- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
Игор Џамбазов - „Гол човек“
Конечно одлучив да ја прочитам и брзо ми оди. Го почитувам Игор како мултиталент, човек што ретко се раѓа. Овде сосема искрено тој зборува за глупостите што ги направил во животот и шансите што ги прокоцкал, отворено ги признава пијаните ноќи, ноќите поминати во казината и во друштво со најголемите распуштеници и луѓето кои се наоѓаат на дното на општеството. Свесен за слабиот карактер кажува за миговите кога попуштал пред пороците. Стилот наликува на Буковски, верувам дека на машкиот дел од читателите тоа особено ги интересира.
Фуснотите му се иновативни и креативни, особено во делови кога ги дообјаснува англиските фрази што ги употребил.
Кога појдов во библиотека „Браќа Миладиновци“ да ја барам Гол Човек ми рекоа дека не држеле такви книги, глупости.
Не бев расположен за замарање со неа, може и така и е речено да каже. Али делата на Буковски се сметаат за едни од најголемите воопшто, стилот на Буковски е копиран од дузина современи автори.
И сега ми се постави прашањето како може за сите тие да има место, а за ова да нема?
Или па тие дека се од странски автори?
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)