Некој ги пиша Salomon speedcross.
Барем сега, на интернет е суперлесно да се провери. Читајте reviews и плански купувајте пошо не се евтини. Патики за планинско се често над 100 евра, што ич не е наивно. Salomon според мене, го фати трендот на глобализација, капитализам, конзумеризам (како сакате крстето го - усерување на квалитет на сметка на често купување) и веќе не е во редот на фирми од таа планинарска група во која се North face, La Sportiva, Millet, Asics и слични. Друго, на сајтот ќе видите каква им е намената. Северните земји, рамниците, пример Холандија, Белгија, северна Германија, Данска, луѓето трчаат по каљави терени каде што треба друг тип на гума за ѓонот и различни крампони. Кај нас теренот е претежно (англиски го викаат scramble), карпа, изронети камења, сипар и треба за таа подлога и соодветен ѓон. Значи тие првите одма ќе ви се потрошат и плус нема да имате добар контакт со подлогата.
Не сугерирам на конкретен бренд, ама купувајте паметно, читајте.
Јас за мене сум купувал и по принцип бафтаана и се погодувале, ама знае и опасен промашај да се напраи. Конкретниот модел на Salomon го знам од искуство на пријател со нив. Исто и да си знаете дека се едни од најфалсификуваните, па тие bargain, sale цени знаат да си се покажат после на дело.