MorrisonKA
You need a fucking hobby, bitch!
- Член од
- 23 март 2007
- Мислења
- 815
- Поени од реакции
- 27
Сосема обичен ден. Обичен како комшијата спроти. Обичен како продавачот на ѓевреци. Обичен како мене. Ме дави полека, недоволно јако да ме докрајчи, да ме проголта како жив песок.
Го мразам денов, ја мразам неговата обичност, го мразам фактот дека и јас сум обична. Сакам да сум портокалова точка на ѕидот, дамка на избледената блуза, песна на Балашевич, книга на Селимовиќ, микрофон на концерт на Мизар. А, не сум.
А и спалнава соба е обична. Недоволно голема да се чувствувам удобно, недоволно мала за да почнам да добивам напади на клаустрофобија. Кога Животот поминувал низ населбава, најверојатно ја заборавил скршнувајќи лево. Ѕидовите се бели, досадно бели. Посакувам да сум молер. Да носам син, избледен комбилизон и капа на главата.
Прозорецот е мал, погледот низ него помизерен од моите текстови. Одам во вецето, таму се чувствувам пообоено и посигурно.