воздивна и се насмевна.По кратка пауза рече:
- Е,сакал верувал,сакал не,сепак тука сум.
-Ајде,ајде,да ја земеме твојата торба и да одиме дома да се одмориш,сигурно си многу уморна.
Девојката се насмевна и климна со главата.
Се возеа во колата,двајцата молчеа,таа само гледаше низ прозорот.Иако брат и сестра,сепак како странци седеа еден покрај друг.
- Гледам не се промениле многу работи... - по подолга пауза кажа жената.
- Не...има само огромно сивило и болни спомени.
Нејзините очи се насолзија.Таа војна ништо добро не донесе.Само болка.20 години беше приморана да биде далеку од својот брат кој тогаш имаше само 6 години и од својот татко,кој не смееше да ја напушти земјата.Мораше да се бори во армијата,а таа и нејзината мајка беа приморани да избегаат.Тоа беше болно за сите.Толку млади животи згаснаа,толку фамилии беа во црно завиени.20 години подоцна,околината е сеуште сива,се уште има последици...се уште патат луѓето.
Кога дозна дека брат и татко и се живи и здрави,немаше крај на нејзината среќа.Знаеше дека мора да оди да ги види,да ги гушне.Жал и беше што нејзината мајка не можеше да го доживее и види сето тоа.Таа почина од инфаркт 5 години претходно.Нејзиното кревко срце не можеше да го поднесе целиот тој стрес и попушти.
Стигнаа до нивниот имот.
Излезе од автомобилот и зема длабоко воздух и ги рашири рацете.Сакаше да го почувствува воздухот,сакаше тој да ја допре секоја нејзина пора.
Не и се веруваше.И се враќаа слики кога како мало девојче,трчаше безгрижно низ ливадата,за потоа да и се вратат грдите слики на сивило и војници кои ја ставија нејзе и мајка и во возот.
-Ајде сестро,тато не' чека.
Почна да трепери.Срцето возбудено и чукаше,а дланките и се препотуваа.
Полека се качуваше по скалилата кои водеа до влезната врата.
Кога влезе внатре,ја обзема чувство на тага и сивило.Истото чувство кое го имаше кога се симна од автобусот.
Телевизорот беше запален,а на фотељата седеше постар човек,кој немо гледаше некоја емисија.
- Татко... - затрепери нејзиниот глас.
Човекот ја стисна неговата рака.Полека стана од фотељата во која седеше.
Се заврте кон неговата ќерка.Се гледаа без да трепнат,без да испуштат било каков звук.
Тој ја гледаше неговата ќерка,виде колку поранала,се трансформирала во вистинска жена.
Таа го гледаше својот татко,кој беше многу ослабен,се гледа дека остарел пребрзо,дека стресот го направил своето.
Таа му се приближи и ја стегна неговата рака и почна да плаче.Татко и беше видно потресен,но тој ги задржуваше своите солзи,а истото го правеше и неговиот син,нејзиниот брат.
- Машала,колку си пораснала.Не би те познал.
- Па и ти се имаш променето.- се насмевна таа.
Седнаа во трпезаријата и и дадоа нешто да јаде.Откако се најаде,и покрај уморот кој ја совладуваше,цела вечер разговараа за нивните животи,за ангедоти,разгледуваа семејни албуми и плачеа.Сите тројца.
Наредното утро,таа стана и реши да прошета.Се шеташе во ливадата во која трчаше и играше,каде играше криенка.
Тоа парче земја не го поседува никој.И по 20 години војна,тоа парче земја остана недопрено и чисто.Нерасипано и неуништено од човекова рака и злоба.
Низ територијата на целата земја,таа осеќаше напнатост,сивило и тага,освен на таа ливада.
Таа се наоѓаше онаму каде што завршуваше заробеноста и болката,а каде што почнуваше слободата и среќата.
Клекна на колена и ја бакна земјата,таа ничија земја.