Тука коментираме книги

Член од
7 јули 2010
Мислења
24
Поени од реакции
2
Рецензија за Игрите на гладните од Сузан Колинс

Сакав добар трилер, сакав да прочитам нешто толку добро што ќе ме измести, сакав нешто што ќе ми покаже дека не се сите трилери слични, дека не сите приказни наликуваат една на друга. Па од таа желба го почнав патувањето по светските интернет портали. Рејтинзи, мислења на читатели, филмувани книги, што препорачуваат луѓето. Игрите на гладните, 102 недели на листата на Њујорк Тајмс бестселери, најчитана книга во моментов во светот според 5 светски портали за книги со над 300.000 членови, книга на годината според 40 различни весници, договор за филм следната година, опсесија на секој млад човек во светот, повеќе од 100 фан клубови основани на интернет за да се спојат љубителите, критика од Стивен Кинг дека не можел да ја остави, од Стефани Мајер дека ја носела со себе на вечери...

Си велам, ова е некоја преценета американска работа, но можно ли е да е до толку? Што толку посебно има во неа? Каква треба да е таа книга која ќе успее да го постигне ова? Ивана, ќе ја прочиташ, си мислам, па после ќе видиме дали се сите овие информации оправдани и точни. Дали се точни? 360 страни тресење од неизвесност, 360 страни читање со болка во градите, 360 страни возење како со некој смртоносно брз авион затоа што токму таков е стилот на авторката, липање како мало дете, ежење на кожата како да сум на -30 степени гола... Ова е книга која ги промени моите критериуми за тоа што значи добар трилер!

...во руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем е Капитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад. Не е дека не се обиделе да се спасат од одвратноста на Капитол. Во минатото тие кренале востание, но Капитол ги поразил и го уништил 13тиот реон кој тогаш постоел за да им покаже што ги очекува ако уште еднаш се обидат да се бунтуваат. Од тогаш, работите се само полоши.

Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваат Игрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години - наречени трибути и се испраќаат во Капитол. Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно; додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија. За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.

Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е... ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени. Затоа... се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.

Таа е храбра, таа е ловец, таа знае што значи да умираш од глад, таа е посилна од Прим, но исто така е свесна дека си припишува смртна казна. Дали е исто да убиваш животни во шумата од глад и да убиваш луѓе за живот? Дали е важно да останеш човек повеќе отколку што е важно да останеш жив? Токму тоа е единственото правило во арената - ОСТАНИ ЖИВ!

Ако сака да победи, Кетнис ќе мора преживувањето да го стави пред човечноста и животот да го стави пред љубовта.

Бура од гнев, тага, адреналин, бес, солзи... ќе се соберат во вас додека ја читате оваа книга. И да, ќе барате уште, ќе гребете со канџи за уште, исто како што и тие гребат за да преживеат. Она што мене лично најмногу ми се допадна кај оваа книга - завршувањето на секоја глава. Секоја глава завршува со една реченица која прави пресврт во книгата и од која ви се креваат влакненцата по целото тело, мислите дека ќе излезете од сопствената кожа!

Преземено од сакам книги
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Судбина непозната од Агата Кристи

На српски ја читав. Поразлична книга од се што сум читала од Агата. Би рекла појше љубовна отколку детективска. Знам дека Агата под псевдоним има напишано љубовни романи ама јас не сакам такви и оваа ја зедов од библиотека бидејќи мислев дека е типична детективска - не беше под псевдоним.
Како и да е, не зажалив што ја прочитав. Агата Кристи е мајстор за раскажување приказна, за држење во неизвесност. Има и тука убиство али не знаете дека книгата е за него се до крајот.
Се работи за една жена која сака да се самоубие, но еден инспектор ќе ги примети нејзините намери и ќе и предложи еден план со кој таа ќе умре, но со тоа ќе и помогне на полицијата. Планот: треба да глуми дека е друга жена која уствари ненадејно умира. Ваљда описов не чини, али толку од мене.
Значи добра е книгава али мене лично не ми е во омилените од Агата.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
„Кој го здипли моето сирење“ - Спенсер Џонсон
Воопшто не ме привлекуваат вакви книги, но ја прочитав бидејќи ми ја препорачаа. Добро е што е мала, па не губев многу време -.-
Почнува така што авторот буквално ве убедува дека книгата е многу добра и многу може да влијае на вашиот живот.
Во срцевината на книгата лежи приказна за две глувчиња и две човечиња кои трагаат по сирење(кое ги означува животните цели) во еден огромен, страшен лавиринт(животниот пат).
Стандарден муабет, -следете ги промените и подгответе се за нив, -не плашете се, -бидете упорни итн итн, пренесен преку лесна приказна.
Не ме воодушеви.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
45
Поени од реакции
3
parada na marionetkite (1).jpg

Роман во кој се раскажува за една обесхрабрувачка вистинска љубов – љубов од срце, а не од мисли, една од оние што никогаш не се забораваат. Патешествие низ мизеријата, потрага по разделените сродни души во придружба на вечниот сопатник – очајот. Можно ли е да се постигне најголемата доблест на човекот – простувањето? Парада на марионетките ни го открива вечнoтo тежнеење кон слободата, додека смртта е само фрагмент од божествениот порив кон среќата за која толку се чезнее. Самоказнувањето по некакво непишано правило е дел од човековото магливо секојдневие.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Полноќна палата од Карлос Руиз Зафон, книгава ме разочара додуша изгледа јас многу очекував. Нема некоја уметничка вредност, туку е само приказна за мали деца, барем јас така ја доживеав. Книгава била дел од трилогија на маглата, но немам намера да ги читам другите. Дејствието е сместено во Калкута, група од 7 деца , формираат друштво и се состануваат во една палата која ја нарекуваат полноќна палта. Пред друштвото да се распадне ќе откријат тајна која ќе ги измени нивните животи. Има сплетки, тајни, мистерии, но не е мој тип на литература и не би ја препорачала.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
"Марина" од Зафон -> завчера ја завршив, премногу ми се допадна, исто како и двете предходни негови книги- Сенка на ветрот и Играта на ангелот. Приказната слична, мистериозна, заплеткана и на иста локација- Барселона. Раскажува за пријателството на Оскар со Марина и нејзиниот татко (додуша некоја повремено го споменува) и нивната авантура и одврзувањето на голема тајна и мисерија која била актуелна години наназад во градот. На крајот, последните 20-30 стр. ја извртуваат целата книга и сфаќање за Марина...задолжително да ссе прочита :).

п.с од книгиве на Зафон некогаш ако отидам во Барселона ги научив и барем ќе знам да ги посетам стариот театар, кафулето "Лос трес гатос", ридот Тибидабо, железничката станица "Франсија"... :).
 
A

Auditore

Гостин
Ме интересира за книгата од Хенри Милер, Опус Писторум, дали вреди да се прочита, дали ја има некој прочитано, и било какви критики, коментари се добредојдени, за да знам дали да читам или не.
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Топло ја препорачувам "Вештица", од Венко Андоновски.. Ништо не очекував од дека дека беше првата книга што ја прочитав од Венко. Искрено, ме фасцинираше, и ја прочитав уште 2 пати за да целосно влезам во таа паралела на настани. Одличен стил и голема иновативност.. :)
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Пред еден месец ја прочитав "Љубовта на мојот живот" од Мери Луис Фишер и книгата е феноменална. Многумина од вас може ке си помислат од насловот дека се работи за некоја си љубовна глупост какo шпанска серија ама морам да кажам дека не е така, се работи за маките од втората светска војна во Германија со кои една девојка се обидува да преживее.
И друга книга која што ја прочитав пред некое време "Надежна сопруга" од Роберт Гулрик. Ви ги препорачувам овие две книги доколку сакате да избегате малку од секојдневните проблеми и глупости. :)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
И друга книга која што ја прочитав пред некое време "Надежна сопруга" од Роберт Гулрик. Ви ги препорачувам овие две книги доколку сакате да избегате малку од секојдневните проблеми и глупости. :)
Надежна сопруга ја читав пред некој месец, искрено така од прва кога ја видов мислев дека е нешто повеќе од тоа што испадна. На почетокот ми изгледаше ветувачки, но потоа ми стана предвидлива за да веќе претпоставам на крај што ќе се случи. Сепак се е до вкус, јас не би ја ставила во категоријата што ги препорачувам.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
908
Поени од реакции
185
Пошо глеам сите барате по разни теми каква е оваа книга каква е онаа книга,или пак ај препорачајте ми ваква книга онаква,еве ако е добра темава нека стои,ако не,канта....

Иначе мене ми треба книга за страмежливи луѓе(видов некаде некој бараше и му препорачаја али на брзина поминав-заминав и неможам да најдам сеа)
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Подарок од Спенсер Џонсон
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.743
Поени од реакции
1.003
Дали некој знае каде во Македонија може да се купи книгата Пеколен портокал од Ентони Барџис ? Мислам дека излезе и македонски превод од неа , но не е воопшто битно и ако е на српски или хрватски .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom