Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Оптика Телеком или оптика Телекабел?
Вчера бев во Телекабел за да прашам колку време ќе им треба за оптика да ми донесат. Денеска ми се јавија, го испитаа реонот и ми рекоја за 2-3 дена, што пријатно сум изненаден околу ажурноста. Моментално сум на Телеком и со копуците се убедувам веќе 2 години и уште ништо околу оптиката. Од сервисот нивни во глобала сум презадоволен, едино пингот ме зеза и затоа сакам оптика да ставам.
Зборот ми е, од нивните монтери имам слушнато дека оптиката од Телеком и Телекабел не била иста. Ако да, што не е исто и што е разликата? Малку ми е чудно што пуштаат таков муабет иако мислам дека си ја бранат фирмата.
Во основа оптичкиот Интернет на Македонски Телеком и на Телекабел функционира преку кристално ист принцип, а разликата е во начинот на кој го спроведуваат оптичкиот телекомуникациски приклучок - Телекабел користат оптички кабел со далеку подобра изолација во споредба со Македонски Телеком, но под изолацијата се наоѓа истото оптичко влакно што го користат и во Македонски Телеком и во Телекабел.

Ако веќе навлегуваме во техничките детали, Македонски Телеком користат зелен SC/APC завршен оптички приклучок, кој дава многу подобар сигнал во споредба со синиот SC/PC/UPC завршен оптички приклучок кој го користи Телекабел.

https://www.fiber-mart.com/sc-apc-singlemode-9125-simplex-30mm-boot-fiber-optic-connector-p-11249.html

https://www.fiber-mart.com/sc-upc-singlemode-9125-simplex-30mm-boot-size-fiber-optic-connector-p-11295.html

Секако дека и опремата е различна кај Интернет провајдерите, а истото важи и за методологијата на поврзувањето која ја применуваат - на ова поле Македонски Телеком е светлосни години пред Телекабел, кои импровизираат кога и каде ќе им текне со цел да донесат техничка можност за кабелска телевизија/кабелски Интернет/оптички телекомуникациски приклучок до одредена локација.

Додека Македонски Телеком се труди нивните доводни кабли да поминуваат низ што е можно побезбедна траса, по можност под пешачка патека, каде што шансите за оштетување се сведени на минимум, Телекабел од друга страна импровизираа низ мојата населба со пуштање на оптички кабли преку бандери во 2017 и 2018 година, а сега кога летото 2019 копаа заедно со Вип низ целата населба и пуштаа подземни црева за кабли, допрва ќе ги вадат каблите од бандерите - откако претходно ќе ги заменат со подземните кабли кои допрва треба да ги пуштат.

За разлика од Телекабел, кога Македонски Телеком ја пушташе својата оптичка телекомуникациска мрежа низ мојата населба во 2016 година, уште тогаш одлучија во целост да ги баталат бандерите, па така оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком денес е достапна низ целата моја населба, и тоа само подземно - нема ниту една бандера со оптички кабел од Македонски Телеком во мојата населба.

Но ако живееш во куќа - особено во куќа што не е во централното градско подрачје - тогаш без разлика дали ќе ставаш оптички Интернет од Македонски Телеком или од Телекабел, повеќе од сигурно е дека ќе мора да се пушта оптички кабел од бандера.
 
Последно уредено:
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156

Од бандера ќе биде дефинитивно иако блиску сум до центар.
Значи крајниот епилог дали ќе биде од Телеком или Телекабел е исто така?
Моментално имам ВДСЛ али пингот ме зеза. Брзината е добра, интернетот е стабилен, се е ОК, едино пингот ми е поголем.
Се надевам дека со оптиката ќе ја решам таа проблематика.
 
Крајниот епилог е Телеком, Телекабел, или Неотел.

Јас лично користам оптички Интернет од Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком и сум крајно задоволен од истиот - брз, стабилен и поевтин во споредба со оптичкиот Интернет на Македонски Телеком, а сепак оптичкиот кабел, завршниот оптички телекомуникациски приклучок и рутерот за оптички Интернет што го користам ми го имаат дадено на користење од Македонски Телеком. За телевизијата не можам да го кажам истото - ТВ понудата им е` одлична, ама сликата на некои канали кои не се во HD резолуција - не на сите канали кои не се во HD резолуција, туку само на некои - е катастрофална. Исто така не можеш ниту да го бираш рачно преводот на каналите, а има и некои други негативни карактеристики на нивната телевизија, но за оптичкиот Интернет од Неотел слободно можам да ти потврдам дека е одличен и немам причини за поплаки за истиот.

Неотел ти е` поевтина опција наспроти Македонски Телеком, а единствен услов кој треба да го имаш исполнето е` да имаш техничка можност за оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком.

Бидејќи оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел не е достапна низ цело Скопје, а уште помалку па низ цела Македонија, таму каде што истата не е достапна, а истовремено доколку е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, изводливо е корисник на Неотел да користи оптички Интернет од Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Инсталацијата на оптичкиот кабел, на оптичкиот телекомуникациски приклучок и на рутерот за оптички Интернет ќе ја направи екипа од Македонски Телеком, а потоа на Неотел им следува да ја превземат оптичката телекомуникациска линија и да пуштат оптички Интернет за корисникот на истата таа оптичка телекомуникациска линија.

Како и да е, бидејќи сепак ќе мораш да имаш техничка можност за оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком преку бандера, најлесно ќе откриеш дали имаш техничка можност доколку на некоја од бандерите во близина на твојата куќа има некој од двата оптички изводи кои ги користи Македонски Телеком на бандерите.

Можно е да има техничка можност за оптички телекомуникациски приклучок и без овие оптички изводи, но во тој случај треба да провериш дали на некоја од бандерите има ормар со логото T-Home или логото T на Македонски Телеком.

Доколку нема ниту оптички извод, ниту ормар со такво лого на некоја од бандерите во близина на твојата куќа, тогаш шансите за да има техничка можност за оптички телекомуникациски приклучок на твојата адреса на живеење се многу мали.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Од бандера ќе биде дефинитивно иако блиску сум до центар.
Значи крајниот епилог дали ќе биде од Телеком или Телекабел е исто така?
Моментално имам ВДСЛ али пингот ме зеза. Брзината е добра, интернетот е стабилен, се е ОК, едино пингот ми е поголем.
Се надевам дека со оптиката ќе ја решам таа проблематика.
Бујрум во Неотел темата.

Телеком vs Телекабел, нормално дека Телеком ќе искочат подобри, но имаат помалце избор. Ако не се грешам (сајтот им е каша попара) сега имаат само 100/100 симетричен оптички интернет, и ако наидеш на некои пафлаци ќе се начекаш да те приклучат на оптика. Ако немаат ископано уште полошо.
Телекабел имаат поголем избор, а и си имаат своја мрежа. Не се лоши, ама многу се жалат од нивниот сервис за корисници.
Неотел ти е фактички Телеком, ако имаш лично од нивната оптичка мрежа тогаш уште подобро (
, а ако не тогаш преку Телеком.
Е сега ако си за Телевизија, Телеком се далеку подобри кога станува за квалитет, но Неотел имаат предност со NeoTV бидејки е Android Set Top Box, па освен гледање телевизија (што за мои потреби е повеќе од врв), можеш и да сурфаш, да се допишуваш, да играш игрици, итн... (се што можеш да правиш на твојот телефон можеш и на NeoTV), па со NeoTV паќетот ќе му дојде скоро исто со Телеком комбинација ако зимаш Оптика + Max TV. Кај нас е 200~300 денари разлика, а сега кај тебе ќе зависи како ќе си искомбинираш.
Ако си само за интернет тогаш да, поевтини се и тука негде се со Телеком. Брзините зборат за себе.
Имам пратено и како изгледа нивната опрема и се, повели види си имаат и вебсајт па одлучи.
 
Член од
18 август 2015
Мислења
159
Поени од реакции
85
Здраво на сите
Молам за мислење. Моментално сум на ВИП интернет, претходно на T home. И двата не се нешто баш добри во однос на стабилност. Можеби T home нешто подобро. Ми треба некој интернет провајдер со максимална стабилност, upload download не е толку битно. Некој трикови, совети...за подобра стабилност.

Фала однапред
 
Доколку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е достапна во твојата станбена зграда или на улицата на која се наоѓа твојата куќа, тогаш стави си оптички Интернет од Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, и ќе бидеш задоволен.

Во спротивно, доколку живееш на помалку од 1 (ЕДЕН) километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, можеш да поднесеш барање за проверка на техничка можност за VDSL Интернет до Неотел, па ако ти одговорат позитивно на барањето, ќе можеш да ставиш VDSL Интернет од Неотел преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Доколку ниту една од овие опции не е достапна на твојата адреса на живеење, јас лично повеќе би ти го препорачал кабелскиот Интернет од А1 Телеком, отколку бакарниот ADSL Интернет од Македонски Телеком.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Здраво на сите
Молам за мислење. Моментално сум на ВИП интернет, претходно на T home. И двата не се нешто баш добри во однос на стабилност. Можеби T home нешто подобро. Ми треба некој интернет провајдер со максимална стабилност, upload download не е толку битно. Некој трикови, совети...за подобра стабилност.

Фала однапред
Ти било кој оператор да го одбереш, они преку Оптика пак ќе ти понудат брџ интернет. Него проблемот е динамичната IP адреса која што ако не се грешам, сите ISP провајтери ја доделуваат на сите корисници.
Динамичка IP адреса, е побезбедна. Се ресетира двапати у ден (на 12 часа), па така да пр. ако се ресетира во 8 сабајле, ќе се ресетира и во 8 вечер. Моментот кога IP адресата се ресетира, интернетот паѓа во рок од едно 30 секунди. Ако ти сакаш 100% стабилен интернет, ич да не ти паѓа, тогаш било кој оператор да одбереш ќе треба да гледаш да си земеш и статичка IP адреса, особено ако работиш со сервери или ако дома имаш сервери. Не е препорачано динамичка адреса за тоа бидејки ако падне интернетот дури и во рок од 30 секунди, тоа за сервер ќе биде еден голем проблем. Замисли дека хосташ сервер со над 500 играчи, и ти паѓа интернетот. Серверот се гаси, и ги гаси и сите тие 500 играчи. Затоа, 1,500 денари месечно и се зима статичка IP адреса.
1,500 денари мислам дека кај Телеком и Неотел беше цената, а за други оператори незнам. И не е еднократна цената, туку се плаќа месечно.
Е сега едини минус кај статичката IP адреса е што нонстоп си со една иста IP адреса. Па така да ако добиеш напад, ситуацијата станува лоша. Ама ова е Македонија, напади нема, а и 99% зимаат соодветна заштита.

Е сега, јас би ти ги препорачал Неотел. Јас сум задоволен, имам добар интернет, но и сум на 500m оддалеченост од нивната управна зграда. Минатата недела имаа глобален проблем и за 20 минути средија. Добар тим имаат, и доста фирми одат преку Неотел, бидејки реално за тоа што го нудат се закон.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

И тие што не се на 500м оддалеченост на оптика имаат ист квалитет. (нормално ако има техничка можност за оптика) Во принцип ако има слабеење на влакно (што може да направи проблем во квалитет) веднаш се регира кај сите оператори.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
И тие што не се на 500м оддалеченост на оптика имаат ист квалитет. (нормално ако има техничка можност за оптика) Во принцип ако има слабеење на влакно (што може да направи проблем во квалитет) веднаш се регира кај сите оператори.
Да те сватив и така е.
Само да напоменам дека кога местеа оптика, ги прашав и за тоа како го засилуваат сигналот, и добив позитивен одговор дека сигналот што го праќаат е веќе засилен, и ако теба повторно да се засили, поставуваат потребна опрема за тоа. Барем Неотел и Телеком не го сожалуваат тој дел. (Кај мене е така, и моето искуство со квалитет е добро).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Да те сватив и така е.
Само да напоменам дека кога местеа оптика, ги прашав и за тоа како го засилуваат сигналот, и добив позитивен одговор дека сигналот што го праќаат е веќе засилен, и ако теба повторно да се засили, поставуваат потребна опрема за тоа. Барем Неотел и Телеком не го сожалуваат тој дел. (Кај мене е така, и моето искуство со квалитет е добро).
Сигналот кај оптичкиот Интернет нема потреба да се засилува.

На крајот на краиштата, оптичките кабли не се некој новитет во Македонија, се користат со децении за поврзување на телекомуникациски централи од еден кон друг град, од една кон друга населба, од една кон друга улица, а откако цените на оптичките кабли значително се намалија, изминативе 10 и повеќе години, оптичките кабли се користат за поврзување на крајните корисници.

Конкретно опремата кај крајниот корисник која Македонски Телеком ја дава на користење работи на бранова должина од 1490 нанометри, а Хуавеи рутерите за оптички Интернет издржуваат загуба на сигналот до -27 децибели, иако Македонски Телеком практикува загубата да биде под -20 децибели, или до максимум -25 децибели на места каде што доводните оптички кабли се оштетени - се додека истите не бидат преработени со цел да се добие пониско ниво на загуба на сигналот.

Убаво што од Македонски Телеком ти рекле дека ако треба засилување на оптичкиот сигнал ќе постават дополнителна опрема за тоа, тоа ти го рекле бидејќи им станало јасно дека си имаат работа со некој кој појма нема како функционира оптичкиот Интернет, бидејќи кај оптичката телекомуникациска мрежа има само два типа на опрема: опрема во централата и опрема кај корисникот, без било каква дополнителна опрема за засилување на оптичкиот сигнал.

Дополнителна опрема за засилување на оптичкиот сигнал се користи исклучиво за деловни корисници, ма да и кај нив полесно е да се оди директно со оптичко влакно од самата централа до крајниот корисник, односно без оптички разделник како што е праксата кај повеќето корисници.

Доколку оптичкиот сигнал претрпува високо ниво на загуба, тогаш некаде има превиткување на доводниот оптички кабел или па можеби истиот бил оштетен поради градежни работи или било какви несекојдневни ситуации, поради што потребна е негова преработка на местото каде што се случува превиткувањето/оштетувањето.

И јас сум имал ситуации кога имам работено за приватна компанија која соработува со Македонски Телеком, во кои имам пријавувано групни пречки бидејќи сите корисници во одредена станбена зграда или на одредена улица имале висока загуба на оптичкиот сигнал, поради што морало да се врши преработка на некои од доводните кабли со цел да се добие подобар сигнал, а не да се поставува дополнителна опрема за засилување на сигналот.

За да дознаеш колкаво е нивото на загуба на оптичкиот сигнал кај тебе, најлесно можеш да се информираш од Интернет страницата за конфигурирање на самиот Хуавеи рутер.

Корисничкото име и лозинката потребни за најавување на Интернет страницата за конфигурирање на рутерот ти се отпечатени на самата налепница залепена од долната страна на рутерот.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Проблемот со телеком е што има ограничување од 1тб за користење потоа се намалува.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Проблемот со телеком е што има ограничување од 1тб за користење потоа се намалува.
Не се намалува туку се прекинува и те носи до сајт да платиш за дополнителни гигабајти.
10GB се 200 денари или така нешто.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.405
Поени од реакции
2.747
И мобилниот интернет и фиксниот тотален капут...
 
Член од
11 април 2018
Мислења
202
Поени од реакции
59
Јас користам вдсл брзина висока ама не ми ги отвора иптв платените листи сега.Дали е проблем до телеком или прават цензура оти се друго работи,а на вип ги пробав листите ми работат а тука не баш сега пред 30 мин.?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom