Дечки и покрај тоа што гледам многу луѓе како деновиве одат на трчање, возење точак итн, и ги сметаат тие како безбедни активности, сепак опасност постои, и невозможно е да излезете од дома, да стигнете до кејот, да трчате по бетонот каде што секој со точак може да пролета до вас и случајно да се закашла, или да трчате во тревата каде што рендом тип ќе истрча околу вас бркајќи го кучето кое се стрчало по вас. Да не зборам што баби си шетаат внуци да си искористат сончевото време. Е сега, ми текна една идеја како алтернатива, бидејќи теретаните се затворени сега (би требало да бидат), и не прават никаков профит, некој кој има контакт со некоја теретана може да предложи договор да му се даде на користење лента за трчање дома дур не се смири ситуацијава (односно до повторното отварање на теретаната). Независно дали бесплатно би се договорил, или би се понудил некој месечен рент за лентата пример 1000 денари, би била корисна работа за да се остане активен и да може безбедно да се тренира, така би имале уште една причина да останете дома, и изговор помалку зошто би го напуштиле домот. Транспортот може да е проблем, веројатно со комбе нешто ќе треба, едно излегување плус ќе треба независно од чија страна (дали би подигнале или би ви го донеле), да би се спречиле 50 други излегувања.