Тука пишуваме на зададена тема

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Години на љубов ги заборавив само поради еден миг на омраза.
Изгубени се некаде тие денови од злато исполнети со 24 дијамантски часови. Не се дава никаква награда, бидејќи засекогаш исчезнале.
Што би било кога тие страшила не би знаеле она што го направив, туку она што го чувствував?
Никогаш не ја сфатија моќта на зборовите. Лицата им беа само галерија од образи, во стаклените очи им блескаа разиграните демони од пеколот а говорот им беше како ѕвечкање на чинии.

Небото имаше некоја пурпурна боја. Облаците насобрани на хоризонтот се туткаа над мене и се турка еден со друг, како хунски орди пред некоја битка. Беа големи и темни. Сонцето немаше сјај и беше матно, како задскриено зад некој филтер. Беше жешко но дуваше ветер. Од двете страни на патот и по полињата сеното беше собрано во стогови, беа распоредени како пешаци на шаховска табла.

Го спуштив стариот зелен налик војнички ранец во калта, се беше безвредно во него. Ридот беше таму, пред мене. Мрачен и обвиткан со жештина. Почнав да трчам накај него. Некоја тежина ме притискаше во желудникот. Ми недостигаше воздух и танок слој на пот ми течеше по грбот и вратот. Ми навираа солзи што печеа на аглите од очите. Трчав побрзо, сакав да ги престигнам инсектите што бегаа од мене. Ми се чинеше дека гледам две црни очи во житото, токму под врвот, но тоа беа само дамки од светлина. Ветерот стануваше се посилен. Една далечна громотевица ја распара тишината. Сакав да се вратам назад, но нозеве сами итаа накај ридот.
Избегав, и не ни го свртив погледот на назад... ги мразев

Се искачив високо над промашувањето и бесполезноста од минатото и конечно стигнав на рамнината со радост, гордост, успех и разбирање. Секако помина многу од тогаш. Страшилата ги фрлив како старо железо кои им припаѓаат само на минатото, а тоа е веќе мртво закопано, нема да се закопам и јас со него.

А Антонио? ... Веќе ме заборавил. Го чувствував тоа. Тој ја започна сета таа караница.
Се обидував да го повикам во мислите
Антонио? Антонио, ме слушаш ли?
Знаеш ли дека загуби?
Не мислеше на мене.
Можеби беше мртов.
Можеби не постоеше веќе.
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Таа отиде на аеродромот спремна на се. Се качи на авионот водена од својот бес и од љубовта истовремено. Секакви мисли и поминуваа во главата, што ќе му каже, како тој ќе реагира. Ја одигра средбата во својот ум милион пати. Таа тропа на неговата врата, тој отвара... И натаму беше очигледно. Поминаа тие 10 часа, се симна од авионот. Колку ли беше чудно тоа место, прекрасно ама чудно. Секој метар беше обележан од неговите стапки, воздухот загаден од неговите лаги... Не знаеше на каде да тргне, здогледа такси и влезе во него. Човекот ја знаеше неговата улица и ја однесе таму. Каква ли улица беше тоа, колку многу куќи. Здогледа една девојка на нејзина возраст и ја праша за него. И ја покажа куќата и таа отиде таму. Стоеше пред прагот на неговата куќа и размислуваше. Ете собра храброст и тропна на вратата. Чекаше цели 5 минути и си помисли дека нема никој. Се сети кога стоеше пред вратата на авионот и си рече: Зошто по ѓаволите не се вратив??
Не, не, имаше некој внатре. Некој тропна. Вратата се отвори, да тоа беше Тој! Тој! И рече здраво, веднаш ја препозна. А таа само стоеше и го гледаше, тој беше претерано смирен за да биде вистинито. Нешто чудно се случуваше. Таа не изусти ни збор. Одеднаш ја здогледа Кенди, така и пишуваше на ланчето. Се доближи до него и го гушна од позади а тој се сепна и не рече ништо. Кенди праша која е Таа. Му рече душо, душо! Таа ги изгуби сите идеи во главата за тоа што ќе му рече и што ќе му направи, се сврте и си замина. Тој ја повикуваше но таа не се врати...

To be continued...
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Zasto ne se vrativ ?

Obicen den, dosaden . Polinjata na kaucuk vo Indonezija ocekuvaat dozd. Negde daleku na drugata strana od svetot stoi covek pokraj bregot na Belata Planina. Zagledan vo moreto ne ni primetuva deka se smrachuva. Odamna sum veke ovde , zosto ne se vrativ porano pomisli toj
Vreme e da zaminam povtoruvashe kako mantra .

Nekade daleku na padinite na Svarcvald edna devojka gledashe vo prozorot. Beshe debelka, so dolga svetla kosa . Vo ochite nemashe sjaj, se dodeka po liceto ne i se protrkala edna solza. Stana od rasklimanoto drveno stolche i poleka se doblizi do ormanot.

Po nekolku dena na aerodromot vo Milano vo golemata guzva i brkotnica kade iljadnici luge kako mravki brzaa da cekiraat svoite karti, vo tolpata od edniot vlez se pojavi covekot vo dolgiot kozen crn mantil. So zabrzan od se probivashe niz lugeto.Ne primetuvashe nikogo . Ne ja primeti ni devojkata koja se sudri so nego , imase samo edna cel da go fati svojot let kon Svarcvald.

Devojkata so rumenite obravchinja odmavna so glavata . Kolku bezobrazen covek pomisli i se upati so zabrzan od kon cek in stanicata.

Edna karta za cekiranje ve molam

za kade prasha - devojkata koja cekirashe karti

Indonezija ve molam.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
По трите години минати заедно, изгледа во последните неколку месеци главно хоби ни беше взаемното повредување. Секогаш мислев дека има нешто мазохистичко во мене, а и во неа, меѓутоа секоја наша кавга ме тераше да се предомислам. Во нејзините очи го гледав раѓањето на болката со секој суров збор кој и го упатував, а тоа што го забележував во нејзиниот поглед, го чувствував во моето срце. Можеби и таа знаеше колку ме боли, но, сепак, никогаш не престанувавме да се убиваме со зборовите.
Тој ден беше посебно тмурен, ниту врнеше, ниту имаше сонце. Само некој чуден ветар кој носеше морничави чувства во своите воздушни конци. Не се ни сеќавам колку беше часот, ниту пак колку време залудно беше потрошено додека повторно се каравме за истите глупави проблеми. Зошто таа се видела со него, зошто јас се видов со неа. Врескаше. Вената на вратот и беше набрекната, очигледно на целата крв од нејзиното тело и имаше заповедено да оди директно во нејзиниот мозок и сета таа мака за да може да ме повреди колку што е можно повеќе. Немав сила, немав ни волја за нејзините зборови кои толку многу ме печеа. Таа беше како парфем. Ја сакав околу мене толку многу што секогаш претерував со консумирањето, па алкохолот во неа ми ги печеше очите, а понекогаш и страдаше некој капилар. Додека лицето и беше вцрвенето и не покажуваше никакви знаци дека планира наскоро да запре, јас станав и ја прегрнав. Толку многу ја љубев, по сите години, по сите навреди таа сеуште беше најважниот дел од мене. Прв пат по сите кавги се опушти во моите раце и почна да плаче, тажно како што плачеше секогаш, не испуштајќи никаков звук и исполнувајќи го просторот околу нас со тагата од нејзиното срце и солзите од нејзините очи.
- Како се случи ова со нас? Кога се случи? Јас кога ќе помислам на тебе мислам на твојата насмевка, на твоите очи, не на овие проклети зборови кои трујат се што имаме...- Ужасен беше тонот со кој го изговори тоа. Таа беше премногу гладна за да престане да се кара и да се храни со огорченоста, но и премногу сита за да продолжи да ја консумира неподносливата болка како дневна доза.
- Не знам... Ништо повеќе не знам. Само знам дека повеќе не можам. Се уморив, се изнемоштив и повеќе немам сила за љубов или омраза. Имам само лице да заминам! - Полека ја отргнав од мојата прегратка и ја седнав на креветот. Тоа го прими како убод од оса која и стоела на раката толку долго, па само беше прашање на време кога ќе го остави својот задник во нејзината рака. Солзите продолжија да течат по нејзиното лице, а таа едвај изусти.
- Остани... Те молам...-
Но не можев!
Наредното утро вратата беше отклучена. Така јас ја оставив кога излегов. Немав глас ниту пак лице да го изговорам нејзиното име, само полека чекорев, не правејќи никаков шум, и ја барав со погледот. Лежеше на креветот каде што ја седнав. Немаше љубовни пораки напишани од нејзината крв. Немаше морничава музика ниту пак моја слика, на која има остатоци од нејзиниот кармин. Се што имаше беше крв. Многу крв. Таа се сакаше себеси и се плашеше од смртта, а како тогаш имала храброст да го направи тој рез и да и дозволи на црвената река да потече надвор од нејзиното тело? Нозете почнаа да ми се тресат, а телото ми трепереше. Овој пат јас бев личноста со солзи во очите и очај во срцето. Мојата сакана беше насекаде околу креветот, навлезена длабоко во паркетот и свилените чаршави, на кои толку често водевме љубов.
„ Зошто не се вратив?„ Помислив. Не беше поради гордоста, не беше поради лутината. Останав со таа курва која дури не успеа да ми продаде оргазам. Ми продаде горчина и срам. Не се вратив затоа што не ја заслужував додека беше жива, а сега не можам да си одам... Мртва ми припаѓа само мене!
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Зошто не се вратив?

Поминаа многу лета, многу спомени останаа и само горчлива насмевка на усните. Се сменивме, веќе не сум истата јас која некогаш бев и не си истиот ти кој некогаш те познавав. Многу работи се сменија, многу зборови се изустија кои не требаше да се кажат. Многу премолчени нешта, солзи, страв, шепот, јас и ти. Беше моја поткрепа, мој пат кон сонцето, моја радост за успехот, моја тага за поразот. Беше она што другите само го посакуваа, а јас скришум го имав. Прекрасно чувство, прекрасни ноќи и денови и смеа во школските клупи. Бевме заедно а сепак оделени, бевме пар, а сепак другари. Тоа беше наша тајна, ти беше моја љубов, а јас? јас бев предавство. Јас бев твоето забрането овошје кое многу го посакуваше. Ти ми беше се што другите не ми беа. Но, ете, помина време, имињата од песокот се бришат, спомените бледат, или сакам да избледат? Ќе ја заборавиш ли нашата разделба? Колку и да сакам, неможам! Неможам против себе... знам дволична сум, ама прифати ме. Живеам само трошка од она убавото од животот и велам добро ми е. Ха пак дволичност, пак немоќ и страв. Секој ден борба со самата себе, секој ден се прашувам зошто? Зошто не се вратив? Кукавица сум, знам, неумеев да се борам за вистинската љубов, а те сакав, проклето те сакав и верував... Не прашувај ме зошто не се вратив? И зошто кај друг отидов и на друга те оставив? можеби од страв од преголема среќа, можеби од она забранетото што веќе нема да биде забрането, можеби од немоќ да се справувам со цел свет околу мене? Можеби... Милион прашања и одговори. Се свртев, скришум, онака како порано, и сакав да го доловам оној поглед кој ме пратеше, кој ме усреќуваше, охрабруваше. И толку, имав сили само да се свртами продолжив по примрачната патека со непознати луѓе и животи. Нови романи животот пишува сега, сменети сме и ти и јас. Верувај ми, дека таа љубов остана, таа искра во очите и сам ја виде, тоа треперење... Требаше да се вратам ама сега доцна е, време е за нови почетоци и успеси, не дозволувам порази. Поразот на срцето многу боли, а ако се вратев ни тоа немаше да биде пораз туку еден хепи енд. А сега касно е за враќање, мислам смешно е, немам образ ја за тоа. Останаа спомените, шепотот, сјајот во очитеи она „збогум„, да, и мојата дволичност. Зошто не се потрудив да се вратам, туку само се свртев. Поразена продолжувам секој ден прашувајќи се...:helou:
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Зошто не се вратив?

Aххх, ти. Го помниш ли оној ден, денот кога се свртев и заминав? Помниш ли, кога ме притисна за вратот, кога ме туркаше наназад со огромна сила? Се каравме, викавме. Опкружени бевме со луѓе кои воопшто не не приметуваа. Веќе не се ни сеќавам, веројатно не ни сакам. Зошто ли се каравме? Беше себичен, помнам. Секој пат кога немаше да биде по твое ме окривуваше мене, а јас, јас бев вљубена. Бев и будала, милион пати простив да ме навредуваш и кога не бев крива. Беше никаков. Воопшто не ме почитуваше. Викаше дека ме сакаш, тогаш, зошто се чувствував како во затвор? Мислиш дека беше секогаш во право? Мислиш дека си светец? Или пак само еден глупчо? Ме ставаше сопки на секој мој чекор, неместо да ме поттурнеш. Беше крајно, неподносливо и болно љубоморен. Уште повеќе и посесивен. Бев и јас, ама сигурна сум не колку ти. Сончево беше, ама ти... секогаш да упропастиш, знам. Ме налути памтам, те удрив, а ти? Кукавец, бедник, ми врати. Знаев и без тоа дека си силен. Ах, да заборавив, се докажа пред другарите. Ај јас трпев и те гледав право во очи. Беше одвратен, лут, бесен. Проклетник...

Бедотијо, сеуште ли се прашуваш Зошто не се вратив?
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Беше прекрасно..Живеевме еден за друг..Го обожавав тој период од мојот живот..Станував со помислата дека некој ме сака, дека на некој му сум драга и дека некој мисли на мене..Се сакавме..Тоневме во бунарот на љубовта, не знаејќи дека бунарот има крај..Имаше мигови кога нашата љубов беше поцврста и од челик, кога ништо не можеше да и наштети на таа наша духовна поврзаност, но имаше и мигови кога стоше на стаклени нозе. Понекогаш беше неизвесна, заплеткана... Минаа толку денови, месеци... во од нив твојата блискост ми значеше премногу. Имам толку спомени кои и да сакам, никогаш не можам да ги заборавам, нешто кое засекогаш ќе остане врежано длабоко во моето срце.
Зошто не се вратив?..Затоа што..Свесна сум дека повеќе нема ништо од тоа што порано беше..Свесна сум дека и да се вратев немаше да биди истото..немаше да ја има онаа искра и онаа страст како порано..
Да пуштиш некого иако боли не значи дека ти мора да се откажиш од се!.. Ти само мораш да ја пуштиш личноста, но чувствата и спомените секогаш ќе бидат тука, во срцето, без разлика дали биле добри или лоши. Затоа што, кога и да се потсетиш, тие спомени секогаш ќе ставаaт насмевка на твоето срце и твоето лице и треба да бидеш среќен што еднаш во животот, таа личност те направила среќна и оставила бои во твоето срце... Иако тоа било за кратко...
Никогаш не жали за она што си го сторил. Ако било добро, тогаш тоа е прекрасно, а ако било лошо, сметај го за искуство!
Работите се менуваат, а исто и луѓето. Обидувајќи се да го заборавиш минатото, не значи дека си го прикрил! Ако го пуштиш нештото не значи дека си се откажал од него... Едноставно значи дека си продолжил понатаму и си ги прифатил дека некои работи и личности не ти биле судени.
 

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Никогаш не верував дека тоа може на мене да ми се случи. Да лебдам на крилјата на љубовта, занесена од магијата која ја нуди. Секој ден да ми биде како сон кој го сонувам со отворени очи. Да се будам со мислата дека на светов постои некој кој е создаден за мене, некој кој ми го исполнува животот. Да бидеш извлечен од дното, каде што владее најголемиот мрак, да живееш во свет во кој владее монотонија и сивило, да бидеш напуштен од сите без трошка верба и надеж.... И во еден момент се појави ТИ. Ми докажа дека вреди да се живее, со тебе ги видов убавините на светот. Како да ме занесе со погледот кој освојува. Ти се предадов цела. Треперев секогаш кога го чувствував твојот допир по моето тело. Живеев за моментите кога сме припиени еден до друг, кога можев да ти го почувствувам здивот и чукањето на срцето.
Од тебе ја црпев енергијата за да продолжам понатаму. Да не потклекнам, да бидам силна и да се борам со сите нив. Во ниту еден момент да не покажам знак на слабост, да не им дозволам да ме уништат и да уживаат во моите солзи и нивната победа.
Не сакав никогаш да престане тоа чувство на сигурност. Но, еден ден ја дознав вистината..... Се случи и тоа кога најмалце очекував. Ме издаде. Ја изигра мојата доверба заедно со силата на љубовта.
Во тој момент посакав да ме снема, да заминам некаде далеку и никогашш повторно да не те видам. Целиот свет ми се сруши. ТИ тоа ми го направи. Тонев во солзите кои непрекинато течеа. Се гушев во нив. Неможев да ја поднесам болката која проклето, полека и незабележливо ме убиваше. Мислев дека се` е завршено, дека во секој момент ќе отчука последниот час, дека за мене веќе нема живот.
Поминуваа денови, болката на моменти се` повеќе и повеќе ме обземаше. И престана. За кратко време. Благодарение на таа болка сега веќе не сум истата. Ме научи што значи да бидеш цврста личност.
И кога најмалку те очекував се појави ТИ. Повторно ги видов очите во кои тонев секој нареден пат, рацете кои посакував да ме гушнат силно и никогаш да не ме напуштат. После долго време повторно бевме близу еден до друг. Ме молеше, ме преколнуваше до солзи да се вратам, да биде се` како што беше.....
Не. Овој пат нема да ти дозволам. Ќе го победам проклетото чувство кое го рони на делчиња моето срце и ќе те одбијам. Не можам да ти дозволам уште еднаш да ме повредиш?!
Ме прашуваш ЗОШТО НЕ СЕ ВРАТИВ? Затоа што ТИ го уништи сето она што го создадовме заедно. Ги турна во бездна сите години, спомени...
Ме донесе мене до дното каде што несакам никогаш повторно да се вратам. За сето уништено си виновен ТИ. Не и за моите чувства кон тебе. Нив самата ќе ги победам и ќе се борам до крај. Ќе ги потиснам во себе и никој нема ни да знае дека постојат.
Ќе продолжам со животот и срцето полно со љубов за тебе, но без тебе до мене.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Посветено :)

Тешко е кога водиш борба во себе, тешко е кога доаѓаш до конфликт со две спротиставени страни кои живеат во тебе. Се делиш на две, трчаш од еден на друг крај, сакаш да го исчистиш оружјето и таму и таму, сакаш фер борба, но од ниедна страна да нема крв. Посакуваш и бараш нешто што ќе ти донесе нова ѕуница под која двата фронта ќе си подадат рака и ќе работат во твоја корист понатаму низ животот. Тешко е да не си пристрасен додека седиш високо на престолот и очекуваш да почне бојот, кога расте возбудата со секој поминат миг додека чекаш за да го прогласиш победникот и потскокнуваш при секое движење, кога посакуваш да кренеш рака да прекине се` затоа што еднакво го чувствуваш секој удар од двете страни.
И зошто сето тоа раскинување на себеси, вртење кон нешто што си можел да го решиш на мирен начин, засукување на ракавите токму кога треба само да покажеш со прст и да одбереш? Дилемата ги кине конците на рационалноста, го губиш допирот со она што е најважно за тебе, ја туткаш кошулата од немоќ да си забиеш нокти во образ.
Добро е, сфати дека ниедна борба нема да го реши она за кое треба сам да донесеш одлука, да ѕирнеш длабоко во себе и да се прашаш што всушност ти е потребно. Кога ќе дојде оној блескав момент, кога ќе сфатиш што очекуваш и што е твое, ќе си го накитиш челото со венец и гордо ќе ја кренеш главата во знак дека си успеал да бидеш сам со себе за себе.
Искини го листот на кој стои она: „Зошто не се вратив?“
Најдобро е да научиш како да ја свртиш главата надесно, само со поглед да постелиш сигурна патека и конечно да земеш сила за да истапиш напред.
Не можеш да се вратиш, но затоа можеш да тргнеш. Не е тешко.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Од денес одиме со официјализирање на напишаното, па бидете внимателни како ќе се произнесете. :)
Темата се вика, Солзи од мед...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Беше тоа ладна вечер. Толку ладна, црна и пуста што и со самиот поглед низ прозорот го чувствував тоа.
"Зошто гледав низ прозорот" - ќе прашаш ... гледав зошто само така мислев дека ќе дојдеш побрзо. Само тоа го сакав, дека беше навистина ладна таа вечер.
Се сеќавам добро ... на мене ја носев старата, излитена и дебела блуза, панталони кои не одговараа со неа и беа скоро искинати, косата ми беше несредено собрана, а лицето бледо и грдо без трошка шминка да го прикрие тоа.
Тоа не личи на мене? Знам ... очигледно заборавив на себе гледајќи низ прозорот толку долго време.
Почувствував глад конечно. Истрчав до фрижидерот, но тој беше празен. Доцна е, продавничките до мене се затворени, а до тие поголемите, подалечните и непознатите има долг и за мене страшен пат. Лесна одлука за секој гладен човек, но не и за мене. Преплашена од самата помисла да излезам и тргнам по нив, гладна и изнемоштена седнав повторно до прозорот да те чекам.
И тоа не личи на мене? Знам ... очигледно и желбите и храброста ги изгубив некаде исто така, додека те чекав.
Ништо не се менува, ништо не пушта звук, ништо не мрда ... се` е уште како што веќе добро знам дека е.
Наеднаш се сетив дека ни цигара не сум запалила долго време. Истрчав повторно до другата соба да земам цела нова кутија и уште позабрзано се враќав назад, за да случајно не ја пропуштам глетката како се враќаш.
Зошто мислев и чекав да се вратиш? Зошто чекајќи така долго, сум поверувала во тоа дека треба и сакам.....

Но што да видам пред да седнам ... о, не! Колкава дупка на креветот! Тоа е месото до прозорот каде што трчам да седнам? Од каде е таа голема дупка? Зарем е тоа мој белег? Треба долго да се седи на еден ќош од кревет за да се остави толкава голема трага.
О, не ... колку време седев тука јас? Колку време потрошив на тој ќош до прозорот чекајќи те скоро без здив, кој би ја вознемирил совршената тишина која успеав сама да ја создадам, за да не го пропуштам долгоочекуваниот звук од твојот чекор?
Каде сум јас всушност и што барам тука? Какво е ова лудо и осамено место? Зошто сум тука кога тоа не е тоа што јас го сакам? Зошто повеќе ништо не знам, зошто сум толку збунета, зошто повеќе ни својот лик не си го познавам, зошто и мојот внатрешен глас ми е како туѓ? Зошто чекам нешто што не сакам да го имам? .....
Заминав од тука полека и сеуште збунета.

Зошто не се вратив?

Зошто од тоа проклето место тргнав по тие долгите, темни и страшни улици без тебе, со првиот чекор надвор веќе ја почувствував повторно мојата храброст и среќа и сфатив дека не сакам!



п.с. Виктор ми дозволи да напишам текст на претходната тема, бидејќи не каснам многу, а и дека ми е прв пат де ...:podsmev:
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Solzi od med

Pominaa tri godini. Odamna beshe koga posleden pat go vidov likot na Marija. Tri godini. Sega koga se prisekavav ne mozam da ja dopram. Taa nekade zaluta vo tie tri godini. No, deneska taa ke bide tuka. Na avtobuskata stanica ke ja soceka edna bleda senka koja nekogas ja ljubeshe.

Solzi od med . Teski i bavni kako trite godini izminati bez nea.

Solzi od med koi se trkalaa tri godini niz mojot zivot cekajki go avtobusot poln so nekoe cuvstvo koe sega ne znam da go opisham . Nitu e ljubov, nitu e omraza , blutkavo slatkasto cuvstvo na iscekuvanje... kako solza, kako zelba , kako neminovnost koja sledi...

Ma jebem ti solzi ebati pedercheto zemi iskini ja od ebenje - se slusna glasot . Koji ti je jebeni kurac plachipichko solzi od med , solzi od med, prevrti i ja pichnata zila neka grebe ko machka po parket ... shmole - izgovori Mick . Potstanav poglednav vo sobata nemashe nikoj samo jas i sekako Mick , covekot alergicen na solzi a osobeno na solzi od med.

Gi zatvoriv ochite i bev povtorno sam vo sobata , ja potkrenav kragnata na mojata bela koshula i se upativ kon avtobuskata stanica...kade nema da ima solzi , barem ne ovoj pat.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ме плаши чувството на неадекватност, кое ми се накалемува како присилен товар на коскиве, секојпат кога сум сведок на туѓите солзи. Нивниот пелин, станува мој пелин, а шеќерниот разблажувач на горчината не е во мои раце. Затоа, тогаш сакам да побегнам. И бегам. Така го пригушувам врисокот на нивната беспомошност и мојата немоќ.
Но, немам место за криење кога ги гледам нејзините солзи. Поради тоа, не само што ме плашат, туку ми изгледаат и одвратно. Не можам да ја поднесам нивната згусната и леплива текстура на само-сожалување и егоцентричност, камуфлирана во тешката благост на жртвувањето.
Кога, на почетокот, ќе почнат споро да се лизгаат, делуваат како мелем и храна. Но, колку повеќе течат, толку слаткиот вкус се повеќе заситува и станува безличен. Заситува со својата тривијалност до момент на повраќање. Сепак, таа не престанува. А јас не можам да ја гледам.
Ја удирам и ја снемува од мојот поглед. Остануваат само парчинња скршено огледало, извалкани со тешките лепливи солзи од мед.
 
S

Sith_Lord

Гостин
Секој ден стануваше рано наутро, пред изгревот на сонцето. Нејзините сестри дотогаш веќе одамна беа будни, внимателно грижејќи се за децата, кои сеуште премногу кревки, не беа подготвени да се соочат со светот. Буката која одѕвонуваше во нејзиниот пренатрупан, по сабајлечки раздвижен дом секое утро и ги заглушуваше ушите. Се прашуваше кога ќе начека момент тишина, момент за себе, но како одговор добиваше само врева. Секогаш истата неразговетна врева. А потоа миг на подготовка, и денот и започнуваше.

Откако ќе појадуваше, со мала воздишка го напушташе својот дом, поаѓајќи кон работното место каде што го исполнуваше својот удел во прехраната на нејзината фамилија. Неуморно работеше по цели денови, без прашање, без горка мисла на обесправен роб, постојано плашејќи се дека нејзините сестри, дека децата еден ден нема да имаат појадок на масата, ниту ручек после тоа... А кога сонцето ќе почнеше да заоѓа, повторно се враќаше во домот без приватност, во домот каде не постоеше Јас, туку само Ние.

Денес таа работеше понапорно од било кога во нејзиниот живот. Чувствуваше како силата полека ја напушта, a сакаше да допринесе на идната благосостојба на нејзината фамилија. Деновите стануваа се поладни, а зимата оддалеку се клештеше на нејзиниот потенцијален плен. Денес таа се потруди да понесе поголем товар отколку што нејзиното тело можеше да поднесе, и доаѓајќи дома, знаеше дека го гледа домот за последен пат. "Конечно мир." си помисли.

Тетеравејќи се на прагот на кошницата, пчелата некако успеа да се довлечка внатре. За последен пат и се поклони на матицата и издивна. По нејзиното тело се стркалаа неколку солзи од мед.

Sith
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Седеше во аголот на мала затемнета соба, отспротива во мракот зрачеа две сјајни очи кои го криеа неговото проклетство. Ѕидовите на собата стануваа претесни или него го гушеше вистината која не сакаше да ја прифати, а се повеќе ја откриваше својата есенција. Чуствуваше потреба да му се доближе на таа чистота, да го реализира тој копнеж заробен длабоко во потсвеста. Заробен во длабочините на субјективното предрасудно ограничување се претвора во валкан фетишизам, потиснат без нималку простор за излез. Но таа соба се чини изземена од секаков грев, мракот кој ја обзема ги ослободува и најдлабоките гротескни слики на погрешност. Ова е неговата шанса за салвација, инстинктот го презема неговиот физикус, ги контролира сите негови движења. Ја крена главата и погледот го насочи кон тие две очи. Чистота, фатално привлечна перфекција која комплетно го обзема. Во обидот да го анихилира природниот нагон го потиснува некаде длабоко во внатрешноста. Но погледот ја отвори пандорината кутија и премина во она што безрезервно го презирал, во чудовиште без никакви принципи. Паѓа во амбисот на погрешноста, неговата психа ја преплавуваат слики на изопачени сексуални актови, анималии со фалусна машкост ја искористуваат невината кревкост. Грозни сцени на крвава дефлорација, брутално ректално пенетрирање. Почнува да се приближува полека, во состојба на болна морбидна обземеност, до тие очи кои зрачеа со наивност. Ѕверски и неконтролирано движејки се кон нив со цел да истури на нив се што се насобрало. Се приближа на само неколку сантиметри од нив и запре пред да се материјализира злото. Сноп од светлина се одби од веќе навлажнетите очи, светлина која го врати во реалноста. Од очите се пролеа солза, медена солза која ја криеше вистината, солза што го врежа гревот во разумот. Го зеде пиштолот во рака, солзата која ја носеше пресудата падна на подот. Го повлече чкрапалото …

Не можеше, не смееше … Беше премногу млада, премногу погрешна …
 

Kajgana Shop

На врв Bottom