Ако си трчал некогаш ќе сфатиш дека не е само талент во прашање туку многу фактори се во игра. Дарио уште пред 4-5 години се знаеше дека е најдоброто нешто што се појавило кај тркачите во Македонија. Но во овие 4-5 години каков врхунски третман има добиено од државата за да очекуваме да влезе во конкуренција со светските тркачи? Знаеш ли за такви таленти како Дарио што значи уште на 14-15 години да може да си дозволи да тренира со супер ѕвезди, да има смислена регенерација која реално кошта, за разлика од тоа Дарио трча Марино - Текија, се соочуваше во минатото со затворен стадион, а регенерација прави во Циркус на кафе.Друже, не кај нас, на Балканот, а можеби и во Европа нема да прикаже никој ѕверски резултат. Едноставно ги немаме предиспозициите, не тренираме со лавови, пуми и останати мачки
Најдобриот резултат на Дарио на 10 километри е на рамниште на најдобрите женски атлетичарки во таа дисциплина, додека од машките заостанува од 3 до 4 минути што е премногу, едноставно мора реално да ги гледаме работите, ограничени сме во овие спортови.
Сепак, ваучерот од околу 200.000 мкд му е потполно заслужен.
Каде може да се напават овие тестови: ЕКГ, ехо на срце, стрес-тест?Да се навратам на темава - не сум трчал 1 месец.
Ми се издешаваа двеста срања, едвај почнав да се чувствувам психички повесело и порасположено.
Ова сум го напишал на 18.09. Последно сум трчал на 07.10.
Од тогаш навака направив - детална крвна слика, ЕКГ, ехо на срце, тироидна и каротиди, стрес-тест, гастроскопија.
Се потврди она што претпоставував - тахикардиите што ми се јавуваат се исклучиво од лизгачката кила на желудник што ја имам (веќе трета гастроскопија за 8 години). Се качува нагоре дел од желудникот преку дијафрагмата, го допира и го иритира срцето. Ова ми се случува и при трчање, затоа го цитирам постот погоре (покрај саатот, престанав да го носам).
Ми утврдија и воспалено дванаесетпалачно црево заради премногу желудочен сок и мали ерозии на хранопровод.
Еден месец се измачив. Уште сум на терапија за рефлуксот, прилично обемна.
За психичко смирување пиев Деметрин (1х дневно) и дефинитивно ми помогна.
Од суплементи пијам и Витамин Ц 1000мг, ZMA, селен, Maгнезиум директ + Б-комплекс, Калциум + D12...
Мислам дека ги смирив тахикардиите, а и подобро ми е со желудникот.
- ЕКГ на срце сосема уредно.
- Од ехо на срце ми утврдија дека имам прилично големо и здраво срце (како на спортист). Имам мал пролапс (веќе ми е утврдено пред 5-6 години) на митрална валвула, ама ништо страшно.
Ехо на каротидите докторот се зачуди колку се проодни, вика „Како автопат ти се“.
- Стрес тестот го поминав одлично. Од 11 минути како некој максимум да изодам со зголемување на напорот на интервали, изодив 9 и кусур, кардиологот го прекина тестот затоа што го достигнав тој замислен максимум број на откуцаи (220 минус годините, во овој случај 220-33).
Почнав со пулс над 100-ка (заради возбуда таму во ординација, а-у) и 120/80 притисок, при крај на тестот стигнав до 185 пулс и 160/100 притисок.
Бидејќи мерат и 2-3 минути по завршување на тестот - пулсот (релативно брзо) и притисокот посебно ми се стабилизираа како што требало.
![]()
Ова повеќе испадна здравствен пост отколку тркачки, ама сакав да напишам во контекст дека конечно се испитав од физиолошки и анатомски аспект и мислам дека можам да почнам пак да трчам.
Уште не знам после 8 години дали анксиозноста и депресивноста што знае да ме фати на есен доаѓа од проблемите со хијаталната хернија, рефлуксот и тахикардијата или е обратноСепак мислам дека е второво - анксиозноста повлекува се друго.
Со кето (пак) почнав на 21.09 годинава со 97кг.
Моментално сум 88кг. Имам кетони во урината кога правев крвна слика+урина, така да знам дека ја терам правилно...
Во секоја приватна клиника Систина, РеМедика, Промедика, Неуромедика ... итн итн.Каде може да се напават овие тестови: ЕКГ, ехо на срце, стрес-тест?
А цена кај приватниве? Цирка, не мора ептен точно.Во секоја приватна клиника Систина, РеМедика, Промедика, Неуромедика ... итн итн.
Моеш и на државна со упатако имаш време и нерви за губење.
Што е коронарен стрес тест?
Не ме фаќај за збор ... али нешо од 3000ден од овие помаливе приватни со 2-3 лекари до кај 10К у Систина, ова зборам пред 3 години.А цена кај приватниве? Цирка, не мора ептен точно.
Спортска ја имам одено спроти клуб на пратеници ... близу Студентскиот дом Кузман, ова кога бев студент пред 15 годиниСистина и ЖМ имаат изгубено тло под нозе со цениве одамна.
Нели "спортска медицина" функционираше едно време? Кај влада мостот кога ќе го пројдеш, во ниско бело зградиче. Зошто таму не?
Лани имаше објавено и кога ќе стартува секој учесник, па да си го испланираш времетоКако ќе се одржи Водно треилс да ми е да знам, 400 души пријавени, ќе се стартува со саати![]()
Да да знам ама лани на Водно треилс ако не се лажам а и ме мрзи да проверувам, беа некаде 150, годинава гледам повеќеЛани имаше објавено и кога ќе стартува секој учесник, па да си го испланираш времето
За големката и немаше некој проблем за 10мин мислам дека сите стартуваа