Тука коментираме книги

Член од
7 декември 2021
Мислења
1.232
Поени од реакции
6.126
Moje obracenje ili Uvazeni razvratnik.
Knigava e napisana vo 18vek. dodeka pisatelot comte de mirabeau bil vo zatvor. Toj e dalecen rodnina na ozoglaseniot pisatel Markiz de Sad. Knigata e so erotska sodrzina i izobiluva so vpecatliv humor niz sekoja strana. Likot od knigata e vsusnost zhigolo.

Jas go citav hrvatskoto izdanie koe e mnogu dobro.
Knigata moze da se simne od net i ispecati za malku pari, za da ne se preooteretuvaat ocite od citanje.

20211207_203451.jpg
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
Ја прочита до крај? :D
Кажи крајот како ти се допадна.
Неочекуван.:love:
Тука ќе ти одговорам на прашањето. Секако, коментарот ќе биде полн со спојлери. :pipi:

Солидно трилерче, убав почеток, фантастично возење се до оној момент кога ја наоѓаат торбата, и да, очекуван крај. Иако очекував она да му да даде меѓу рогови, да бидам искрен.

Малку да го разглобиме. Не ме интересира што сакала писателката да каже, туку како јас ги перцепирам нештата. Ќе започнам со секое поединечно затворско интервју. Има градација, започнувајќи од најлесното кривично дело, учество во јавни немири и случајна пироманија. Млада и бунтовна девојка, ја понела толпата и лошото друштво и на крај завршува во матни води. И пред камерата се претставува како лоша девојка која има големи планови (кои ќе ги видиме буквално на последната страна од книгата). Таа е единствената која е претставена како негативец. Зошто? Дали сите, еднакво, ја цениме слободата? Што правиме со истата кога ја имаме? Затворската ресоцијализација и психата на криминалецот се посебна тема, која се гребнува во самата книга.

Второто интервју е жена која копнее по својот живот, жена која сака да стане мајка, а подоцна и станува, и жена која завршила зад решетки поради убиство од благородни побуди. Целта на самиот документарец беше "што со слободата?". Дали може животот да си го вратиме назад? И кој живот?

Последното интервју, Еди или Енди, кој завршил во затвор поради перење пари! И зад решетки го има градот на дланка, но сѐ што сака е својата ќерка. За чудо, и тој е претставен како позитивен, дури и од нараторот...само не од неговата ќерка! Сите тие приказни не се ставени без причина.

Авторката не посветила многу внимание на описите, но посветила на чувствата. Страна по страна, перцепцијата е дека Ерин е опиена со љубовен парфем, па дури и на самиот крај кога светот ѝ се руши, покрај сета таа горчина, покажува чувства кон Марк. Љубовно трилерче!

Премногу тупење за дијамантите. Премногу. Тука слободно можела да изостави некое поглавје.

Имаше доста трошки и очекував многу сличен крај. Повторно, солидно трилерче, не баш по мој вкус, но поминува. Сега читам нешто друго.

Сакам да останеш на форумов и да ми препорачуваш повеќе книги. Да, вистина, имам доста пропуштено, и за тоа си имам и причина, но ќе се обидам да надокнадам. :backa:
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
383
@Dumbledore книгите од Фицек, посебно Пакетот.
Има и филм според него, ама не можам да го најдам.
Не можам да се сетам дали ја имаш читано и Терапија.
Книгата е оган, ремек дело на Фицек, ако не и една од најдобрите.

Сега ќе ти ја препорачам и Колин Хувер - Верити.
Колин е писателка на лесни книги, љубовни патетики ама Верити е совршен трилер, ако не се лажам единствен од нејзе. :D

Зирни ја. <3
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
Зирни ја. <3
Фицек го имам, и фалат уште две, ми ја препорача и Гарднер, па ќе си ја земам и "Фати ме" чисто за дегустација. Мора малку да ги помешам картите, а ова се непознати води за мене (Сакам книги) кои со години ги бојкотирав.

Бонус: Во Стокомак за 179 ден ја има "Појадок кај Тифани" од Капоти. :backa:
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
383
Фицек го имам, и фалат уште две, ми ја препорача и Гарднер, па ќе си ја земам и "Фати ме" чисто за дегустација. Мора малку да ги помешам картите, а ова се непознати води за мене (Сакам книги) кои со години ги бојкотирав.

Бонус: Во Стокомак за 179 ден ја има "Појадок кај Тифани" од Капоти. :backa:
Новиот Сопруг од Д.Џ Палмер.
Не е кој знае што ама добра е да се прочита.

Гарднер нема утка со книгите.
Ќе уживаш.

Појадок кај Тифани ја купив.
Чека на листата за читање.

Џон Марс - Патниците ми е на ум.
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
383
@Dumbledore @Guns N' Roses кои други книги ги има во стокомак и до кога трае акцијата?
Гледам дека @Dumbledore ти одговорил веќе.
Инаку и Подарок за сеќавање е добра.
Цените се супер.
Иако јас преферирам од книжарница да купувам кога не можам од Сакам книги.
Стокомак сега ме изненади со изборот.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.300
Поени од реакции
11.021
Гледам дека @Dumbledore ти одговорил веќе.
Инаку и Подарок за сеќавање е добра.
Цените се супер.
Иако јас преферирам од книжарница да купувам кога не можам од Сакам книги.
Стокомак сега ме изненади со изборот.
Мене матица ме исцеди последниве неколку акции кога беа. Мислам дека сè што беше на акција, а немав читано, сè купив и си стои сега на полица си чека ред да биде прочитано.

Од тука некако највеќе ми го привлекува вниманието ''кралство од соништата'', па ќе си ја купам ако ја начекам.

Сега моментално ја читам од Алимпиќ, "не сум виновна". Книгава всушност ми е подарок од другарка.
Од Алимпиќ до сега имам читано неколку книги и не сум сигурна дека сакам да одам во книжара и да си купувам книги од неа, ама по игра на случајности пак доаѓам во допир со нејзините книги.
Конкретно за книгава, добра приказна, книгата е лесна и разговетна, се чита во еден здив, единствената мана и е што некако сите настани се случуваат наеднаш. По мое мислење нема доволно добра увертира и некако лесно се предвидува текот на настаните. А и фондот на зборови кои ги користи Алимпиќ ми е некако оскуден. Постојано се користат истите зборови, истите реченици. Значи, книгава ми е 7/10.

Од Фицек имам доста читано. Те молам ако го најдеш филмот да ми кажеш. :)
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
383
@Aceso за две книги има, Пакетот и Патник 23.
Трејлерите се....:eek:
Барав, не успеав.
Дури ме фрустрира истово.

Жената на прозорецот е добра, од Џилијан Флин.
Излезе и филм според книгата.:)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.154
Поени од реакции
10.094
@Aceso за две книги има, Пакетот и Патник 23.
Трејлерите се....:eek:
Барав, не успеав.
Дури ме фрустрира истово.

Жената на прозорецот е добра, од Џилијан Флин.
Излезе и филм според книгата.:)
Отсечен или така нешто е насловот на еден од филмовите. Поима немам по која книга е правен, ама ми текнува дека пишуваше по дело од Фицек.

Го гледав пред некое време на Синеманија каналот, проверувајте програма, може ќе го репризираат.
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
383
Отсечен или така нешто е насловот на еден од филмовите. Поима немам по која книга е правен, ама ми текнува дека пишуваше по дело од Фицек.

Го гледав пред некое време на Синеманија каналот, проверувајте програма, може ќе го репризираат.
Пакетот и Патник 23.
За овие два знам. :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.154
Поени од реакции
10.094
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
383

По македонскиве наслови не ми делува дека е адаптација на некоја од тие два наслови. А на Вики пишува дека е трета адаптација на негова книга.

Ваљда филмот што го кажуваш е според непреведена книга тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom