Па тоа зборам бе брат, да не имавме некој потенцијал за кошарката? Ај ракометот да, до некаде, ама кошарка се надевавме на такво нешто?
Од кај знаеш дека нема некој да изненади и да прикаже ѕверски резултат во атлетика?
Друже, не кај нас, на Балканот, а можеби и во Европа нема да прикаже никој ѕверски резултат. Едноставно ги немаме предиспозициите, не тренираме со лавови, пуми и останати мачки

Најдобриот резултат на Дарио на 10 километри е на рамниште на најдобрите женски атлетичарки во таа дисциплина, додека од машките заостанува од 3 до 4 минути што е премногу, едноставно мора реално да ги гледаме работите, ограничени сме во овие спортови.
Сепак, ваучерот од околу 200.000 мкд му е потполно заслужен.