„Детството на Исус“ од Џ. М. Куци. Светот гледан низ очите на еден возрасен маж и на едно петгодишно дете, Симон и Давид. Но, не овој свет што го знаеме туку еднен нов свет, една нова реалност каде што сите се доселеници кои треба да се ослободат од сеќавањата од претходниот живот. Симон треба да му покаже на Давид како се поставени и како функционираат нештата во светот. Но, кој може да каже што е нормално, дали воспоставените правила што ги знаеме се нормални и како тие изгледаат низ очите на едно дете. Во Давид се олицетворени сите љубопитни деца кои поставувајќи прашања треба нас возрасните да не замислат за одговорите што треба да ги дадеме водејќи сметка дека и децата разбираат и чуствуваат се што се случува околку нас. Како едно од прашањата што се отвора во книгава е дали ако си ги ускратиме задоволствата што ги имаме сега а меѓу нив и љубовта би живееле во подобара свет.
Мојот впечаток за книгава е генерално добар, иакао како почна очкував дека ќе има многу повеќе за новата земја во која сите се доселеници, ослободени од минатото, од сеќавањата, чувствата, задоволствата и страстите на овој наш сегашен живот. Не е многу опишана оваа нова земја, не барем како јас што очекував.
„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски. Во книгата се кратки приказни кои ги раскажуваат различни луѓе од сите краеви на светот. За мој вкус дури и премногу кратко. Низ целата книга има како едни главни ликови за кои се развива приказната постепено. Измеѓу секое поглавје за нив има кратки приказни – афтобиографии на луѓе од цел свет кои својот живот го раскажуваат во неколку реченици. Помеѓу овие афтобиографии има интересни работи, но некако на крај само неколку запамтив. Поради нив се губи текот на приказната за главните ликови која патем ми делува некомплетна.
Главна преокупација на скоро сите ликови во романот е да можат да живеат друг живот освен својот, да живеат повеќе животи. Некако дури ова ми изгледаше пренагласено затоа што се повторуваше кај неколку ликови и афтобиографии.
Романот во глобала е добар, можеби мене само тие многу кратки приказни ме оптоварија во текот на читањето. Вреди да се прочита пред се бидејќи е наш автор а и секако е добитник на наградата за Роман на годината за 2020 година (ова сепак не е пресудно).