Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.994
И не ми ги оправда очекувањата! Во принцип просечен кон лош трилер. Навистина не знам како толку високо котира на сите листи. На Гудридс, пример, има 3,9/5, што е солидна оценка."Заклучи ги сите врати" од Рајли Сејгер во издание на Антолог
Пребарував на Јутуб препораки за трилери и на секоја можна листа овој трилер котираше доста високо, па го зедов од библиотека. Имам доста високи очекувања.
Џулс, се јавува на оглас за работа 3 месеци да чува/да живее во апартман во една од најатрактивните локации во Њујорк...
Видов дека книгата е поделена на 6 делови, односно денови кои ретроактивно се враќаат наназад кон прологот на приказната каде Џулс ги отвора очите и се наоѓа во болница.
Јас сум до првиот ден т.е. прочитав околу 40 страни, каде Џулс се запознава во правилата, завршува интервјуто за работа и полемизира со нејзината другарка Клои околу заднината на оваа работа. Зошто некој би плаќал 4.000 долари месечно за некој да престојува во неговиот апартман!?
Ми се допаѓа градењето на приказната и мистериозноста (пред неколку месеци ја прочитав "Месечарот", па до некаде идеите ми одат во таа насока). Се надевам дека ќе ми ги оправда очекувањата.
До некаде, да речеме нешто повеќе од половина на книгата приказната е интересна, има динамика, своевидна доследност. Потоа станува напорна, досадна. Го разбирам крајот, за да фатиш риба ти е потребен или мамец или мрежа, но можел да биде посодржаен, поинтересен, пореален. Се на се 2,5/5. Можеби имав преголеми очекувања, можеби очекував нешто поинакво, но сакав да прочитам некој трилер кој ќе ме исполнеше, овој не беше тој.