Тука пишуваме на зададена тема

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Новата тема погодете заради коj газда фоумџија е... гласи Фантомска љубов
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
...Таа ноќ, се почна кога ја фрли маската во градината, па ги уништи розите.
И кога потоа танцувавме, ми ги подари смачкани.
Не беше важно, незабележливо ги фрлив преку рамо.
Го скрши потоа покривот, за низ смачканите отвори да протечат суви зраци.
Ама не престанав да се гушам, не е тоа мојата храна.
Па тогаш ме однесе пред езерото, ми го фрли во лице.
Шеќерната милост ми се растопи, и излезе ѕверот, а ти ми испари во тенок слој чад.
Морав да те замислам, па бакнам...
Зашто некаде длабоко во талогот е твојата душа што ја сакам.
Незнајна, аморфна, матна.
Морав да ја замислам, па измијам...
И да пронајдам една мала птичка.
Ја подигнав, сеуште беше топла, и го имаше најмалиот клун што сум го видела, со мали точки на него, кафени и црни; но поостар и од соколовиот.
А над него, сјајни ѓаволски очи.
Но морав да ја замислам, па милувам...
Солениот воздух ја гореше.
Пред смртта ми зачна ембрион, и низ вените ми пренесе многу стари студени зими, завиткани парталави и недоволни партали, и прекинатите крици на затрупаните во снег минувачи. Излегоа сеништата закопани во замислените ѕидови.
Каде бев кога ова небо било чисто? Незагадено од старечки пијанства и туберкулозно просо?
Уште кога си бил само слепа панделка? Светкава кула од песок на лажливите крилца?
Во кое мочуриште ископував бедни црви…кога имаше облик на бедрата и агли на насмевката, кога беше жив?
На испотена смртна постела те начекаа моите атоми, мојата дланка, мојот прв снег, моите булки покрај шините, мојата настинка. Зарем не врнеше вчера? Или одамна беше.
Цело време капките минеле точно низ тебе. Како низ огледало од воздух.
Валкан, лош духу, со големите тажни очи ќе си го заработиш денот.
Но реките што потекле, ќе те однесат. Ми подари уништени рози.
Но без грижи за мене, и кога умре ти танцував на гробот.
Тажно е само едно.
Што постоиш единствено во мојата глава.
Знам, нашите души никогаш не зборуваа, грлата им беа преполни кал.
Ембрионот сум го зачнала сама со себе.
Сеништата се разбудиле во мојата мисла.
А розите ги уништи ветрот.
...И кога посегам, не наидувам на месо низ прстите. Не чувствувам крв во дупките. И не можам да ти ги намирисам очите.
Но ќе те чекам.
Имаме недовршен поглед.
...Зора. Селаните ќе ме разбудат наскоро.
Ќе ми кажат каде заспав гола овој пат.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Убавината на магливата љубов лежи во патетичното посакување таа да постои.Лесно е,и дава смисол на секоја нова брчка полна надеж дека еден ден,маглата ќе се пробие,ќе избие климакс на исполнeтост и поетска правда во животот полн соништа и крвави рози.

Лошо е кога навистина постои.Кога постојат сеприсутните бариери од месо и крв,удираат на достоинството и ги колабираат надежите без да се даде шанса на идеализирањето,кое би вродило со плод.Едноставно,останувате таму,во меѓупросторот на обичното уживање во глетката...додека трае.

Разлеани во свесното прифаќање на фактичката пониска класа која сте,капитулирате своеволно.Длабоко маскирате болка и се полните болен јад,но и задоволство бидејќи ја оставате да зрачи како што тоа најдобро го знае.На подобри места,со луѓе кои ја заслужуваат,ако не вистински....тогаш барем повремено.

Мислите дека сте го направиле правилното нешто одбивајќи ја желбата да и се истурите како ураган.Да си дадете шанса самите на себе.Учите да молчите.Да се задоволите само со тоа што ја имате блиску.Секогаш блиску.Пријател-колку грда и одвратна форма која ја одбирате за да можете да ги цицате нејзините емоции.За да можете паразитски да навлезете во неа,додека мракот ја обвива вашата ништожност и бедниот гном во кој сте се претвориле.Молчењето ви станува навика.Соништата ви се испревртуваат и стануваат одвратни.На крај вашата мисија е да ја поттикнувате и нејзината болка.Кога веќе вие сте казнети со својата,тогаш и таа,која одбира Туѓо Месо,мора да страда за своите грешки.

Наоѓате перверзно уживање гледајќи ја како ви плаче раскажувајќи колку само вложила во некого,за на крај да и се случи тоа што и се случи.И давате погрешни совети,станувате емоционално зомби...се храните на нејзините проблеми,од нејзината болка.Во вашиот болен свет,таа е закопаната невеста на По,која немате ни намера да ја откопате.Но таа продолжува...и понатаму мазохистички бирајќи погрешни маски....за пак да ви се врати вас со солзи.Каква неверојатна моќ,a treat for any Ghoul.

И на вашето несебично ширење болка,му доаѓа крајот.Вашата разделба е иминентна.Утре веќе нема да биде исто.Таа е со вас до крајот,сеуште слепо верувајќи во својот пријател,кој мора да го напушти.Крајот на вашата маглива љубов завршува.Мелодраматично дури.A tear.A kiss.A hug.And..nothing more....Nevermore.

Минува година од вашето последно гледање.Веќе не е исто.Немате ни желба да ја видите.Премногу е разрането ткивото на човечноста за да бидете способен за тоа.Едноставно,you let her slide.You feast on your own bitterness and vice,and start hopping from a slut to a slut...

Buried inside
Where she’s all but mine
Save for those that dine
On her, on her perfect carcass
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Незнаев дека таа ме чекала пред вратата додека јас бев заклучен во тоалетот. Кога излегов само ме погледна и ми рече: „Како можам да ти верувам , кога повторно ме излажа?“
Тогаш ја стави својата дланка на моето лице како да и е жал за мене. Но не и беше. Таа беше најсебичното човече што јас го познавав. Не дека не ме сакаше , но преку таа нејзина потреба да ме поседува се гледаше целата нејзина себичност и површност. Поради тоа секогаш на крај остануваше со мене. Знаеше дека не сум чист , но тоа ти е љубов.
Гледаше во мене , додека моите очи се затвораа. Ме болеше што ја повредувам , но истовремено се чуствував прекрасно. Последното што го знам е дека го почуствував ладниот под. Зарем има нешто поубаво одколку да умреш во прегратката на саканата. Е тоа за мене е љубов!
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Фантомска љубов

Ранливото битие со темна сенка чекори по тенок мраз. На чекор да успее, на чекор да пропадне. `Новиот почеток е ризичен потфат, но вреди и при негативен исход - си велеше во главата, и продолжи со увереност дека враќањето назад е бездруго бесмислено во споредба со преостанатите метри напред.

Мил човеку, ништо не е сигурно се' до самиот крај кога се' излегува на виделина и веќе самиот сфаќаш дека понатамошните идеализирања се безпредметни. Но, тоа е неважно сега.

Она битие, она младо, наивно и жедно за љубов битие, не е заслужно за моите порочни желби и хедонистички побуди. Затоа постои играва, па нека сонува, нека искусува неверојатности и верува во случајности. Јас одговарам за кршливоста на тенкиот мраз, одговарам за замаеноста во таа глава.

Јас ја создавам заблудата, креирам илузија во твоите очи, ти живееш во спокоен сон. Верувај во заблудата, тоа е се' што можам да ти понудам, не е малку. И нека не те плаши темната сенка која те следи, тоа е само одразот на мојата фантомска љубов.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Црвените жештини од чист, детски, лекомислен каприц се лепеа во порите на кожата дишејќи истовремено со ветрот. Топлиот круг на некогашните сонови спиеше во зенитот на нивниот балкон каде штедро, како никотин во алвеолите ги чуваа своите денови; ги држеа во дланките и бавно ги пуштаа да се лулаат на ужасно врелиот здив на заморената топлина. За М-ов беше тешко да се погледне надолу, да се совлада вртоглавата височина, која умее да си поигра со раздразнетата свест низ која неуморно лебдеа задржаните, преплетени мисли препелајќи се една со друга.
Далеку пострашна, висината на помислата на изминатите денови го држеше целиот балкон на неговото место, определеното и предодреденото, планираното и изграденото за поплакување со дрвјата и со себе, тажење на ланските паднати лисја, набљудување на загубените хоризонти, зборување со себеси, сочувствување со ликвидите на небото. Местото на Н-ова.
-Што правиш? - умееше понекогаш да ја запраша бледоликиот М-ов погледнувајќи ги прстите на нејзните стапала и размислувајќи за необичната големина на прстот до палецот.
- Ги мерам траекториите на мислите. Земам метро и седнувам, се пребројувам, создавам алогаритми и за оние борбените, закочените во крвта или пак прекриените со мраз. Бројам мисли и грицкам соленки. Всушност, воопшто не ги грицкам. Само го прелижувам наросениот сол на нив, исто како и мислите, кога ги прелижуваат вртлозите на нашата свест и се посолуваат себеси, тогаш нашите мисли стануваат солени.
- Што правиш?; Ги мерам далечините на нашите денови. Земам лакт за мерка и го поставувам правилно на правецот на некогашните соништа, наеднаш здивот на запурнината ги растресува и ги прави аномалични. Нашите аномалични соништа бледнеат и прават разлики во далечините, тогаш нашите денови стануваат неправилни. Неправилноста е пријатно свежа.

По некое време, и самата свежина стануваше неправилна, односно збиднуваше постоечка. М-ов и Н-ова молчеа. Молкот беше често практикуван, особено при мерење.
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Си беше еднаш една Снегулка, прекрасна! Прекрасна во секој поглед. Таа веруваше. Веруваше и додека сето тоа во кое веруваше беше полно со противречности, и кога навидум луѓето ја мразеа, и кога навидум постојано лебдеше лево и десно без цел, и кога ќе паднеше, и кога ќе се стопеше во рацете на некоја непозната индивидуа, и кога од болка ќе се замрзнеше на асфалтот отежнувајќи го движењето на безмилосните луѓе со нивните автомобили кои се премногу мрзеливи за да одат пеш. Снегулка веруваше!
Веруваше премногу, љубеше неверојатно премногу.
Еден ден прочита за таканаречен фантомски "уд"...
Денес јас би сакала да ја прашам како ја преживеа нејзината Фантомска Љубов, онаа која беше измислена од нејзе, онаа која можеби и јас си ја измислив?
Снегулке како си ми денес? Ми недостигаш, знаеш нели?
 
С

Сатори

Гостин
Новата тема погодете заради коj газда фоумџија е... гласи Фантомска љубов
Не сакам да можам да ја издржам илузијата на малата прекрасна љубов длабоко во идејата за наводно и пластично совршенство.

... Напуним шаршер,
размишљам ниси фер,
кад си се задњи пут запитао збија како ми је,
нечу ти глумим овцу,
овисна о твом новцу,
нечу кухат снове,
због будале ове ...

Потполно раскршување на сликата за фантомската љубов, како огледало со искривена слика која што се топи и впива во нечистите пори на нечија туѓа егзистенција.Нечие болно извитоперување на љубовта која што се валка во присуство на тие две души, така мали, а полни каде со љубов, каде со злоба.

... Ја имам метак за свршетак,
кажем ти ево стижем,
адреналин се диже,
у руци пун је ган,
да спаси дан ...

Фантоми, туѓи погледи, изливи на љубомора во свет кој што никогаш не ми се допаѓал, замки и пак, лажни пријателства и среќни очиња додека седам удобно во прегратките на мојата слатка слобода, вистинска, реална, онаа слобода што ме носи дома на раци додека плачам и не можам да се движам.
Кругови на жалосната индустрија, навистина, навистина ... иронично. :)

Но сепак нели ...

... Само са пар метака
напокон дишем пуним плуџима,
напокон сам слободна ...

Не е мој пиштолот, јас се шеткам на кеј со слободата за рака.
Каде е фантомската љубов сега?
Остана само фантом.

Зарем не е прекрасно понекогаш да те изеде бар на момент и трулата индустрија. :)
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Не е тажно да сакаш да создадеш нешто на кое се радуваш. Нешто што те плени и те возбудува самата помисла на него. Нешто што ти дава сила за да бидеш похрабар и подобар човек. Тоа е исто како да замолиш некој да те сака без да очекуваш дека тој некој нема да побара од тебе ништо за возврат.

Уживањето не е грев? Нели? Ако е така тогаш можам да ги остварам сите мои тајни , од кои предходно се срамев. Независно од тоа дали некого ќе повредам? Нели? Ако тоа ме прави среќен , тогаш целта ги оправдува средствата.

Се згрозувам од секоја помисла дека некој би можел погрешно да ме разбере. Или можеби да ме осуди. Мојата желба ме има заслепено. Сите сетила се имаат подредено на само едно. Да дојдам до својата следна жртва. Па како гладен пес само чекам на вистинскиот момент.

Фантомска љубов?
Не!

Јас сум само едно мало чудовиште. Не се смирувам додека не ја исцицам последната капка енергија од луѓето кои ќе ми се приближат.

Фантомска љубов?
Не!

Сите сме хедонистички креации дојдени на овој свет за една цел: сопствена среќа!!!

Затоа насмејсе додека сум во твојата близина затоа што можеби твојата сила ме храни токму мене.


Smile is the 2nd best thing you can do with your Lips. What is first thing?



Крај!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Црква. Во неа олтар. Пред него стојам јас, а околу мене има светци во доволен број да ме меркаат во секој потег и да ја пратат секоја моја мисла која ќе ми пролета. Нема да се грижам за нив, ветувам, бидејќи мојата црква, и мојот свештеник, и мојата мала калуѓерка се она кому јас се молам.
Признавам, не го правам тоа пречесто и добро е што е така. Нема потреба од преоптоварување, и Господ сака да си почине, и нему му се допаѓа безалкохолното коктелче со розева сламка. Сликата која јас ја идолизирам, ја посакува и тој. Лежалка со поглед на сино пространството, сонце кое остава изгореници и мир кој е подобар од рајскиот бидејќи и ѓаволските убавини веднаш потоа може да се вкусат. Среќен е повеќе бидејќи моите изгореници морам да ги ладам под млаз ладна вода... во секој друг поглед, и јас сум Бог.
Настрана Господ, се молам сега на мојата слатка, да ме избави од лошото, да ме спаси од нечесниот, да се смилува на добрите. Биди Господ драга моја и ти, не дозволувај ѓаволот да те подведе по лоши патишта, не дозволувај тој да биде твојата потсвест бидејќи љубовта доаѓа од убавата страна, таа е одлика на ангелите а токму тоа си ти, или барем... така јас сакам да те гледам, како мој ангел, како “она кому јас сакам да му преспијам во крило“.
Биди Господ драга моја, биди доволно силна и способна да расудиш сама. На твоите раменца стојат црното и белото. Јас сум белото, смело го кажувам тоа во векот каде веќе не го сакаат тоа. Горд сум на демоде практиката да се биде добар до мерка на религиозност во моментов. Црното е слатко знам, црната боја има своја сила каде ќе се видиш своја. Таа ќе те убеди дека треба да ги следиш нејзините патерни, нејзините шеми и правила, но и двајцата имаме омилена фраза. Миракули се она на кое јас се надевам, а луцидност е она кое ќе ми ги донесе... бидејќи светлата страна е мојата страна.

Драга... биди своја. Биди се` она што сакаш да бидеш и обиди се да го стигнеш светот на начин на кој мислиш дека можеш. Твојот врв се разликува од мојата утопија, но ни јас ни ти нема да стигнеме до таму... па ајде тогаш ние двајца заедно да се гушнеме на онаа лежалка која и Бога е драга. Сите ќе си заминат кога тогаш, прекрасното зајдисонце секогаш ќе биде наше...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.123
Поени од реакции
25.579
Го знам секое ебано делче од градов барем од оваа "крстоноснава страна". Јас сум Евлија Челебија за Балканот, Виктор Иго за Париз, Чарлс Буковски за Лос Анџелес. Сите постоечки и полупостоечки кафулиња, мини паркови, темни сокаци улици и паркинзи. Затоа што по урбанистчкиот план на маршалот тие постојат фиктивно исто како јас и ти. Затоа што по нив пред стемнување а особено после се движат сеништа, темни сенки на случајни минувачки кои што бараат шорт кат од точка А до точка Б или луѓе што ноќта им е неопходна ко Црвенковски на Шема. Да беше Њујорк ќе имаше грабеж или убиство а во капиталниот град има мистика, илузија. Кога ќе скршнам од патот десно, кога ќе скршнеш од зградата лево стануваме фантоми и само бучењето на автомобилите приврзна турбо фолк песна од истите и некое досадно маче што не научило уште да се плаши од предаторот стручно наречен homo sapiens потсеќаат дека си во цивилизација ако воопшто може Скопје да го има тој епитет. И така се до 3 и кусур сабајле. А после тоа што би рекол Самарџич пустим улицама кружимо сами ја и Кошава со пропратен бурек од оние бурекџилниците што преку шалтер ти вика дечко 60 динара и со раката ти сугерира да се тргнеш што побрзо дур не дошле чичковците у сино па да лепнат Затворено од пазарна инспекција односно реновираме. У реду е шефе и така не сум бил тука, и не сум ти купил ништо, уствари не ни знам дека воопшто постоиш, си реков и заминав оставајќи го збунетиот полуписмен чика да се чуди.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
На автобуска ја видов темава... Сонце
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сонце

Малечко девојче кое што уживаше во пролетното сонце,во ветерот кој и ја дуваше нејзината кафена,кадрава коса.Трепкаше со нејзините малечки очи,искри и среќа излегуваа од неа.Таа не знаеше што е тоа тага и бол.
Растеше,почна да го осознава светот околу неа.Почна да ја чувствува злобата на луѓето на нејзината кожа...Сеуште беше насмеаното девојче со малечки очи.Сеуште го сакаше сонцето.
Како што стануваше се посвесна за светот околу неа,за скршените срца од луѓето кои уживаа и се смееја на нејзината болка,помалку му се радуваше на сонцето.Ја болеше и насмевката која ќе ја дадеше некому.Реткост беше да се види како се смее.Нејзината насмевка која сите ги пленуваше,беше ретка како бисерите во школките.Презирот од луѓето околу неа,ја печеше.Ги ценеше оние моменти кога беше сама со себе,кога ветерот дуваше и ја разлетуваше нејзината сега веќе руса коса,кога сонцето срамежливо се појавуваше од зад облаците.Тогаш,во тие моменти,сонцето беше сведок на двете солзи кои постојано паѓаа кога беше сама и насмевката која следеше потоа,присетувајќи се на деновите кога се’ имаше своја убавина,кога се’ беше едноставно и кога луѓето не се трудеа со сета сила да ја понижат.
Сонцето и беше како лек за нејзините рани.Рани на душата.Рани кои само она ги знаеше,а другите не ги приметуваа,не ги сфаќаа серизно.
Како што поминуваше времето,таа се повеќе и повеќе го засакуваше дождот.Мрачното време.Затоа што се пронаоѓаше во него.Затоа што и помагаше да се прочисти себеси.Затоа што на дождот можеше повторно да го изнесе детето од себе.Ќе почнеше да трча наоколу,да се смее,да се извалка како порано,да згази во најдлабоката бара со вода која постоеше.
Се случуваше да излезе од дома,да биде преполна со болка,со гнев...и тогаш...ќе го осетеше дождот на својата кожа и ќе ги пуштеше солзите да течат.Никој не ја приметуваше на поројниот дожд дека плаче,а таа целата болка,гнев,бес,ги исфрлаше преку солзите,а дождот и помагаше да не биде толку очигледно.
Денеска го обожава дождот.И покрај тоа што другите ја гледаат чудно,таа знае зашто дождот и е омилен.Дожот ги чистеше нејзините болки,исто како што сонцето ги топлеше нејзините рани и го стоплуваше нејзиното срце.
Сонцето секогаш ќе го сака.Сонцето ја потсеќа на нејзината среќа и детска невиност во детството,сака кога трча низ улиците или плоштадот и на тоа сончево време ветерот и ја дува косата.Но,дождот ја потсеќа на едно друго време.На еден болен период.
Како што сонцето ја потсеќа на смеата,така дождот ја потсеќа на солзите.
Додека беше склопчена во нејзиното омилено кебе,надвор имаше силни грмотевици,дожот удираше по лимот,а во позадина одеа нејзините омилени песни од компјутерот.Зјапаше во една точка на таванот и сликите од нејзиниот живот се вртеа во нејзината глава.
Неколку саати подоцна,излезе.Надвор срамежливо се појавуваше сонцето,ветерот нежно и ја разбушави косата.Таа се насмевна.Го вдиша свежиот воздух.Дишеше со полни гради.Сеуште се осеќаше мирисот на дождот.Насмевката и беше самозадоволна.Се исправи,ја крена главата горе и продолжи да оди.
После дожот,се појави сонцето.
Знаеше дека таа фраза,на секој можен начин се појавуваше во нејзиниот живот.Тоа беше она што ја тераше да се бори.Знаеше дека по секоја темнина,мрачни мисли,солзи и турбулентен период,следуваше смеа,безгрижни денови и топлина во нејзиното срце.
Сега се обидува да ја убеди најважната особа во нејзиниот живот,дека сонцето е пред неа.Дека само треба да стане,да се исправи и ќе го види сонцето.Дека дождот престана,ветерот ги раздува темните облаци и дека сончевите денови се тука.
 
С

Сатори

Гостин
На автобуска ја видов темава... Сонце
Концентрационен логор полн со жртвите на секоја војна водена под чудовишните крила на човекот.Матријална борба, општествена, меѓународна, локална, социјална ... духовна.Уништување на приватноста и комплетно присилување на интимноста, поврзана со телевизиските приемници и сите смс пораки, наметната унифицираност во светот во кој што секој од нас живее, се раѓа и умира како последна битна персона.

Никогаш не мислев дека е кој знае колку важно да се зачува мислата што мине низ главата на моите пријатели, кои тврдоглаво ја чуваат секоја своја идеја само за своите луди надоградби.Тешко е, дури и на моменти, сожалувачки тешко, што изразот на лицето секогаш ја издава дури и најтајната мисла на нашето подло и руинирачко „суштествено“ живеење.Кога копнееме да ги урнеме темелите и никогаш не се доведеме до состојба повторно да градиме, да избегаме од сите оние слатки лаги на нашата генерација.Да се стопиме во светот од кој никој не може да избега.

Одземање на невиноста ... постојан војаризам врз духовниот и менталниот развој на една личност, полошо од силувањето на телото, кога и трагите и доказите за малтретирањето се видливи и секако на светот му е дадена уште еднаш можност да сожалува.Гребењето по сите оние тела што останале на патот, оние што не го купуваат својот сон како мене, оние што се борат со животот.
Вечното оправдување, немој да ми кажуваш што да правам со својата инимност и психа кога не знаеш со што се соочувам.Вечно избавување од ренесансното чистилиште на Данте.

Што се гледа под ноктите на прес-конференцијата што денес некој од големците ја одржал? Со која паста за заби утрово се измила девојката од спротивниот влез што носи секој ден црвена панделка во косата? Зошто?
Убиствено пролонгирање на она што ние го нарекуваме живот е само измачување во листата на погрешно и правилно, злобно и добро, поделбата што сама себе се негира за чест на власта во која што секој мал мини систем живее.Погледите кои што запираат на точките и запирките по улиците.
Долга руса коса, бел гартер и кратко здолниште на кошула закопчана до грло, посигурен чекор од мојот, онаков каков што никогаш нема да има некој што бега од сопствената сенка.Несовладливо лудило.

Но ... Добро утро сонце, како си ти денес?
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43

Покрај пајакот имаше мува
Мувата веќе беше мртва
Вплеткана во мрежата на интригите
Заробена во пикселите на виртуелното постоење;
Кога тој се приближи кон мувата
Се појави сонцето и ја оживеа
Дојде натприродното и ја убеди
Мувата доби втора шанса
Пајакот трета среќа
Мувата и пајакот сега заедно ловеа жртви
Ја делеа пајажината
Најголемиот дар на природата
Заедно го плетеа чворот
Кој вечно требаше да ги поврзува;
Повторно сонцето се појави
Овој пат со своите УВ-зраци
Им ја уништи пајажината
Им ја уништи иднината
Мувата и пајакот изчезнаа
Од лицето на природата;
Мувата и пајакот изчезнаа
Од лицето на вистината;
Изчезнаа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom