Тука пишуваме на зададена тема

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Френклин Рузвелт рекол: Кога ќе дојдеш до крајот од твоето јаже, не се откажувај, направи чвор и држи се за него, па можеби сонцето пак ќе те грее (тука импровизирав) :)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Сонце

Сонцето светеше внесувајќи ни топлина во срцата, насмевките се нижеа зрачејќи од лицата, песната одекнуваше не помалку гласно од заразната смеа.
А сепак единствено што слушав:

[FONT=Verdana,Arial,Geneva,sans-serif]Here comes the summer's sun
he burns my skin
I ache again
I'm over you
[/FONT]
[FONT=Verdana,Arial,Geneva,sans-serif]I thought I had a dream to hold
maybe that has gone
your hands reach out and touch me still
but this feels so wrong...
[/FONT]

Тој изгледаше просто занесно, жените ми завидуваа, а јас бев почестена што ме запознава срдечно со сите свои блиски. Додека се обидував да го изнесам подарокот, израз на мојата благодарност и внимание, дојде Ана подавајќи ми писмо адресирано за мене. Го отворив и прочитав:
"Мое сонце,
искрата пламнуваше во мене секоја зима со помислата дека ти си почеток и крај на мојот свет и така ме грееше во моменти кога неиздржливата физичка болка ми го ослабнуваше духот.Се вратив, здрав, жив, желен за нов почеток."

Секавичен извик: "Тој е жив, тој е тука!" - не знам дали го изговорив или само ме потресе во главата. И не помнам момент на зашеметеност, ниту бран на недоумица.
Едноставно знаев каде треба веднаш да одам, зраците го осветлуваа мојот пат, напливот на енергија ме натера да трчам не чувствувајќи за земјата под нозете.
...
Оттогаш, заедно ги дочекуваме блескавите утра. И така ќе биде, се' додека го носи отсјајот на сонцето во неговите очи кога се вперени во моите.
[FONT=Verdana,Arial,Geneva,sans-serif][/FONT]
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Вау...сонце.
Сонцето светеше наоколу,блескаше со својата прекрасна енергија,им даваше живот на сите околу него.Комплетен алтруизам.Живееше само за другите,но не и за себе.На највисоката можна фреквенција,границата на која преголемата свест се претвора во во несвест,тоест се губи во сите морални аспекти на Универзумот...
Ташаци рендани..
Па тоа беше само обично сонце.Збир од водород,што се претвора во хелиум,обична машинерија,создадена од атоми,без вистинска функција,без свест за неговото постоење,едноставно подредено од колективната свест на човечките битија,дека е ставено само во нивна функција и ништо повеќе.А можеби и беше така.Но тоа не е важно.Воопшто.
Важен беше само човекот кој одеше доле на земјата и му беше пожешко од секогаш.
Важна беше новинарката која ја даваше прогнозата за времето,ставајќи го сонцето на преден план.
Важно беше летото,време на сонцето,кога тоа доаѓа во свој полн израз и луѓето,во исто време го слават како бог и го колнат како најцрниот ангел.
Да...тоа беше најважното,како Сонцето влијае врз сите нив,а не неговата суштина.Како и секогаш.
Во моментот на создавањето на таквата пајажина од мисли,распослана насекаде низ неговиот недоволно развиен мозок,доле под сонцето,одеше тој.Главната личност во приказата.Нормално,во својата приказна,грижливо обвиткана со неговото его,кое го држеше фокусот на вниманието на посакуваното место.
Тој размислуваше зошто е тоа така?
Размислуваше за многу работи,за кои,можеби не би требало.
А можеби и треба.
А можеби е само од жешкото сонце кое ги предизвикува неговите нервни клетки да работат со огромна брзина.Да,можеби е тоа,бидејќи претходно,додека беше пролет,не беше така.Немаше мрежа,туку само две-три прави линии,компактно насочени и ускладени со неговиот претходно замислен,теоретски тек на енергијата,возејки го нанапред со огромна брзина.Огромна еуфорија која следи низ вртоглавото качување на врвот.Блис.
И наеднаш...но зошто повеќе за тоа?
Престана со мислата,бидејќи знаеше каде води,познат правец,без некоја одредена корист.
Одлучи да ја искористи енергијата од Сонцето,и да се врати во реалноста накратко,барем за момент,додека не си го постави прашањето:"Што е реалност?",и одново да исчезне во бескрајниот континуитет.
Ги постави прашањата,одново...
Кој е тој?
Каде е?
И она од кое можеби бегаше:
Која е таа?
Зошто воопшто бегаше од тоа прашање?
Не му беше јасно.
Дали беше толку комплицирано?
Или премногу,дури болно едноставно?
Молк.
Веројатно,ризикот од поставување на прашањето беше преголем.
Можеби сакаше да биде така,за да има оправдување?
Одново,премногу варијации.
Затоа,нека грее само Сонцето.
И ништо повеќе.Тоа е доволно.
Да живее спонтаноста.
И Сонцето.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Сонце..
Поим на кој сите се радуваме.
Сонце , симоболот на македонското знаме , нашата гордост.
Но што всушност означува тоа сонце ?
Според мене сонцето го означува почетокот на денот. Многу луѓе се радуваат што го доживеале новиот ден. Јас, да бидам искрен , не ми значи многу . Со нов ден настануваат новите идеи со кои настануваат новите проблеми , новите радости по кој следат новите разочарувања ,новите подеми по кој следуваат новите падови... Но всушност можеби тоа и не е толку лошо . Како би знаеле што е среќа ако воопшто никогаш не сме доживеале разочарување??? Никако не би знаеле ... Лошите работи всушност ни помогнуваат да се радуваме и на малите добри работи . Како што велат старите „Многу добро , не е на добро“ . Затоа неможам вечно да се кријам во ноќта. Неможам да го одречам своето постоење пред сонцето и целиот да се предадам на месечината. Но доколку не би постоело сонцето како би ја гледале светлоста на мистичната месечина ? Поради тоа решив веќе да не бегам и да не се кријам од новиот ден , решив сите проблеми ,падови и разочарувања да ги предадам на судбината . За себе ќе ги задржам само убавите спомени .
Па зарем нешто може со нешто да се спореди чувството на утринскиот воздух во паркот додека седиш со својата сакана под сенка ?? А што е всушност сенката ? Сенката е ладина , во најтоплите моменти сенката е тоа што ни треба. Но доколку немаше сонце никогаш немаше ни да го почуствуваме божеството на сенката.

Ноќниот живот го оставам за подоцна.Сега ќе уживам во утринската прошетка.
Добро утро Сонце , добро утро Ден .
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Беше ноќ а сонце имаше. Како поинаку би можел да го објаснам тоа што го гледав. Што да помислам друго за себе , освен дека полудувам. Повеќе неможам да сликам , повеќе не можам да пишувам. Воздухот има поинаков мирис. Водата ми е горка. Се плашам и од сопствената сенка. Постојано мислам на тоа да се повредам , да видам дали ќе ме боли повеќе.
Беше ден а сонце немаше. И се беше темно. Одсекаде само сенки надвиснуваа , од високото модро небо. Насекаде само гротесни фигури шетаат околу моето тело , кое неподвижно лежи. Така со години. Сите идат и си заминуваат , а јас немам глас да им викнам. Да им кажам дека сеуште сум тука. Дека можам да ги видам и да ги почуствувам. А толку сум осамен.
Само сонцето знае како ми е. Беше ден и сонце немаше и беше ноќ и сонце имаше.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Тој: Има коса со боја на сонце. Нацртаните усни му се развлекуваат во сончева насмевка. Телото му емитира сончева топлина.
Сепак, целата неговата појава како да потекнува од некои мрачни, скандинавски места, во кои нема услови за лачење меланин. Веројатно затоа, секојдневно умира по некои сончеви соништа.

Таа: Aстролошки носи две сончеви владеењa во себе. Но, само декларативно. Нејзе сопствениот студ ја разобличува. Студот во моралот, студот во рацете, студот во зглобовите, студот во очите.
Затоа убива туѓи сонца.

Тој и таа: Неговата топлина ја спасува од белата смрт. За возврат добива порција отрезнувачки цинизам и трошки страст.
И колку што таа умее да боли, толку тој знае да лекува.
Заедно, преживуваат. Само тоа е важно.

Таа сега знае дека само ти можеш да бидеш нејзиниот Сончев Бог. И со усните ги пие твоите врели рани. Преку нивната топла болка и таа се грее. Опрости и кога намерно ги создава тие дупки во твоето сончево месо. Сеуште не умее без нивната топлина. Те молам, сакај ја и кога те заледува и гризе. Затоа што таа те сака. Без сомнеж.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Никогаш не чувствував некоја љубов кон него. Рака на срце ни кон неа, но ми беше некако поблиска, веројатно заради многу поголемиот број часови поминати во непотребни прекори и ќотек на погрешни места. Сега ми е навистина жал и за двајцата, иако кога би погледнал човек наназад ќе ја добие токму онаа американска популарна слика од некоја сапунска серија каде родителите се способни да издржуваат едно илјада и двесте дечиња. Да штиклираме...
1. Бевме на риболов, штиклирано.
2. Игравме фудбал, штиклирано.
3. Ме изгуби па ме бараше со полиција, штиклирано.
4. Муабет за секс од типот, ова треба да го знаеш, нештиклирано, но затоа може да се додаде и моментот кога скопското секојдневие заличи на Вегас викенд па бев оставен покрај покер апаратите додека екскурзијата се префрли на идеално место, односно онаму каде служат алкохол и не затвораат.
Подоцна, детството може да се опише како типично... детство на еден млад вообразен и образован тинејџерски клапчо, кој од сериозно нормална средина се префрли во сосема рурален свет во моменти каде родителското влијание знае значително да затапи. Енциклопедиите наеднаш искочија од мода, атласот фати прашина, а на прашањето “дали може да добијам микроскоп“ изнудив мислам-дека-конечно-те-сјебавме реакција. Веројатно се уплашија дека се спремам да прозиведувам дрога знаејќи дека спрат под нас живее закоравен “дрогаш“, а вистината беше дека некое од завртките сеуште стои, па желбата за знаење сепак постои.
Наеднаш целата слика се смени, избегав од целиот процес и застанав колку можам на свои нозе. Не придонесоа кој знае колку за тоа, не беа ни без ич, но целата дума е....

Без разлика на се`, никогаш не им кажав дека ги сакам. Ама никогаш. Најстрашното е што чувствувам како полека си заминуваат онаму каде сонцето не свети жолто, и сеуште немам сила да го сторам тоа. Нема ни да имам, па почнувам уште сега да се преколнувам што сум толку “блах“, и што сум се претворил во моите родители. Срам да ни е.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Сонце, егоцентрично, своеглаво, врело, дел од моето постоење...и дупло и најжешко и мачно и секогаш над глава, авторитет кој ме владее и гравитирам околу него,го сакам но ме претвора во суетен примерок и не можам да престанам и ме тера да пишувам, да бидам во центарот на случувањата, да сакам црвено и да ме боли срцето, и ме прави мрзелива и аристократски лажлива, ми дало ведрина и црвеникав сјај на косата, ми ја сонча кожата секое лето, ми прави дамки на грбот, ме предупредува кога излегувам-земи ди ги наочарите, ми прави виножита кога ми е тажно, и како лак го спушта својот сјај право до моето срце. Сонце, сонце, и тој е сонце и такво име има и му одговара и очите му се како толина над облак и тој е...Сонце.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Сонце

Таму живеат проколнатите горејќи во вечен оган со секој нивни атом на бескрупулозност, секоја молекула на немилосрдност и мала честичка на неморал... во срцевината на сонцето, во полна сончевина.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Една нарцисоидна тема за денес, и деновиве. Темата се вика: Јас...
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Јас...кај сум?
во моментов не се ни препознавам..ако не изустам ни збор можно ли е да испарам, како делче од топола во воздухот, се прашувам...
гнев, за се е крив проклетиот гнев, ме бутка во ќош и не ми дава да излезам..сеуште со глава во ѕид, наспроти моето проповедање да не бидат луѓето инати..што ми е? има ли крај? до кога со прашањава без одговор? се губам...сакам да избегам, не знам каде..сакам да патувам, не знам со што..сакам да се скријам, не знам од кој..уф!
Ајде, време е..доста со мојата мрачна внатрешност, потребата да бидам идиот..време е, насмевка на лицето, празни муабети во потсвеста, нешто минимално во џеб што би рекла „паре ли се“ и тргам..кај и да ќе ме однесе патот...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Каде луташ жолто сонце? Дали ги грееш оние на кои најмногу им требаш?
Везден пат си врвиш,осамено на небесниот свод.Сонце! Па ти си налик на
луѓето.Луѓето осамени, тажни и заборавени. Никому за никој не му е гајле
никој,никого не прашува вистински :Како си? И тебе сонце никој не те прашува
и не се грижи за тебе, а сите знаат дека вредиш живот.И луѓето не се за себе
и меѓу себе, секој за секого, а тоа вреди љубов. Секој добар збор го отвара
срцето ширум како најголемата порта во целата галаксија,поголема од
тајните портали кои водат во други димензии.Сонце, само ти ги знаеш сите наши тајни, кои мудро ги криеме од другите,за да не не издадат.Кога ќе згаснеш ти Сонце, ќе згасне и љубовта, меѓу сите нас.Но ние нема да бидеме тука.Ќе бидат овде на оваа планета некои други генерации, кои можеби повторно ќе пишуваат на Кајгана за сонцето и љубовта.Но тогаш ќе има повеќе љубов за сите нив....и за тебе Сонце....се надевам.
 
С

Сатори

Гостин
Една нарцисоидна тема за денес, и деновиве. Темата се вика: Јас...
Течат вулкани низ сите мои соби, го полираат стариот, елегантен мебел со својата врелина, а јас седам на тронот и од усните ми тече мраз.Од прстите ми излегува леден здив, од очите вжештени искри на љубовта.
Во овие ноќи, кога ритамот на едно срцево отчукување ме издава пред плашливите птици дека, да, и јас се плашам, немам ниту една последна желба додека лежам во топлиот кревет на неговите гради.
Понекогаш моето јас, се уверува во бојата на твојот глас, во ритмичните мелодии на Новогодишниот Дедо Мраз и конечно можам да ги затворам очите и да сонувам.

Ги бакнувам белите рози и калите додека минам покрај цвеќарите, ги воздивнувам мирисите на предходните ноќи додека чекорам по патиштата со насмевките на пеперутките под папокот.Длабоко во себе ги складирам погледите, себично му ги давам на користење на она јас кое само тој го познава, додека ги брка ангелите и демоните за да остане насамо со мене.

Тогаш, помислувам ведро со оние светлуцави сини очиња на мало девојче со долга руса коса и насмевка што покажува мали запчиња, како да не го љубам, кога само тој успева да ја бакне душата што се топи во нашето јас.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Јас...
...тој сум,без лажна маска на лицето,директен...незадоволен понекогаш,бунтовен секогаш,има многу работи кои ми пречат но ќе ги совладам,зашто јас сум борец и :nenene: потклекнувам...ќе им покажам на сите коишто не веруваат во мене...зошто јас се стремам кон најдоброто
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Обичен осамен јавач низ ноќта, кој ги совладува атомите во просторот, не знаејќи за утрешнината, не знаејќи за иднината, а свесен за не толку убавата сегашност.
Јавам, итам низ животот, со желба да поминат деновите и дојде наредното утро, и надеж за тоа да не биде толку непријателски настроено кон мене и таквите како мене. Јас сум обичен човек. Јас го сакам животот, но прашање е дали судбината ме сака мене....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom