Зошто не се вратив?
Врнеше.Силно и јако.Ветрот дуваше безмилосно.Седев дома и ги гледав капките кои паѓаа на мојот прозорец и го слушав звукот на ветерот.Се чувствував осамено.Иако постојано бев опкружена со луѓе,јас се чувствував ко да сум сама на овој свет.Имав некоја празнина во душата.Нешто што ме јадеше одвнатре и не ме оставаше да бидам среќна.Во јавност секогаш бев насмеаната и среќната,но позади тоа насмеано лице имаше тага.И секогаш се прашував зашто.Никогаш не дадов одговор на тоа прашање.
Запалив цигара,иако немав некоја особена желба.Чисто онака.Од навика.Колку да имам нешто во раката.Од позадина се слушаше тивка музика,која секогаш е присутна во вакви моменти на осаменост.Гледајќи го дождот како паѓа,во мене се појави чудна вознемиреност.На крајот од окото почна да се создава една солза.Го игнорирав тој факт,се тешев дека е заради димот од цигарата и ја избришав.Дождот се повеќе и повеќе се засилуваше и надвор беше пусто,темно и жив човек немаше надвор.Дури и реткост беше да се види некој автомобил.
Го сакав дождот.Повеќето ми се чудеа,но јас го сакав повеќе од се.Гледајќи низ прозорецот,решив да се прошетам малку на дождот.Без чадор.Сама.
Ја облеков јакната,ги земав клучевите од станот и ташната и излегов.Го оставив телефонот дома,бидејќи не сакав да бидам вознемирувана.Сакав да бидам сама со себе.
Со првиот чекор кој го направив,ги осетив капките на моето тело.Најпрвин моето тело почна да се тресе од студ,но потоа се привикнав и и’ се радував на секоја наредна капка која паѓаше на мене.Се смеев.Како мало дете,почнав да пеам и да играм.На дождот.Не ми беше важно дали некој ме гледа.Уживав во моментот.
Одкога заврши таа моја претстава,продолжив да шетам и да чекорам понатаму.
Се вртев околу себе,немаше ништо.Градот беше пуст.Само некое куче-скитник ќе се појавеше одвреме на време и толку.„Веројатно сите се дома,на топло“,помислив.
По некое време здогледав една клупа и решив малку да одморам.Се вртев постојано наоколу и погледот не можеше да ми остане фокусиран.Размислував.Се навраќав во минатото со мислите.Ми текна на онаа вечер.Вечерта која ме промени.Истовремено најубавата,но и најтажната ноќ.
~
Дотогаш бев само едно разгалено девојче,која што живееше во својот розев свет и не му дозволуваше на никој да влезе во него.Но,тогаш го запознав НЕГО.Најпрвин не го приметував,дури ми одеше на нерви и бев крајно арогантна и дрска со него,а он секогаш фин и пријатен кон мене.Полека почнав да се заљубувам во него,иако дотогаш не знаев што е тоа љубов.Почнав да се менувам.Станав фина и мила и не бев онаа дива мачка која се накострешуваше кога ќе го види.
-“Оооо,каква е оваа промена,изгледа некој се заљубил“-почнаа да се шегуваат со мене сите,а он само се смешкаше.
Едно попладне ми заѕвоне телефонот.
-“Ало,знаеш кој е овде“-рече еден машки глас.
Тоа беше он.Рацете почнаа да ми треперат,а нозете ми се пресекоа па морав да седнам.
-“Да,знам“-краток беше мојот одговор,бидејќи не сакав да познае дека ми трепери гласот.
Правевме нервзан муабет и после некое време ми рече:
-“Сакаш да излеземе вечерва?Само јас и ти,да поразговараме малку?“
-“Хм...па...не знам...“ - се двоумев,незнаев што да му речам.Очајно посакував да го видам,но се плашев.Не знаев како да е однесувам кон него.
-“Ајде бе,не се плаши,нема да те изедам“-се насмеа.
На крајот прифатив и се договоривме да се чекаме на почетокот на паркот,каде што често друштвото се собираше.
Се подготвив,глумев пред огледалото начин на однесување,гримаси и се молев на Бога да не се изглупирам.
Отидов на местото.Беше точен.Ме поздрави и ја почнавме нашата прошетка.Се смеевме,се потсеќавме на вечерните излегувања и на сите мали глупости.Јас треперев и вриев во себе.Никогаш не сум се чувстувала така.Не знаев што ми се случува.
Почна да ми ја бушави косата,да ме зафркава,да ме зеза,бидејќи знаеше дека лесно се провоцирам и избувнувам.Јас почнав да се лутам и да му викам,а во себе си реков “Браво бе Марија идиоту еден,само ти дери се,после ќе се чудиш што нема да сака да те види“.Додека викав,он само ме гледаше и се смееше...“Што се смееш бе?“-му реков.
-“Многу си убава кога се лутиш“-рече.
Јас останав со подотворена уста,не ми се веруваше што ми рече.Мислев дека е пак некоја од неговите шеги,се изнервирав уште повеќе,се свртив и почнав да се враќам назад.
Ме фати за раката,ме сврте и ме повлече кон себе.Бевме толку блиску еден до друг.Се допиравме со телата.Ништо не ми збореше,само продорно ме гледаше.Мислев дека не постои светот повеќе.Мислев дека сме само јас и он.
Ме бакна.Уауууууууу...тоа се вртеше во мојата глава.Бев среќна.И он го чувствуваше истото за мене.Ми падна камен од срцето. Останатиот дел од вечерта го поминавме заедно,прегрнати насмеани.Лежевме,се тркалавме како мали деца на тревата и ги гледавме ѕвездите,кои трепкаа.Зборувавме за се и сешто,се чувстувавме слободни.Се беше толку романтично и баш како во филмовите.Најубавата вечер.Најубавата ноќ.
Додека лежевме еден покрај друг,ми се испушти нешто што не требаше да го кажам:Те сакам.
Одеднаш сфатив што реков и се здрвив.Он молчеше.Ништо не кажа.Беше нем.
-“Морам да ти кажам нешто“-нервозно проговори.
Леле,што направив.Мора ли секогаш јазикот да ми биде побрз од мозокот?Мора ли секогаш се да расипувам?Тие мисли ми се вртеа во главата и не знаев да очекувам.
-“Колку и да не сакам да признаам,ама ова меѓу нас нема никогаш да успее.“
-“Зашто?“ -реков.
-“Премногу сме различни,како север и југ сме“
-“Молам?“
-“Ти си супер девојка,но...а и да пробаме,залудно е.Наредната недела заминувам за Канада.Криво ми е што не се случи ништо посериозно меѓу нас.Подолго време ми се допаѓаш,но не ти пристапив,бидејќи ти секогаш лошо се однесуваше со мене.Да знаев дека и ти чувствуваш нешто за мене,работите ќе беа многу поинакви.“
Молчев.Молчевме и двајцата.И повторно направив грешка.
-“Е па убаво да си поминеш во Канада и комплетно заборави ме.И заборави дека сум ти рекла Те Сакам.Не го мислев тоа озбилно“. Станав и почнав забрзано да одам.Очите ми беа насолзени.Го слушав неговиот глас како вика:
“Чекај,каде одиш,врати се,да поразговараме,не биди инат.“
Го игнорирав.Продолжив да одам.Немав никаква намера да се вратам.Гордоста и тврдоглавоста надвладеа.
“Те молам врати се,можеби никогаш нема да се видиме,да поразговараме,барем да се разделиме пријателски,без огорченост.“
И повторно го игнорирав.Дури не се свртев назад,барем да го погледнев за последен пат.
Наредните денови пробуваше да стапи во контакт со мене,но јас не сакав да го видам.Сакав и тоа ненормално сакав,но не можев да се помирам со фактот дека веќе нема да го видам и мислев така ќе ми биде полесно.
Слушнав потоа,дека заминал и дека ме поздравил.
~
Една страшна грмотевица ги разби моите мисли.Времето се полошо и полошо стануваше и се спремаше страшна бура.Решив да одам накај дома.Додека се враќав,размислував.Зошто бев толку горделива,зошто едноставно не се свртев?Зошто не се вратив?Можеби сосема поинаку ќе завршеа работите.Можеби се уште ќе бевме заедно.Можеби ќе ги надминевме пречките и можеби он сеуште ќе беше тука,покрај мене.Единствениот човек покрај кој се чувстував сакана и кон кого чувстував љубов е далеку од мене.А зошто?Затоа што гордоста ми беше поважна и мојот инат го надвладеа моето срце.Колку сакам да се распрашам за него,би отишла и до Канада за него.Но што ако он е со друга?Што ако ја пронашол својата љубов?Возот пројде,а јас го пропуштив.Така размислувајќи,стигнав дома.Бев како накиснато маче и целата се тресев,но се чувстував убаво.Тажно,но убаво.