Тука коментираме книги

Член од
23 март 2021
Мислења
19
Поени од реакции
82
„Детството на Исус“ од Џ. М. Куци. Светот гледан низ очите на еден возрасен маж и на едно петгодишно дете, Симон и Давид. Но, не овој свет што го знаеме туку еднен нов свет, една нова реалност каде што сите се доселеници кои треба да се ослободат од сеќавањата од претходниот живот. Симон треба да му покаже на Давид како се поставени и како функционираат нештата во светот. Но, кој може да каже што е нормално, дали воспоставените правила што ги знаеме се нормални и како тие изгледаат низ очите на едно дете. Во Давид се олицетворени сите љубопитни деца кои поставувајќи прашања треба нас возрасните да не замислат за одговорите што треба да ги дадеме водејќи сметка дека и децата разбираат и чуствуваат се што се случува околку нас. Како едно од прашањата што се отвора во книгава е дали ако си ги ускратиме задоволствата што ги имаме сега а меѓу нив и љубовта би живееле во подобара свет.

Мојот впечаток за книгава е генерално добар, иакао како почна очкував дека ќе има многу повеќе за новата земја во која сите се доселеници, ослободени од минатото, од сеќавањата, чувствата, задоволствата и страстите на овој наш сегашен живот. Не е многу опишана оваа нова земја, не барем како јас што очекував.

„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски. Во книгата се кратки приказни кои ги раскажуваат различни луѓе од сите краеви на светот. За мој вкус дури и премногу кратко. Низ целата книга има како едни главни ликови за кои се развива приказната постепено. Измеѓу секое поглавје за нив има кратки приказни – афтобиографии на луѓе од цел свет кои својот живот го раскажуваат во неколку реченици. Помеѓу овие афтобиографии има интересни работи, но некако на крај само неколку запамтив. Поради нив се губи текот на приказната за главните ликови која патем ми делува некомплетна.

Главна преокупација на скоро сите ликови во романот е да можат да живеат друг живот освен својот, да живеат повеќе животи. Некако дури ова ми изгледаше пренагласено затоа што се повторуваше кај неколку ликови и афтобиографии.

Романот во глобала е добар, можеби мене само тие многу кратки приказни ме оптоварија во текот на читањето. Вреди да се прочита пред се бидејќи е наш автор а и секако е добитник на наградата за Роман на годината за 2020 година (ова сепак не е пресудно).
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.322
Поени од реакции
8.822
Кафкијанските апсурди во Годишната програма за литература

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.167
Поени од реакции
10.132
'Во вукојебинава ништо ново' - да го парафразирам Ремарк.

95% од доделениве средства во нормална држава немаше ни да помирисаат конкурс, а не да добијат.

Шипците си цицаат парица за анти-македонски и политички книги. Си лапаат неколкукратно поголеми суми од македончето - граѓанче од втор ред и без муда.

Единствено нешто што ми фати око е новата книга на Игор Анѓелков, "Филмотопија" мислам се викаше.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.567
Поени од реакции
87.844
За Пакетот од Фицек можат слободно да направат филм, неверојатна книга со многу плот твистови

:cuc::aplauz:
 
Член од
19 април 2014
Мислења
429
Поени од реакции
1.243
Разгледував книги и правев некој план за саемот па случајно налетав на Андреј Ал Асади. Има ли некој читано нешто од него да каже збор два за него.
Особено интересно ми дојде името. Уметничко име или има некое арапско потекло?
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
192
Поени од реакции
841

Македонец кој ја има сменето вера за Ислам, фактички модерен торбеш.
Иам зборено со типов 2-3 пати у живо, ама поезијата негова не е мој тип така да не го следам.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.256

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.567
Поени од реакции
87.844
Овој не беше според таа книга? https://www.imdb.com/title/tt0362478/?ref_=nv_sr_srsg_1

Не сум ја читал Пакетот, ама некако ми стои во глава информацијава за филмов.
Па не, можда имаат слична содржина али не е според романот...рачунај филмов е излезен 2009 година, а Фицек книгата ја издал во 2016.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.826
Поени од реакции
7.163
Разгледував книги и правев некој план за саемот па случајно налетав на Андреј Ал Асади. Има ли некој читано нешто од него да каже збор два за него.
Особено интересно ми дојде името. Уметничко име или има некое арапско потекло?

Има потекло од Иран, по татко мислам. Нема врска со менување вери и слично. Не ми е нешто посебно, рециклажа на мотиви.
 
Член од
29 ноември 2018
Мислења
15
Поени од реакции
44
А за "Приказната на робинката" никогаш посериозно не сум се заинтересирал. Знам дека има и серија, која не ми е гледана. Импресии за последниве две книги?
„Приказната на робинката“ ми се допадна многу. Маргарет Атвуд раскажува одлично, во тоа нема простор за сомнеж. Книгава навидум е монотона, но јас не би ја категоризирала како таква. Напротив, би рекла дека темпото со кое се развиваше дејствието и атмосферите внатре комплетно одговараа на секоја ситница опфатена внатре. Се поклопија и со мојава замисла за Гилеад, со начинот на кој го доживеав „постоењето“ на едно такво место. А тонот на раскажување ми се чинеше совршено наштиман за да ги почувствувам немоќта, копнежот, презирот кон режимот и што уште не.

Морничава, тажна, слатко-горчлива, за жал и сурово реална.

Обожавам дистопии. Голем впечаток ми оставија „Со затворени очи“ (Bird Box) од Џош Малерман и „Ана“ од Николо Аманити. И двете се изданија на Антолог.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.897
Поени од реакции
23.506
Ги има некој исчитано сите книги од Шерлок?
Ако да, сакам да чујам мислење за тоа во кој редослед е најубаво да се исчитаат. Ги завршив Study in Scarlet, The Sign of Four и The Adventures of Sherlock Holmes па сега се мислам дали да продолжам со The Case-Book of Sherlock Holmes или The Memoirs of Sherlock Holmes. Или па да си одам според редоследот на издавање.

Прочитав на интернет многу различни мислења и не сум баш најубеден по кој редослед е најдобро.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.873
Поени од реакции
36.918

Имам прочитано некои 80% од целата литература за Шерлок Холмс. Ги читав прво четирите новели (Study in Scarlet, The sign of the Four, the Hound of the Baskervilles, и The Valley of fear) и после продолжив со кратките раскази.
 
И мене некако ме тера да ја почнам првин The Valley of Fear, па после да се префрлам на Мемоарите од Шерлок и останатите па да завршам со His Last Bow.
Едини проблем ми е што The Valley of Fear и His Last Bow ми се две новели во една книга, па ќе мора да ја читам едната новела првин (пола книга), па да се префрлам на мемоарите.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
„Приказната на робинката“ ми се допадна многу. Маргарет Атвуд раскажува одлично, во тоа нема простор за сомнеж. Книгава навидум е монотона, но јас не би ја категоризирала како таква. Напротив, би рекла дека темпото со кое се развиваше дејствието и атмосферите внатре комплетно одговараа на секоја ситница опфатена внатре. Се поклопија и со мојава замисла за Гилеад, со начинот на кој го доживеав „постоењето“ на едно такво место. А тонот на раскажување ми се чинеше совршено наштиман за да ги почувствувам немоќта, копнежот, презирот кон режимот и што уште не.

Морничава, тажна, слатко-горчлива, за жал и сурово реална.

Обожавам дистопии. Голем впечаток ми оставија „Со затворени очи“ (Bird Box) од Џош Малерман и „Ана“ од Николо Аманити. И двете се изданија на Антолог.
Од Атвуд, на слепо, ја земав "Алијас Грејс", беше 300 ден, на Саемот од Бегемот, чисто дегустативно, може ќе ми се допадне нејзниот стил на пишување со оглед на тоа дека немам ништо прочитано од неа! На "Приказна на робинката" имаше попуст само од 100 ден.

Филмот "Bird box", ми беше мех, онака, просек, ништо посебно. Си ја земав книгата од Саемов, а ја имам и "Ана", пред да ја купам, ја читнав позади кратката содржина, ми беше малку детска. Беше во акцијата од оние 10 книги за 800 ден од Антолог.

Во секој случај, фала. :noze:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom