Тука пишуваме на зададена тема

С

Сатори

Гостин
Замислете си кутија, а во кутијата кусур.

Нишките на магичноста кога го запознав Славински сеуште се плетеа во мојата глава.Сеуште не ги познавав ниту основните принципи на животот што сакав да го живеам, само лутав низ себеси, како секогаш.
Наоѓав малечки бодежи и со нив си правев лузни за да видам колку силно ќе крварам.Интересно беше, забавно.
Тоа го прават исклучиво луѓе со шизофренична подлога.
Упс!

И тогаш, од никаде или од некаде, со зелени очи или со темно кафени, воопшто нема да ви направи разлика на симпатичност во приказнава за кусурот, се појави он.
Застана пред мене и мојата близначка и го нападна величеството на луцидноста која што со тек на време и пракса се постигнува.
Ха!
Некој се обидува да ми го сруши замокот кој што си го сакам повеќе од себе, затоа што е јас.Како смее?
Копиле.

Не го сакав Славински на почеток, и сум искрена кога велам, одбивен ми беше и тоа само затоа што требаше да ја компарирам целата книга полна со магии со неговата и постоеше, дури и најмала можност (која патем, во случајот, не беше најмала) неговата да е подобра.
Океј.
Тоа не е убав момент за доживување, ако кога лице бр. 10 ќе ти рече, оди и научи нешто корисно, тогаш го слушаш лице бр.10.

Еден ден, јас и Славински заминавме заедно на кафе, благо.
Не дека се деси нешто посебно, па требаше да го спомнам тоа и да го потенцирам како битен детал, ми остави кутија, во кутијата имаше кусур.

Ете, приказна за враќањето ... на корените и кусурот, се разбира.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кусур

Кусурот од 5 денари кој го добивав откога ќе купев цигари никогаш не ми бил важен.Секогаш велев - Еј 5 денари,што ќе ми се,само ми тропаат во ташната.На кусурот од 10 денари исто не гледав како нешто битно,не ми беше ни важно дали ќе ми вратат кусур.
Не ми беше важен,зашто имам.Не ми беше важен,бидејќи имам доволно пари за пристоен живот,па тие 5 или 10 денари не ми правеа никаква разлика во мојот живот.Ги сметав како вишок.
Но,во една студена јануарска ноќ,додека го чекав моето друштво сведочев на една глетка која ми го измени погледот на светот и погледот кон кусурот.
Една мајка со мало девојче,бездомници,седеа на ладниот цемент,на еден картон и се тресеа од студ.Мајката имаше сини,тажни очи и избрчкана кожа.Беа прегрнати и девојчето и се обрати на мајка и:Мамо гладна сум.Не сум јадена цел ден.
Мајката тажно ја погледна и и' рече: Злато мое,чекај да видиме колку пари имаме,ќе купиме еден леб.
Ја стави раката во џеб и ги извади ситните пари и почна да ги брои.Одеднаш очите на жената се насолзија и силно воздивна.
-Мило мое,имаме само 7 денари,ни недостасуваат пари,денеска не заработивме ништо,празен и пуст е градот.
Девојчето ја гушна мајка си и не рече нешто.
Тогаш сфатив,тогаш ми стана јасно...тие 5,10 денари мене можеби не ми значат ништо,но на некому може да му помогнат да си купи леб,да се нахрани и најаде.
Тие 5 -10 денари кои ги фрлам во ташната,кои немаат вредност за мене,за некого можат да бидат цело богатство.
Јас имам покрив над главата,имам јадење и пиење,имам облека за носење и повеќе од што треба,а некој нема ни десетинка од тоа што го имам јас.
Можеби не можам да го променам светот,можеби не можам да направам на другите да им биде поубаво,но кусурот кој го потценував и кој ме нервираше зашто ми тропа во ташната,можам да го дадам на некој кој ќе го цени,некој кој ќе си купи храна и кој нема да шета со празен стомак во ладните јануарски ноќи.
Ги извадив ситните монети и “безвредниот“ кусур и се доближив кон мајката и девојчето и ги подадов парите кон мајката.Сините очи на мајката блеснаа,уморно се насмевна и ми се заблагодари.Беше благодарна и среќна,како да и подарил некој милион денари.
И се насмевнав и потоа отидов кон друштвото,кое во меѓувреме пристигнало.
Вечерта дома размислував колку малку луѓето го ценат она што го имаат.Колку е човекот алчен и стрвен за повеќе и секогаш се жали дека нема.А никогаш,речиси никогаш не помислува дека треба да е среќен што има покрив над главата, храна на масата и топол кревет во кој секојдневно легнува и се буди.Одиме на училиште и се нервираме, постојано кукаме дека е досадно,дека не ни се учи,а има деца кои никогаш не влегле во училиште,затоа што немаат услови.Се жалиме што родителите ни дале 200,а сме сакале 300 денари за излегување,а некои луѓе не можат да излезат,затоа што тие пари им се потребни за јадење.

Треба секогаш да го цениш она што го имаш,да бидеш задоволен со тоа што го имаш,а доколку си во можност да го дадеш кусурот на оние со вистински проблеми во животот.

Зашто кусурот колку и да е безначаен за тебе,за некого ќе биде вистински благослов.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Имам вечен проблем со Господ. Тој не ме сака мене, не го сакам ни јас него. Јас имам моќ да мочкам врз неговите величествени природни дарови речиси во секое време од денот, тој има моќ истите да ми ги сруши врз глава. Упорен сум дека не ми треба и дека можам против него, впрочем и морам така... без тоа не би бил јас, не би си ги плаќал сметките. Тој е убеден поинаку, дека морам да се потчинам и ќе оди до онаму до каде мора да оди.
Дента кога застанав покрај едно мечкино гомно, од никаде се раздува. Стојам на средината на полјанка со наведната глава а околу мене секое гранче се надоврзува на големата бука која повеќе личи на цунами бран отколку на силен ветер. Не ми треба друг знак, јасно ми е... со кусур маму ти ебам... пошто си млад и наивен и порази имаш уште многу да јадеш. Кој мисли поинаку, нека повели на полјанката да го допре гомното дали е сеуште топло.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Кусур

Еве една приказна за кусурот, размената, долгот, и секако, она чудо од кое нема бегање - љубовта.

Главен лик нека биде девојката од твојата зграда по која се вртиш, и ориентираш, која ја идеализираш...а не ја познаваш. И така еден ден, како секој друг, додека ти чекаш погоден момент за пристап - ене ја во продавничката на аголот со новиот будала - продавач на замена, кој ја ќарува со старите финти за мастиката и кусурот.

А таа... ги шири зениците и главата и` пулсира од помислата какви средби со совршени туѓинци може да понуди една мала продавничка на аголот."Кој би рекол?" Му се пожалува за петте отспиени часа и чека кусур 12 денари. Наместо тоа, тој сипува Nescafe Ice во чаша вода и и` го подава сo слатка уцена дека сега мора да остане уште 5 минути, најмалку.

Средба на прв поглед што ветува ха? Затоа заминуваш. И тоа со гадна слика во глава како се лигават пред зграда секој пат кога го шеташ кучето. Но вистината е друга, малку помало зло, не Секое утро си приморан да ги гледаш нивните изливи.Но, времето си тече, па и таквите сцени стануваат навика што не те оптоварува.

Се` додека едно блескаво утро не го исшпионираш нејзиниот пеколно гневен шепот од усните:
- Добро тогаш, губи се од мојот живот. Ти дадов дел од срцево не барајќи кусур, а ти љубовта ја сфаќаш како трговија, даваш само колку да добиеш! Глумиш за да бидеш сакан, како да не сфаќаш дека излегува дека си сакан за нешто што не си. Можеби ова не требаше воопшто да се случи, можеби оној ден...требаше да си го задржиш кусурот!
И отрча кон зградата целата растреперена.

Жално, но на краевите на усните ти легна насмевка. И сега спонатно низ главата ти прелетуваат милион оригинални идеи за пристап.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Новата тема ќе ја крстиме: Лудница

----------------------------------

Под рефлектор од неколку стотици калвини како мравки се движи толпа луѓе во круг. Немаат поим каде одат, ниту имаат поим што се и кои се. Личат сите еден на друг, како јато сардини кои ниту имаат личност ниту пак имаат желба за такво нешто.
Имам убава гарсоњеричка веднаш од спротива и со задоволство ја пратам нивната работа. Тоа е голема фамилија собрана помеѓу четири ѕида која е убедена од секој посебно дека се работи за легија на странци. Воин секој за себе, ја бие битката на свој начин со уникатно замавнување на мечот. Оној малечкиот е убеден дека навистина учествувал во освојувањето на Малта па го вежба бајонетот ко никој друг да не поседува како неговиот. Војска собрана да ја покаже својата големина бидејќи обичниот свет е само обичен селанец кој знае да работи со мотика во нива. Тие се посебните кои се одделуваат од просото. Тие ќе ја донесат големата победа и промената во светот. И можеби навистина ќе го сторат тоа... доколку надлежниот не дувне во свирчето да означи време за вечера...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Изгорен од сонцето и ветерот кој со постојано темпо и јаки виори од сув и солен воздух го надразнуваше неговото лице, го сушеше и распукуваше, понесен од агонијата поради непрекинувачката жед која го кинеше на парчиња, тотално оневозможен да комуницира со останатите тројца кои во халуцинирачки шок грабаа низ песокот со се покрупни чекори испуштајќи звуци кои ровареаи нив вака хаотичниот и веќе зовриен мозок неспособен да поврзе две чисти мисли, да создаде синтакса која ќе има логика, која можеби ќе ги убеди да престанат да се движат во погрешна насока или можеби ќе им покаже дека згрешиле еден спрема друг, дека си изнакажале доста водени од слепата доктрина за која токму и тргнаа...

Скокајќи весело низ паркот низ умот му прелета една мисла... да оди кон лулашките кои беа тазе поставени, беа нови мирисливи... мирисаа на тазе боја мирис кој опива, кој те остава без збор, се врежува во мозокот, го овековечува моментот...

Жештината бавно ги докусури... еден по еден паднаа на жешкиот песок бавно воздивнувајќи... зрнцата песок само се тркалаа понесени од здивот, се тркалаа побавно отколку што изминуваа минутите на паднатиот.... другите веќе се одалечија, врискаа во болна и исцрпувачка агонија....

Подолу на улицата тоа исто попладне на другата страна на светот две деца се скараа за тоа кој ќе го вози новиот точак кој им го купил татко им... вечната борба за повеќе почна... почна животот, заврши другиот.
 

Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50
Врнежлив ден...Чиниш небото и земјата се споиле.Таа беше сама во својот скромен дом,во своето огниште.Погледнуваше низ прозорецот со нејзините милни очи во кои што се гледаше наивноста на нејзината душа.Нејзината душа...млада недопрена,нејзиното срце нежно,топло...милозливо,срце кое што не ја познава омразата,срце во кое што царува љубовта.
Но не,не може да помине животот,а душата да не ја запознае болката,не може да помине без да ја запознае суровоста на светот.
Додека ги слушаше звуците на капките кои што се чинеше одѕвонуваат како далечно ехо,луташе длабоко во своите мисли...мислејќи на него,на тој кој што владее со нејзиното срце,нејзината најголема љубов.Го очекуваше да дојде и да ја почувствува неговата прегратка. Наеднаш тој мир беше прекинат од непријатен звук,звук на силен тап удар.Погледна низ прозорецот,забележа дека се случила несреќа.Во таа лудница од сообраќај,во тоа безредие.Необјасливо чувство ја опфаќа,чувство на голема празнина,на голема болка.Не може да се помрдне... неподвижна е...Некако со голем напор излегува надвор,забележува луѓе во паника,лудница околу неа, зашто не можат да го извлечат момчето што се наоѓа во смачканиот автомобил.Го препознава автомобилот на својот сакан...И се пресекуваат нозете,но љубовта и дава неизмерна сила за да отиде до автомобилот и да ја извлече љубовта на нејзиниот живот,смислата на нејзиното постоење.Го гушка и бакнува неговото неподвижно тело,молејќи да не ја остава сама.Но не,суровоста на животот е голема,па затоа тој заминува...заминува во свет каде што можеби ја нема алчноста,го нема безредието,ја нема омразата,едноставно ја нема лудницата во која што живееме.
Непознато чувство ја опфати нејзината душа од кога веќе не беше со неа оној кој што ја правеше целосна.Сега го сфати тоа што го имаше прочитано во митологијата дека порано кога владееле Боговите,на земјата шетале луѓе со две глави и тело,па боговите одлучиле дека треба да се раздвојат и така и се случило,со громови ги раздвоиле,па останале како едно тело кое што е во потрага по другата своја половина,по својата сродна душа...
Но нејзината половина веќе не постоеше и ја запозна омразата,омразата кон суровоста на луѓето,омразата кон бесчувствителноста,омразата кон лудницата,наречена свет во кој што живееме.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Штиклите на девојката одѕвонуваа во долгиот и празен ходник. Белите ѕидови и плочките на подот носеа со себе некоја морничавост ( тиха језа:) ) што ја натера да се стресе. После толку години се враќа тука. продолжи до крајот на ходникот и влезе во канцеларијата на директорот.
- Здраво Деница.
- Здраво директоре.
- Повторно си тука, но овој пат во друго светло.
- Да, ова место буди во мене тажни и убави моменти
- Мило ми е што реши да им помагаш на луѓето кои имаат сличен проблем на твојот
- Директоре, кога дојдов тука не бев свесна што сум, која сум и колку мојата болест влијаела на околината, а кога излегов знаев што сакам да направам со мојот живот. Неможев да прифатам дека сум л... , болна.
- Твојот случај беше посебен, кога дојде беше уплашена тинејџерка која не ја сфаќаше сериозноста на болеста, но ете денес тука те гледаме како здрава, млада жена, со завршен факултет, спремна да помогне.
- Благодарам на убавите зборови, навистина ми значи што тука ќе работам со вас. Но доста со ласкања навистина ќе се засрамам. Кога може да почнам со работа
- Пациентите веќе ве очекуваат. Дел од нив ги познаваш, ден се нови, но сигурен сум дека ќе им помогнеш на сите
- Благодарам уште еднаш. Довидување
- Довидување Деница
Девојката излезе од канцеларијата на директорот, шеташе по ходниците и излезе низ надворешната врата со решетки. Застана пред зградата и се заврте кон неа. „Душевна болница“. Се насмеа. Душевна болница. Колку нежно име за една лудница
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Лудница

Две совршени души се најдоа и се засакаа. Таа прекрасна девојка со крупни маслинести очи, тој висок, крупен малдич по кого лудуваа сите девојки во градот.
Се држеа за рака, се љубеа, мислеа дека се на врвот од светот.
Се беше толку едноставно, толку чисто, толку искрено. А живееја во едно мало гратче во кое сите си беа познаници и сите тврдеа дека таква љубов во тој град никогаш немало.
Секоја вечер тој ја испраќаше до дома, се грижеше за нејзината безбедност, а таа толку се чувствуваше сигурна во негово присуство.
Една вечер беше кај него дома, а тој беше уморен од работа и таа реши дека нема потреба тој да ја испраќа, дека сама ќе си оди накај дома. И покрај негодувањето на младичот, таа не попушти и инсистираше да си оди сама дома.
Таа летна вечер беше како и сите останати пред неа. Топол и сув воздух, а ветер немаше никаде. Додека одеше накај дома, размислуваше за својот живот, за тоа колку е среќна што ја пронајде својата љубов. Додека размислуваше, почувствува како има некој позади неа. Се заврте и виде еден постар маж, кој за целиот свој живот проведен во градот никогаш го немаше видено, што беше реткост.

Но, се заврте и продолжи да оди. Сепак не и беше пријатно, бидејќи забележа дека човекот ја следи. Почна да го забрзува својот чекор, но и мажот го направи истото.
За несреќа, беше доцна, немаше никој во околина, а имаше уште 500 метри до дома.
Веќе почна срцето засилено да и чука од страв, бидејќи очигледно беше дека тој непознат човек имаше сомнителни и нечесни намери. Одеднаш ја почувствува неговата рака на нејзината уста, за да не може да вика. Го удри со лакт и почна да трча, но, сепак човекот ја фати за коса, ја удри и таа падна на земјата. Се фрли врз неа и почна да ја бакнува и покрај тоа што таа пружаше отпор. Мажот брцна во џебот и извади џебно ноже кое и го стави на вратот и рече: Ако писнеш, може да се збогуваш со твојот живот.

Таа почна да плаче, солзи и течеа и се уште се мрдаше и даваше отпор, додека човекот и ја кинеше облеката и се лигавеше над неа. На крај, сексуално ја злоупотреби, стана и си отиде. Девојката немаше сила да стане и лежеше таму неколку саати, се додека не се онесвести од плачење.

Утредента се разбуди во креветот и беше нема. Очигледно, откога се онесвестила, тука случајно се нашле некои луѓе, кои веднаш ја препознале и ја однеле дома.

Немаше сила да збори, да јаде. Беше разочарана од животот, само плачеше и не сакаше со никого да зборува.

Одеднаш од дневната го слушна гласот на љубениот: Кој направил такво нешто? Кој? Не ми треба полиција! Ќе го најдам, ќе го најдам и жив ќе го одерам!

Неколку минути подоцна, влезе во нејзината соба и ја погали за косата. Девојката гледаше само во една точка и плачеше.Тој се наведна, ја бакна и кажа: Ќе го најдам. И ќе плати.Ти се колнам во мојот живот.

Поминаа неколку недели, од силувачот ни трага ни глас, а девојката почна помалку да се опоравува, иако немаше желба, ниту волја за ништо, бидејќи секој потег, секоја минута мислеше на таа ужасна вечер. Младичот се нервираше, не можеше да ја гледа таква и се почесто се расправаа. Веќе животот почнуваше да станува пекол.

По два месеци, девојката почна да забележува чудни симптоми: Менструацијата и доцнеше, и се гадеше, имаше вртоглавици... Мајка и и' купи тест за бременост кој се покажа како позитивен. Уште еден шок за девојката.Таа и младичот секогаш имаа заштита, беа многу внимателни, но нејзиниот силувач немаше ништо. Почна да вика, да се дере, знаеше дека нејзините нема да и дозволат абортус, бидејќи таа беше израсната во конзервативно, христијанско семејство во кое зборот абортус беше забранет. Младичот се трудеше да и биде поддршка, да биде покрај неа, иако беше гневен и бесен. Знаеше дека мора да го пронајде човекот кој им го упропасти мирот и хармонијата. Решија дека ќе го зачуваат детето, почнаа и да се договараат за венчавка.
Додека беа во супермаркетот, девојката го забележа човекот, го забележа силувачот и само изговори: Ене го.
Младичот и рече: Оди дома, се ќе би во ред. Имам работа, ќе се видиме подоцна.
- Ама...
- Нема ама... Верувај ми.
Ја бакна.
Откако се разделија, младичот реши да го чека монструмот пред супермаркетот и да го следи.
Човекот излезе и младичот отиде по него. По некое време, бесот го совлада и го фати човекот за рака и го удри. Почна жестока тепачка, а многу луѓе се собраа за да гледаат и никој не помогна да се одвојат. Едноставно ги оставија да се тепаат. Силувачот го извади џебното ноџе и му го пресече гркланот на младичот и тој падна на земја, а крв течеше во изобилство.
Настана општа паника, беше повикана и амбулантна кола, но беше предоцна, младичот веќе почина.
Целиот град жалеше, целиот град беше обвиен во црно за време на тие неколку дена, за време на погребот...Тој беше изузетно популарно момче и беше сакан од луѓето во градот, неговиот живот прерано згасна.
Се разбира, како што поминуваше времето, луѓето си продолжија со своите животи и други приказни се пишуваа, други среќи и несреќи се случуваа.
А што се случи со девојката?
Кога дозна за судбината на својот љубен, се заклучи во својата соба и не јадеше и пиеше недела дена, само плачеше. Имаше се'...имаше живот ,семејство, љубов. Сега целиот живот и пропаѓа.
Од изнемоштеност имаше и спонтан абортус, бидејќи беше преслаба.
Од најсовршениот живот, од најсовршената приказна која требаше да го има и совршениот крај, таа заврши во лудница каде беше постојано под дејство на апчиња. Нејзиниот живот немаше повеќе никаква смисла.
Со години живееше во лудницата, а кога излезе од неа, се повлече на една мала нива, со една мала куќа каде живееше до крајот на својот живот.
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Кусур

Викторе, ќе ми простиш, малку каснам :pipi:


Целост. Совршеност. Круг.
Лебдејќи на неколку лажни молекули, висејќи околу вратот на уште едно човечко суштество, патувајќи од едно место на друго, нејзиниот доказ беше цврст, опиплив, присутен во тишината, скриен во темнината, испреплетан меѓу толку многу срамежливи воздишки.
Целост.
Лебдејќи низ милион лаги, таа долета на првата вистина во својот живот, така мислеше. Веруваше во целост. Се внесуваше во целост. Без кусур. Без трошка двоумење, без трошка сомневање. Веруваше во целост. Без кусур. Го даде целото свое постоење во тие два збора, изгравирани во парче непознат материјал, два збора, без кусур. Целост. Целост непочитувана, необожувана, незабележана. Целост, без кусур.
Совршеност.
Лебдејќи низ милион лажни насмевки, тој долета кај нејзе. Совршена несовршеност. Спротивност на тоа што нејзе и го наметнуваа, совршеност. Совршена насмевка. Совршени зборови. Совршена површност. Совршено верување во несовршен однос. Совршена површност. Совршена личност на најнесовршен начин. Совршено преправање. Совршени воздишки. Совршен кусур оставен за неколку потчукнувања на рамо, совршен кусур од луѓето кои лажно му се насмевнуваат секој ден, и ја бодрат неговата (не)среќа. Совршени лажни насмевки, совршено прикриени злобни посакувања, упатени кон совршено наивно суштество кое совршено верува во добронамерноста на совршените секојдневни придружници во безделничењето. Совршеност, со кусур.
Круг.
Се најдоа себеси во кругот. Кругот на лажните насмевки, кругот на постојаните озборувања, охрабрувања, советувања, кусур од туѓите скршени сништа и туѓата мизерија која упорно бара друштво. Кругот на наивноста, кругот на стравот, кругот на неодговорноста, кругот на неверувањето, кругот на вечното преправање.
Кусурот не го најде во тоа парче непознат материјал, ниту во кругот, ниту во двата изгравирани збора...
Кусур. Зошто ли му го оставија, се прашува таа дали тој знае.
Тие сенки, олицетворение на мизеријата, зошто ли му оставија кусур?
Таа не се плаши од нив.
Тој се плаши од нив.
Таа не се плаши од него, и неговата нова лажна насмевка.
Тој се плаши од нејзе, и од кусурот кој нема да го добие.
Но, дали тој знае дека кај неа нема кусур?
Наместо кусур, доби целост, совршеност и круг, но, се исплаши.
И, сеуште се плаши...

 
С

Сатори

Гостин
Лудница

Come down don't you resist
You have such a delicate wrist
And if I give it a twist
Something to hold when I lose my breath
Will I find something in that
So give me just what I need
Another reason to bleed!!!

Немам јас исповеди од лудница, ама една во мене, има.
Никогаш немој да се обидуваш да најдеш суштина во очите на некој што што искри како да е ѕвезда.Да му ја допреш душата, на оној што сака да ги сече своите вени за да ја помириса крвта на болката и да направи секој што дише да разбира зошто постои сулфур.
Им се кршат крилцата на малите птици кои што сакаат да летаат и да ја донесат анархијата на мирот, но тогаш се затемнуваат сите простории во умот и телото не издржува, функцијата се намалува.
Болка.
Ммм ... да, болка.
Знам, јас не сум единствената, во оваа моја голема бела соба полна темнина, телата се разликуваат, секое со својот печат.
Ама некои печати се посебни.
Полни со среќа и болка.

Will I find a believer
Another one who believes
Another one to deceive
Over and over down on my knees
If I get any closer
And if you open up wide
And if you let me inside
On and on I've got nothing to hide!!!
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Ова не е лудница , ова е мојот дом. И се додека е тивко нема да ти биде непријатно. Но немој да прекршуваш ниту едно од моите правила и ќе бидам мирен. Во спротивно ќе видиш зошто ми имаат дадено толку тажно име. Ова нее лудница , таа е во мене.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Другар, ќе оставиме за следниот пат предлогот, следната тема сепак ќе биде: Пријателе мој...
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Пријателе мој

Заминувам. Не, не предомислувај ме, се решив. Така е најдобро за нас, за мене, тебе и останатите. Те молам без такви погледи и реченици кои само повеќе тежат, а не олеснуваат. Ти подавам рака да се поздравиме, онака пријателски да се разделиме. Рака која те милуваше, рака која ја водеше, рака која ги бришеше солзите. Дојди, дојди да те прегрнам, онака пријателски да те почувствувам на мене. Пријателе, нема што да изгубиме, зашто ништо и немавме. Заминувам, видов нешто што ме турна од тебе, од љубовта и вербата во неа. Видов немоќ во очите твои, немоќ за борба и страв од мене. Да, признај страв ти е. Страв ти е од мојата љубов и од височината на летање со една пеперутка. Страв ми е и мене, ама летам. Се борам за простор и сенка под дрво. Збогум пријателе. Збогум бессони ноќи, збогум ладни утра и сите тие бегања од реалноста во кои живеевме.
Те сакам пријателе мој, сепак заминувам и знај не е лесно.
Аплауз! Аплауз за силните крилја на пеперутката!
Ти беше моја тајна, мој отров, моја љубов.
Ти беше лулката во која се криев и бегав од другите и само ти ме разбираше. Ти беше моја невера, утеха и среќа. Ти си мојот пријател и сега сфаќам дека ние само тоа и бевме - пријатели.
Збогум, утре е нов ден, нови цветови и нова надеж,но надеж за што?
Пријателе мој, прости ми што како себе си те сакам, прости ми за мојата себичност, прости ми што си заминувам.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Пријателе мој

-"Што правиш, пријателе мој? Те нема, па се губиш...
-Ме заебаваш нели?!"
Преку глава ми е од се, еве работам во месарницата кај вујко ми за да заштедам некој денар, за операцијата на мајка ми, многу е болна, а во последно време и нема баш работа кај нас, сите ко да станаа вегетаријанци, тревопасци, мамето нивно! Ај немој да ги ококоруваш очите и да ги мрштиш веѓите, немој да ми глумиш дека се сочувстуваш со мене и дека ме сожалуваш!
-Аман бе, ќе се среди, брат немој да бидеш само толку горд, можеби ќе се најде некој да ти помогне, кажи што имаш, немој да се срамиш од мене.
-Не, од самиот себе се срамам. За што сонував а што станав, ученик на генерацијата, а месар... Кога шетам по улица, кучињата лаат по мене оти смрдам на месо бре! Кој и да ме погледне, мислам дека ми се исмева, дека ме сожалува.
-Смири се.
-Да се смирам?! Јас одамна го изгубив својот мир. Да не беше помалиот ми брат, досега ќе немаше ни трага ни глас од мене, освен него друго ништо не ме задржува овде. Можеби некогаш, во некое друго време ќе има надеж за подобро, уствари секогаш може да биде
подобро, нели? Еден ден можеби и ќе се смееме на ова, на оваа насмевка која моментално е грч на лицето, не ми се верува како можат сите да бидат толку слепи.
Навистина се радувам доколу си среќен, но те молам оди си и не прави ја потешка мојата мака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom