Тука пишуваме на зададена тема

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Беше посебно тивко во болницата.Полутемниот ходник и клупата на која друштво и прават веќе две години ги измачуваа со секоја мината секунда.Го мразеа ова место.Го мразеа секој момент кој ги доведе овде.Во оваа болница,на оваа клупа.Колку само солзи истекле овде,колку страдање,колку ноќи поминати полни болка и омраза кон неправедниот живот кој брутално си поигра со нивната идила.

Двајцата седеа мирно.Неговите очи беа крвави,но тој не плачеше.Мирно седеше благо прегрнувајќи ја неговата сопруга додека таа тивко липаше во неговите прегратки.Неговото лице беше старо,а косата седа.Но тој беше млад.Премногу млад.Уште се сеќава на денот кога ја донесоа овде и кога им беше кажано дека од тој ден натаму нивниот живот ќе се претвори во пекол.Од тој ден тие ќе мораат да ги трпат сите камшици на животот и сите подли игри на судбината,неможејќи да направат ништо,освен да гледаат,да седат,да плачат и да чекаат.А чекаа премногу долго.

Таа ја крена главата и го погледна.Се оттргна од неговата прегратка и го погали по лицето.

-"Неможам веке.Неможам веќе да гледам беспомошно.Неможам веќе лажно да се смеам и да лажам дека се ќе биде во ред.Неможам да глумам"

Ја погледна во очите од кои вриштеше очај.Сакаше да и каже дека треба да биде силна,дека треба да издржи.Дека не е се' изгубено.Но,не можеше.Беше сосем свесен за нејзината болка.За театарот во кој ги играа последните две години на животот.За лажната среќа која мораа да ја презентираат за да ја исфрлат од нејзината тешка реалност.Знаеше дека овие моменти,кога тие седат на оваа клупа,се единствените во кои можат да бидат свои.Во кои не мора да трчаат на некое темно место за да се исплачат.Во кое немора да глумат дека се силни.

-"Уште чувам од нејзината коса.Собирам уште кога беше мала.Секоја промена на боја ја имам одбележано со по неколку влакненца и секое делче од таа промена го чувам.Беше толку убава,толку долга.Секој ден ја чешлав додека не порасна и не ми го зема чешелот од рака.Кога го направи тоа,почувствував дека губам дел од неа.Кога тргна во училиште исто.Секоја нејзина промена,секоја нова нанижана година ме плашеше неизмерно.И сега ова.Сега се мразам себеси.Сега е целосно наша оти кутрата нема избор.Живее во затвор и вене,а ние ја гледаме и глумиме среќа додека ни умира во рацете!!"

Го пригуши крикот кој и надоаѓаше.Солзите почнаа силовито да течат.Го извади шамивчето и почна да ги брише.Побледе.Рацете почнаа да се тресат.Тој немо ја гледаше.

-"Вие сте ми се' во животот.Вие сте ми животот.Немам веќе сила за оваа игра.Немам.Дел од мене умираше со секоја игла во неа,со секое паднато влакно,со секој крик.Бесно умирав овие две години слушајќи ги сите како ни даваат лажна надеж дека ќе биде подобро."

Милно го фати со двете раце за лицето додека и него му излизга една солза.Ниеден збор немаше да ја утеши.Се изнаслушаа и двајцата доволно такви за да станат имуни.Собра сили и и' рече.

-"Оди освежи се.Измиј се.Пребледнета си и се тресеш"
-"Да.Ќе одам да се измијам"

Стана.Неколку чекори направи,се затетерави и падна.Тој веднаш скокна од место и се стрча кон неа.Ја крена од земјата и го почувствува оној страшен студ и мир кое телото го има кога духот решава да го напушти.Таа сеуште го држеше нејзиното шамивче цврсто.Нејзиниот најдобар другар.Тоа само вистински го впиваше значењето на нејзините солзи.Солзи од мед.

Слушна чекори.Викна "Помош" на цел глас.Докторот кој доаѓаше го слушна,се стрча и ги испушти од рака резултатите кои требаше да им ги даде како добра вест за опоравувањето на нивната ќерка.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Кај железничката. Таму живееше. Секое успешно зграпчено слободно утро се приближуваше на тоа свето место, оставаше испотени отисоци од боси нозе врз шините, шеташе. Ја фасцинираше формата на неговото тело и сенката на малите бубачки послани врз бескрајот, шините. Ммм, колку беше прекрасно, пријатност споредена со чинија пудинг, тоа беше сонце во 5 илјади бои кое лебдеше горе, во кристална јаснотија, за разлика од градот каде што згради и објекти го сечеа и го правеа нереално и носталгично далечно.

Многу претходно, константно низ времето, а сепак и многу подоцна, на ова беспросторно бескрајно безимено место, илјадници солзи од мед полни надеж паднаа, од нив требаше да никнат илјадници црвени булки, и да го обраснат и приклештат во својата дивина возот кој ќе тргнеше секој момент и со себе одвлекуваше една кротка четвртина срце, дали тие проклети возови се движат на срца?!

Булките пораснаа, но само колку да се покријат со прав од постоење на една осамена машинерија и да заспијат од срам.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Солзи од мед

Го чувствував сонцето како ме опкружуваше со топлина додека ветерот непрестојно ги галеше лисјата.... уште еден сончев ден и уште една тажна песна. Те сакав.....или сеуште те сакам,тивко говорев. Сам бев, но тие два збора и не значат многу доколку мислев на надворешната осаменост. Со мала воздишка го зграпчив цветот почнав лист по лист да го кинам црвениот.... Беше ознака за нашата верност. Но,таа и бездруго не постоешe бидејќи таа ја раскрши на ситни делови минатата вечер. Седнат овде,повреден... пробував да повторам моменти од ужасната глетка. Судбината на искинатиот цвет беше таа, но судбината на моето срце....сеуште те сакав . Додека ти беше онаа која ја предизвика раната,ти беше и единствената која можеше да ја излечиш. Вечерта кога повторно те видов, сеуште крварев ,не можеше да го забележиш крварењето,можеше само да го забележиш мојот блед поглед. Постојано ме прашуваше:
"Што ти е?"....
Можеби и ќе беше подобро тоа прашање да си го поставеше на самата себе,си мислев. Од под маса,ја извадив кутијата во која стоеше раскинатиот цвет....
Таа ја наведна главата. Можев да видам дека кристалните очи веќе и не и блескаа како порано,а сепак,златна солза потече од нежното лице. Сфати што се случуваше... ја стави раката врз мојата,а преку плачот можев да го слушнам зборот "доверба", но не помина секунда,а таа веќе трчаше накај излезот,изговарајќи два збора како недовршена реченица кои почнаа да создаваат ехо во холот на ресторанот во кој ја одведов. Зборовите гласеа:
"Јас никогаш...".
Се прашував што сакаше да каже.... но прашањето сепак само таа можеше да го одговори.... додека ехото замираше,а таа пополека избледнуваше во далечината, незнаејќи што да правам почнав да трчам по неа. Но вниманието го попречи уште еден кристал кој осамен стоеше на земјата. Не беше само солза,туку беше нејзината солза од мед заедно со наводнетиот прстен кој го подарив како знак дека ја сакав...
Но јас сеуште те сакам"-го повишив гласот колку што господ ми дозволи.
Но неа ја немаше,останаа само два незначајни предмети кои некогаш означуваа нешто што отсекогаш го чувствувавме,а скинати и оставени ја докажаа мојата недоверба. Се обвинував себеси што скинав нешто пред да дознам зошто треба да се скине. Реченицата која не ја докажа беше објаснение за нејзиниот акт,а оставениот прстен беше доказ дека ја мразев пред да дознам зошто треба да ја мразам. Но нејзината реченицата и до ден денес остана непотполна,а јас и до ден денес го чувам наводнетиот прстен за да ја намалам загубата на медениот вкус на нејзиното тело,здив и солза...
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Надвор е веќе темно. На небото се гледаат безброј ѕвезди..Малечки, сјајни, убави..И кога човек би се загледал во нив, не може а да не си помисли:-Боже, колку ли се среќни? Иако не се живи суштества, сепак, можеме да ги споредиме со нас, затоа што, како и нас, така и нив, нешто што било помудро и посилно од нас ни закачило судбина околу врат која постојано те следи како верна сенка...
Одеднаш се слушнаа чекори..Нејзините мисли беа прекинати од него..Дојде, ја гушна силно, и и рече:-Малечка, јас дојдов..
Таа го погледна со нејзините прекрасни големи очи и му рече:-Размислував за ѕвездите, за судбината..И тие имаат своја судбина..Што мислиш ти? Дали ти си мојата судбина? Или си судбина на некоја друга? Интересно прашање со веродостоен одговор кој постои и можеби е точен дека таму некаде надвор од нашата планета, далбоко во универзиумот постои некоја виша сила која ја создава целата ова хармонија..Ме слушаш ли?-Тивко рече.
-Те слушам. Зошто ова ми го зборуваш? Кон што целиш малечка?
Беше збунет. Ја погледна неговата малечка.Ја погледна и ја бакна..
-Утре заминувам-рече таа.Заминувам и не се враќам!
Тој пребледе..Во главата почна да му зуе, почна да му се врти. Неговиот поглед стана одеднаш ладен. Исчезна топлината од неговите очи и од неговото тело. Стана студен, ладен и ладнокрвен.
-Замини, ајде што чекаш! И така не сакав да бидиме заедно.
Таа почна да плачи. Плачеше како мало детенце, толку искрено, толку жално. Лееше солзи од мед а тој, ладнокрвно ја гледаше.
-Да живееш, да се надеваш, да бидеш среќен, да успеваш. Некогаш да се искачиш до највисокиот врв на љубовта, за потоа еден поглед, еден кобен момент, една постапка да те спушти и одведе до самото дно. Да биде пресудна за да патиш, да те боли, да те печи болката во срцето, но ПАК да најдеш сили за да продолжиш да живееш и да се НАДЕВАШ..Тоа е љубов! Знам дека ме сакаш!
Си замина заедно со последниот зрак светлина..А тој остана вкочанет, разочаран, потиштен..
-Ќе те чекам малечка..тивко проговори
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Ја затвори и заклучи вратата. Од станот спроти, како по обичај се слушаа гласови и вресоци. Се расправаа комшиите.
-,,Ви ибам племето!‘‘ - си помисли и почна брзо да се симнува по скалите. Отсекогаш мразеше лифтови, не поради тоа што беше клаустрофобичен туку како мал се имаше еднаш заглавено. Тие два саати поминати чекајќи да го одглават лифтот, оставија траги во детскиот ум. А, беше такво слабушкаво, нежно и мирно дете што неговите дома мислеа дека требало да биде женско. Мајка му беше секогаш задоволна од него, како и за секоја мајка за неа тој беше најубавото суштество на планетата. А, татко му секогаш намрштен и строг често знаеше да му префрлува поради неговата слабост која тој сметаше дека не прилега на едно машко. Во таквите ситуации, мајката се фрлаше во улога на бранител, а таткото сакајќи или не набрзо ќе се повлечеше. И ден денес, мајка му секој ден му се јавува по два пати, а татко му го гледа само на неделните ручеци. Но, намќорот е веќе разнежен старец. Стравот од смртта изгледа го тера се повеќе да размислува за одминатиот живот.

Се симна брзо на приземјето, дишеше забрзано, а срцето брзо му чукаше.
-,,Техника на бавно дишење‘‘ - си го спомна ова в себеси, иронично насмевнувајќи се и држејќи ги рацете на колената, поднаведнат. По разводот, падна во депресија. Се запиша на Јога и почна да чита книги за самопомош. Никогаш не беше религиозен, но во таквиот момент му беше потребно нешто такво. Глумеше вегетеријанец, иако секоја недела мораше да го јаде ручекот на мајка му кој секогаш содржеше месо. Одеше на семинари за здрав живот, макробиотика, медитации, зен- будизам, кристалотерапија итн. Реши да биде мистик и беше се додека паричникот не му кажа да престане. Заработуваше солидно, но не доволно за ново реновирање на домот. Фенг-шуи можеби некогаш ќе му го прости ова.
Излезе од зградата, прескокнувајќи го испакнувањето на влезот. Никогаш не ги газеше пукнатините на улиците, опсесивната компулсивност не му го дозволуваше тоа. И пред да го направи петиот чекор, пред него премина целиот Живот. Фрлија нешто одозгора, тресна на земјата, се слушна троскот на кршење стакло. Беше тоа тегла. Тегла мед. Лигавата течност се разлеа пред него, мешајќи се со светкавите парчиња стакло. Личеа на солзи мед.
-,, Ви ибам племето.‘‘ - си помисли и ладнокрвно продолжи по патот.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Ајде да скршиме се што имавме вчера,а денес ни го одзедоа.Ако не може да е наше,тогаш нека гори во оган.Целата болка,сите солзи,неизвесност.Зашто,што сме ние без нив.Дваесет и нешто години легнувале во иста постела со тебе.А сега,едно најобично утро се будиш,а нив ги нема.
Знам дека ви недостасуваат.Кријте солзи зад насмеано лице.Правете се што прават другите.И смејтесе,додека ги криете своите солзи.
Мене ми недостасуваат најмногу.Сите грижи и целиот тој неспокој.Како нешто кое растело со мене и сега го нема.И сите се среќни.Како тумор кој е насекаде во нашето тело и повеќе го нема.
Дали е ова рајот?
Дали е ова среќниот крај?
Сеедно.
Што сакам сега од себе,кога живеам во вечноста?
Што е она без кое неможам?
Дали е тоа она без кое неможам?
Но одговор не добив.Наместо тоа,само среќни насмевки.Како бумеранг на моите прашања.
Почуствував болка.Иако знаев дека тоа не е возможно.Тогаш знаев дека тоа не е рајот.Почнав да се смеам,а од очите само солзи капеа.Густи како мед.
Пред очите само темница,и одеднаш само ликот твој.Тогаш знаев дека е крај.И дека рајот сум го живеел!Нема што да очекувам повеќе.
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Солзи од мед

Сино-зелените очи се раширија од страв додека тревата се приближуваше кон нив со голема брзина.
Девојчето заплака. Не беше сигурна зошто. Нејзиното 6-годишно мозоче се мачеше да сфати зошто плаче. Можеби затоа што коленото и беше крваво и болеше...
Можеби затоа што ја изневери мајка и’, не успеа да ја заврши едноставната задача што и беше доверена. Првата задача што и’ беше доверена. Единствената задача што и’ беше доверена.
Погледна кон теглата што ја носеше со себе. Беше скршена. Медот во неа беше разлеан. Коренчето од кое се сопна беше потопено со медот. На теглата се гледаа капки од медот. Делуваа замрзнати во времето. На половина пат надолу по стаклото. И солзите на девојчето престанаа. Солзите од мед ја избришаа болката и тагата. Медот плачеше наместо неа...
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Солзи од мед

Препуштена самата на себе, препуштена на сето она што животот ми го нуди, чекорам и се радувам на секој зрак од сонцето. Го сакам животот и јас сум таа која води, таа која ги одредува правилата. Затоа што ова е мој живот друго се е игра и лицемерие. За мене овој поим е премногу апсрактен, но макотрпно или не ние сепак живееме.
Борба..моќ..успех..страв.. Со полни гради го вдишувам воздухот на неизвесноста, срцето трепери. Сама сум, сама чекорам по патот. Се будам, добивам крилја.. летам..се пронаоѓам себе си и продолжувам. Животот е борба, сама сум против сите, тешко е но одам напред! Огромна кнедла ми стои во грлото, требаше заедно да ја водиме оваа борба, борба со животот, борба со сите, борба за себе. Тонам во бездни, се искачувам по планини, низ бури и виулици..сама без ниеден свој. Ме напушти ненадејно, неочекувано, а требаше да ја добиеме таа битка. Требаше да извојуваме победа над болеста, требаше да се спротивставиме. Во оваа борба влеговме заедно, а сега јас ја водам, сама. Поразот е присутен и тогаш срцето пука..бледат очите задскриени под солзи.. солзи од гнев, солзи од немоќ, солзи од мед. Се лепат за лицето и ми стануваат другарки во ноќите тешки. Плачам од разочараност и неизвесност која ја сакав. Страв ми е од сето она што животот ќе ми го спреми, дали ќе бидам доволно силна без тебе. Дали ми е страв што сама ја водам борбата или дали ќе успеам? Се ронат солзи поради тебе или поради себе?
Се ронат солзи од гнев..солзи од страв..солзи од разочарување..солзи од мед..
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Солзи од мед

Не плачам. Никогаш нема да ме видиш како плачам. Не,не сум цврста,само понекогаш ми фалат солзи,а за да се изнајмат,плаќам преголема цена.
Моите очи не плачат,а ова пластично лице вреска затоа што го вдишува твојот здив. Ме осуди на пропаст,а не ми даде да ја вкусам пресудата,ме затвори во кафез од шеќерни стапчиња за да подлегнам на твоите очекувања,а храна ми се неколкуте златни зраци што толку гордо ми ги подаруваш. Мизерен.
Служам за украс. Фаќам прашина и блескам кога сакаат да бидам покажана. Вештачка насмевка и тап поглед таму некаде ...далеку.Ги знам сите твои тајни,и сакам да ги шепотам на некого,но една непромислена гримаса,и јас сум минато. А сегашност ќе бидат срцевите кристали на подот.
Се вљубив. Или барем мислам дека се вљубив,како да знам кога не знам да чувствувам?Тоа е она чувство кога се топиш од топлината,кога празнината во внатрешноста се пополнува со сладок копнеж,кога на мазнава бела кожа го чувствувам твојот мирис,и сакам да те гушнам,но не можам. Сакам да те убијам,но немоќна сум.
Затоа ги повикав Сонцето и Месечината заедно,да завршат со мене. Не можам да ги слушам повеќе твоите исповеди за некоја друга,а јас немам право ниту на една солза. Не можам да ги поднесам твоите монолошки допири,не,јас всушност горам,а не сум ладна како мраз.
Премногу сум грешна за да ме претворат во роса.Затоа се раѓам од утробата на убијците кои умираат кога ќе му се одмаздат на оној кој ги повредил.Ќе ги галам твоите усни додека ти му се потчинуваш на мојот вкус.Моите солзи се медот што го јадеш,а ти си мојот господар што сакам да го убијам со проколнати бакнежи.
 

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Солзи од мед

Ноќта веќе одамна го беше покрила градот. Низ полуотворениот прозорец се пробиваше светлоста од месечината која таа ноќ беше полна. Тишина владееше во собата. Ниту еден глас. Се слушаше само тешкото дишење на телото кое се бореше за секој нареден здив.
Лежеше на бела свилена постела. Во неа се чувствуваш најпријатно, така велеше.
Свеќата догоруваше. Ти го осветлуваше лицето во мракот. Божица. Само тоа можев да го кажам за тебе. Таква беше во текот на целиот свој живот, таква и остана до крај, полна со раскош, убавина...
Седев до твојот кревет. Те гледав и ти се восхитував. Тоа и го заслужуваше.
Се чувствував мизерно, толку ниско и безнадежно. Гледав како ги живееш последните минути, а бев со врзани раце. Неможев ништо да направам. Ми остана само да му се молам на Господ да не ми те зема уште малку, барем уште некој миг, да те имам крај себе, да се потсетам кој беше крај мене во текот на целиот мој живот, кој секогаш ми подаваше рака и ме советуваше, се жртвуваше....
Го слушав чукањето на твоето срце, бавно и тивко, но доволно да го почувствувам. Само тоа говореше дека си сеуште меѓу живите. Неподвижна, не говореше. Гледаше само во една точка. Изгледаше како нешто да размислуваш. На моменти помислував дека си нешто замислена и ќе се вратиш во реалноста во секој миг.
Но, не. Не дозволував да се залажувам. Знаев што те чека, ми беше кристално јасно. Немав ни трошка надеж.
Те прегрнав силно, го покрив твоето тело со моите раце, сакав да те чувствувам до мене, како кога бев мала.
Во еден момент додека мојата глава беше на твоите гради, почувствував како срцето се побавно бие и...... престана. Ја испушти душата. Замина во мојата прегратка. Сеуште не те пуштав. Те држев цврсто се додека не ме одделија насила од тебе. Созите течеа непрекинато болни за твојата загуба, но кога во еден момент како филм ми помина сето време поминато со тебе, се` што ми подари се почувствував гордо што сум имала таква личност крај себе. Солзи од мед.
Сакав да одам со тебе, не ми дозволија. Те земаа и сега телото ти е некаде каде што никогаш повеќе нема да го видам. Пред мене ќе биде само твојата слика, сликата на мојата божица. Но, ТИ ќе бидеш секогаш во мене, во еден дел врежана длабоко, ќе те чувам таму скриена од сите. Од таму не може никој да ми те земе.
А до моментот кога повтррно ќе се сретнеме во некој друг свет, чувај ме. Води ме низ патеката на животот. Додека беше жива ми беше заштита, сега биди ми ангел кој ме гледа од небото и секогаш е со мене. Чекај ме. Некогаш ке пристигнам.



П.С. Не е инспирирано од случка од мојот живот.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Понеделниците најчесто си ги посветував себеси. Не дека не можеше тоа да биде некој друг ден ама ете во понеделник бев некако најслободна. Нормално започнав со пилинг па продолжив со разни маски. На крајот решив да употребам нешто ново...мед.
Додека седев така со маската почнав да размислувам. Но овој пат не мислев на тоа какви чевли да си купам, не мислев ни на шминки ни на облека...мислев на животот. Па добро, тој ни е подарен со некоја цел, барем така мислам. Која е мојата цел..? Го правев она што се очекуваше од мене. Основно и средно бев одлична, се запишав на факултет...добро во ред го сакам тоа но..нешто недостига во целата таа приказна. Недостигам јас. Јас незнам која е мојата цел во животот. Можеби да талкам наоколу, можеби да останам и живеам некој мирен задоволувачки живот. Не знам..па јас сеуште се немав пронајдено себеси. Која е целта на љубовта ако не е тука до тебе? Зарем она што јас го сакам ќе ми биде далечно? Помислив како сум незадоволна од мојот живот...но, згрешив. Па тоа е животот да научиш да го сакаш и кога е несовршен. Тоа е љубовта...чувството на исполнетост кога сакаш...
Заплакав. Среќна а тажна истовремено. Задоволна а сепак разочарана. Солзите од мед..солени а сепак благи...впрочем како и животот.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
725
Поени од реакции
6
Ноќ е, само звездите го осветлуваат небесниот свод, давајќи шмек на бескрајната улица која се простираше пред мене. Бев сама, избезумена, талкав низ темнината и го барав спасот. Не се сакав себе си, сакав да изчезнам, моето тело да се претвори во пепел која ке се разнесе низ далечината. Во таа темнина се сеќавам на ноќите поминати зеадно, онаму далеку од сите, одвоени од светот кој е само една обична бркотница во која се испреплетуваат луѓе и сечиви патишта. Се смеевме и лудувавме, го гледавме изгрејсонцето така силно гушнати, си шепотевме и се смеевме на нашите глупости. Кога ми кажа дека ме сакаш заплакав - јас од радост а ти од возбуда. Ги осетив твоите солзи на моите усни додека нежно се бакнувавме, а ветерот го разбрануваше езерото. Беа слатки, солзи од мед.
Но дојде бурата онаа страшна од која и јас и ти се плашевме. Ти кажав дека заминувам, дека повеке никогаш нема да биде онака како што беше. Трепереа нашите тела на силниот ветер, а олујата и секавиците ја осветлуваа пространата плажа и клупата која беше изгравирана со нашите иницијали. Таа кобна нок беше станала уште поморничава. Ме гушкаше најсилно, како никогаш дотогаш, но се беше залудно. Мораше да заминам...Солзи горчливи протекоа од нашите очи желни за љубов. Последниот бакнеж и стисок на рака се врежаа во посебно место во моето срце, место до кое никој друг неможе да стаса, никој освен ти самиот. И сега останаа спомените оние горчливи кои ја топат мојата душа додека седам под ова мрачно небо на бескрајната улица и размислувам за нас...Течат солзи но тоа не се оние истите слатки солзи од мед. Сега се оние другите, горчливи и болни...
 
С

Сатори

Гостин
Солзи од мед

Сакам мед, сладок е, така пријатен кога ми се тркала во уста, скоро да танцува со јазикот, го прави помек, посладок.
Да, многу сакам мед.
Го ставам во капучино, го мачкам на мене кога сакам некој да го излиже од мене, го појадувам со млеко кога сум расположена за таков вид на утро.
Го обожавам медот.
Сите негови значења и сите валкани идеи кои ги буди во мене.
Но не ги сакам солзите од мед, лепливи се, прават да морам да се помачам за да ги избришам од мене, да се трудам да не остават трага, но попусто ... само таквиот вид на солзи трае неколку моменти подолго од сите останати солзи.
Премногу тешко се забораваат горчливите солзи кои имаат сладок вкус.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Те љубам. Ти си моето сонце, мојата среќа. Секој миг со тебе е толку волшебен, толку прекрасен. Се сеќаваш ли кога ми вети дека држејќи се за рака ќе го допреме виножитото и ќе ги украдеме ѕвездите. Ах, цвету најубав, тебе не ти требаат украсни хартии и огромни машни за да бидеш најубавиот подарок за мене, доволен е само сјајот во твоите очи од кој целата треперам. Нема потреба од етикети кои ќе бидат доказ за твојата цена бидејќи секој твој бакнеж вреди повеќе од сите милиони на светот. Твојата љубов ме прави патетична, а толку посебна... тажна и пресреќна. Еве сега повторно плачам кога размислувам за нас. Но не грижи се, знаеш дека тоа е од задоволство што те имам. Моите солзи повеќе не се горчливи, тоа се солзи од мед... солзи што ти припаѓаат само тебе, мед кој ќе ги лепи нашите тела едно до друго засекогаш.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Ууупс, моментална инспирација

Навистина имаше премногу цвеќе во тој период онаа година, чудесно; тотално се согласувам дека тоа е прекрасна причина за разделба.

Таквиот тежок мирис во воздухот, ужасно тежок, сладок до гушење, секавична екстаза во првиот момент при вдишувањето а потоа силно гадење, го опишувам како чиста скапоцена есенција на опијат, киселина која прави дупки во кожата, истурена од некоја немарна аристократска рака, претпоставувам од раката на дамата со пурпурната наметка која неколку месеци пред тоа ми продаде чифт соништа со висококвалитетна мекост, но не сум сигурна.

Спокојно лежам во еден нарцис, лале, јасмин, темјанушка, орхидеја, ружа, амарант, жолто, црвено, сино, бело, црно; каков е тој крик?
Страшна промаја за тенко облечени сетила! Преплашени, се повлекуваат на сигурно во своите дупки како полжави кои ја згрешиле патеката а полицискиот час одамна е поминат.

Знам дека не можеше да ја издржиш густината што тогаш ја абортираше универзумот под влијанието на мојата Венера, сосема те разбирам иако изгледам збунето додека ти полека се труеш со миризливиот чад во воздухот а кондензирана пара ти ги оросува трепките. Ми ја стегаш раката додека околу нас земјата испарува во ледени шилци и благ ветар, а небото се менува, се разденува и се стемнува, додека неколку месеци не топи дождот и наутро околу нашите статуи се лелеат влажни лисја со процепи помеѓу жилите низ кои мине слабо но мирисно сонце, а подоцна не затрупува снегот и уште 3-4 долги месеци единствениот сув дел на моето тело е делот од дланката кој е во твојата.
Мине времето, а јас со другата рака се обидувам да го демонтирам тоа фино сонце.
Искрено, иако никогаш не сакав да ти го кажам следново, тоа го правам бидејќи не сакам веќе да ми ги гледаш очите, вистина е дека се преполни со мед кој ми дава некоја поблага и посветла нијанса, ме прави нереално волшебна во малечката шума од пајажини кои се нафатија околу нашата веќе стара длабока болка, со брчки околу очите и конзервативен став во врска со пресадувањето на артерии од едно тело во друго.

И веќе доста е со упорниот театар, сега ќе ги отплетам прстите и ќе ги стеснам зениците, но те молам престани со тажен шепот да ми мафташ со топлите прсти преку образите бидејќи ме гориш на отворена рана и си ја валкаш душата со густи досадни солзи од мед кои предупредувам, тешко се чистат!
...Во ред, не сакав да бидам груба, ама не грижи се повеќе, еве и би те гушнала но така ќе ти го извалкам и целото лице со моето битие.
Прекрасен си, оваа зелена светлина најубаво ти одговара на очите.
Се надевам сега конечно ќе се свртиш на другата страна и ќе се наведнеш да побараш некакво цвеќе под тепихот на лисјата, бидејќи плачам без да помрднам ниту една клетка, плачам страсно како неконтролиран дожд предизвикан од глобалните климатски промени.
Но еј, не ме зјапај повеќе, ме ладат и ми горчат твоите туѓи очи, отсекогаш сум помислувала дека ако еден ден се случи да умирам преполнувајќи го грлото со солзи, би било доволно вкусот да биде меден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom