Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Со анон за спорт се закачи :lolzz:
 
Член од
19 март 2014
Мислења
570
Поени од реакции
862
Друже, не кај нас, на Балканот, а можеби и во Европа нема да прикаже никој ѕверски резултат. Едноставно ги немаме предиспозициите, не тренираме со лавови, пуми и останати мачки :D
Најдобриот резултат на Дарио на 10 километри е на рамниште на најдобрите женски атлетичарки во таа дисциплина, додека од машките заостанува од 3 до 4 минути што е премногу, едноставно мора реално да ги гледаме работите, ограничени сме во овие спортови.
Сепак, ваучерот од околу 200.000 мкд му е потполно заслужен.
Ако си трчал некогаш ќе сфатиш дека не е само талент во прашање туку многу фактори се во игра. Дарио уште пред 4-5 години се знаеше дека е најдоброто нешто што се појавило кај тркачите во Македонија. Но во овие 4-5 години каков врхунски третман има добиено од државата за да очекуваме да влезе во конкуренција со светските тркачи? Знаеш ли за такви таленти како Дарио што значи уште на 14-15 години да може да си дозволи да тренира со супер ѕвезди, да има смислена регенерација која реално кошта, за разлика од тоа Дарио трча Марино - Текија, се соочуваше во минатото со затворен стадион, а регенерација прави во Циркус на кафе.
Зимава правеше подготовки во Белград со професионалци и одма почнаа да паѓаат рекорди.
Рекорди не се рушат со талент туку со планска работа. Дарио и лани и прелани беше талент па не успеа вакво време да истрча што само го потврдува фактот дека профи припреми и тоа како се битни кои за жал нашата Македонија на никој ги нема овозможено.

Да не бидам лошо сфатен, детето дава 120% за спортот, само можностите се толку моментално и затоа и сам пиша во статусот дека тоа не е наменето само за него туку во иднина талентите треба од помлади да имаат третман како што им доликува.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ми го зеде зборот Аврамоски, помина времето во спортот кога се освојуваа медали со трчање на потегот Марино - Илинден и цепење дрва во двор. Си требаат подготовки на висински места, не за џабе Дарио замина во Кенија да тренира.

Како викаат, фрли зад себе за да најдеш пред себе, не можеме да очекуваме резултати ако не сме вложиле во некого и да не вложуваме во спортот број 1 во светот само затоа што сме немале некој резултат. И UK немаа пливачи до пред 15 години па види го сега Adam Peaty.

Кога има пари за Мира Дизел, рамковни и полтрони само за да гласаат, зошто да нема за Дарио...
 
Член од
12 мај 2017
Мислења
16
Поени од реакции
1
Да се навратам на темава - не сум трчал 1 месец.
Ми се издешаваа двеста срања, едвај почнав да се чувствувам психички повесело и порасположено.



Ова сум го напишал на 18.09. Последно сум трчал на 07.10.
Од тогаш навака направив - детална крвна слика, ЕКГ, ехо на срце, тироидна и каротиди, стрес-тест, гастроскопија.

Се потврди она што претпоставував - тахикардиите што ми се јавуваат се исклучиво од лизгачката кила на желудник што ја имам (веќе трета гастроскопија за 8 години). Се качува нагоре дел од желудникот преку дијафрагмата, го допира и го иритира срцето. Ова ми се случува и при трчање, затоа го цитирам постот погоре (покрај саатот, престанав да го носам).
Ми утврдија и воспалено дванаесетпалачно црево заради премногу желудочен сок и мали ерозии на хранопровод.
Еден месец се измачив. Уште сум на терапија за рефлуксот, прилично обемна.
За психичко смирување пиев Деметрин (1х дневно) и дефинитивно ми помогна.
Од суплементи пијам и Витамин Ц 1000мг, ZMA, селен, Maгнезиум директ + Б-комплекс, Калциум + D12...
Мислам дека ги смирив тахикардиите, а и подобро ми е со желудникот.

- ЕКГ на срце сосема уредно.
- Од ехо на срце ми утврдија дека имам прилично големо и здраво срце (како на спортист). Имам мал пролапс (веќе ми е утврдено пред 5-6 години) на митрална валвула, ама ништо страшно.
Ехо на каротидите докторот се зачуди колку се проодни, вика „Како автопат ти се“.
- Стрес тестот го поминав одлично. Од 11 минути како некој максимум да изодам со зголемување на напорот на интервали, изодив 9 и кусур, кардиологот го прекина тестот затоа што го достигнав тој замислен максимум број на откуцаи (220 минус годините, во овој случај 220-33).
Почнав со пулс над 100-ка (заради возбуда таму во ординација, а-у) и 120/80 притисок, при крај на тестот стигнав до 185 пулс и 160/100 притисок.
Бидејќи мерат и 2-3 минути по завршување на тестот - пулсот (релативно брзо) и притисокот посебно ми се стабилизираа како што требало.



Ова повеќе испадна здравствен пост отколку тркачки, ама сакав да напишам во контекст дека конечно се испитав од физиолошки и анатомски аспект и мислам дека можам да почнам пак да трчам.
Уште не знам после 8 години дали анксиозноста и депресивноста што знае да ме фати на есен доаѓа од проблемите со хијаталната хернија, рефлуксот и тахикардијата или е обратно :) Сепак мислам дека е второво - анксиозноста повлекува се друго.

Со кето (пак) почнав на 21.09 годинава со 97кг.
Моментално сум 88кг. Имам кетони во урината кога правев крвна слика+урина, така да знам дека ја терам правилно...
Каде може да се напават овие тестови: ЕКГ, ехо на срце, стрес-тест?
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
А цена кај приватниве? Цирка, не мора ептен точно.
Не ме фаќај за збор ... али нешо од 3000ден од овие помаливе приватни со 2-3 лекари до кај 10К у Систина, ова зборам пред 3 години.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Систина и ЖМ имаат изгубено тло под нозе со цениве одамна.
Нели "спортска медицина" функционираше едно време? Кај влада мостот кога ќе го пројдеш, во ниско бело зградиче. Зошто таму не?
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Систина и ЖМ имаат изгубено тло под нозе со цениве одамна.
Нели "спортска медицина" функционираше едно време? Кај влада мостот кога ќе го пројдеш, во ниско бело зградиче. Зошто таму не?
Спортска ја имам одено спроти клуб на пратеници ... близу Студентскиот дом Кузман, ова кога бев студент пред 15 години :)
Ова што го збориш може функционира сеуште, јас лично имам кренато раце од државни институции.
Кога морам да одам обавезно бркам врски.

Систина цените се ко во Америка да живееме, најдобро според мене е некоја помала клиника, ги има доста низ градов.
Прашај и матичен лекар ќе ти ги препорача 2-3 подобри у градот што се, обично се мали кардиолошки ординации што им е почеста пракса да прават стрес тест, цените кај нив се далеку од тие на Систина.

Вреди да се прави бар еднаш годишно :) али на кој да му текне, никад не е приоритет, секогаш има други поважни работи ... се додека не те стрефи нешо (пу пу .. не дај боже ⛪).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Одете во Интермед арт, лани беше 1,500 денари преглед за спортисти со стрес тест, во Антико се на Партизанска, кај мостот Обединети Нации.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Како ќе се одржи Водно треилс да ми е да знам, 400 души пријавени, ќе се стартува со саати :D
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Како ќе се одржи Водно треилс да ми е да знам, 400 души пријавени, ќе се стартува со саати :D
Лани имаше објавено и кога ќе стартува секој учесник, па да си го испланираш времето :)
За големката и немаше некој проблем за 10мин мислам дека сите стартуваа
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Лани имаше објавено и кога ќе стартува секој учесник, па да си го испланираш времето :)
За големката и немаше некој проблем за 10мин мислам дека сите стартуваа
Да да знам ама лани на Водно треилс ако не се лажам а и ме мрзи да проверувам, беа некаде 150, годинава гледам повеќе :D
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.233
Поени од реакции
4.409
Внеси си итра индекс и според резултат лани ако си бил на истата трка ќе стартуваш побрзо :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Хајпот се прави на старт кога е гужва и стварно добро делува, ама кога почнуваш да трчаш, на секоја трка, па и на класичен маратон, првите километри мене ми се ужас додека се направи простор за трчање и го фатиш темпото. На тесни патеки или треба да се влечкаш позади некого или некој да те напнува од позади.
Сo Вангелис и Chariots of fire стварно е супер атмосфера.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom