- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.074
- Поени од реакции
- 12.626
Во основа оптичкиот Интернет на Македонски Телеком и на Телекабел функционира преку кристално ист принцип, а разликата е во начинот на кој го спроведуваат оптичкиот телекомуникациски приклучок - Телекабел користат оптички кабел со далеку подобра изолација во споредба со Македонски Телеком, но под изолацијата се наоѓа истото оптичко влакно што го користат и во Македонски Телеком и во Телекабел.Оптика Телеком или оптика Телекабел?
Вчера бев во Телекабел за да прашам колку време ќе им треба за оптика да ми донесат. Денеска ми се јавија, го испитаа реонот и ми рекоја за 2-3 дена, што пријатно сум изненаден околу ажурноста. Моментално сум на Телеком и со копуците се убедувам веќе 2 години и уште ништо околу оптиката. Од сервисот нивни во глобала сум презадоволен, едино пингот ме зеза и затоа сакам оптика да ставам.
Зборот ми е, од нивните монтери имам слушнато дека оптиката од Телеком и Телекабел не била иста. Ако да, што не е исто и што е разликата? Малку ми е чудно што пуштаат таков муабет иако мислам дека си ја бранат фирмата.
Ако веќе навлегуваме во техничките детали, Македонски Телеком користат зелен SC/APC завршен оптички приклучок, кој дава многу подобар сигнал во споредба со синиот SC/PC/UPC завршен оптички приклучок кој го користи Телекабел.
https://www.fiber-mart.com/sc-apc-singlemode-9125-simplex-30mm-boot-fiber-optic-connector-p-11249.html
https://www.fiber-mart.com/sc-upc-singlemode-9125-simplex-30mm-boot-size-fiber-optic-connector-p-11295.html
Секако дека и опремата е различна кај Интернет провајдерите, а истото важи и за методологијата на поврзувањето која ја применуваат - на ова поле Македонски Телеком е светлосни години пред Телекабел, кои импровизираат кога и каде ќе им текне со цел да донесат техничка можност за кабелска телевизија/кабелски Интернет/оптички телекомуникациски приклучок до одредена локација.
Додека Македонски Телеком се труди нивните доводни кабли да поминуваат низ што е можно побезбедна траса, по можност под пешачка патека, каде што шансите за оштетување се сведени на минимум, Телекабел од друга страна импровизираа низ мојата населба со пуштање на оптички кабли преку бандери во 2017 и 2018 година, а сега кога летото 2019 копаа заедно со Вип низ целата населба и пуштаа подземни црева за кабли, допрва ќе ги вадат каблите од бандерите - откако претходно ќе ги заменат со подземните кабли кои допрва треба да ги пуштат.
За разлика од Телекабел, кога Македонски Телеком ја пушташе својата оптичка телекомуникациска мрежа низ мојата населба во 2016 година, уште тогаш одлучија во целост да ги баталат бандерите, па така оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком денес е достапна низ целата моја населба, и тоа само подземно - нема ниту една бандера со оптички кабел од Македонски Телеком во мојата населба.
Но ако живееш во куќа - особено во куќа што не е во централното градско подрачје - тогаш без разлика дали ќе ставаш оптички Интернет од Македонски Телеком или од Телекабел, повеќе од сигурно е дека ќе мора да се пушта оптички кабел од бандера.
Последно уредено: