Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Ова со хибридниов Интернет, колку е подобро и која е најголемата брзина што ја дава?
Не знам баш, но знам дека го користат како алтернатива за местата каде што нема техничка можност за VDSL Интернет, а каде што истовремено не е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Во основа Македонски Телеком го нуди хибридниот Интернет како алтернатива за корисниците кои или имаат многу слаб сигнал со Интернет S пакетот преку бакарната телекомуникациска мрежа, или за корисниците на бакарната телекомуникациска мрежа кои сакаат Интернет M пакет.

Хибридниот Интернет не е многу добро решение на долг рок, туку е привремено решение додека оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком стане достапна на адресата на крајниот корисник.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
Ветив дека ќе ви откријам златен спас за сите на бакар, епа внимавајте во продолжение :) Кај сите што нема можност за интернет со брзина од 30/5 постои можност фиксниот интернет да го добивате преку нивната 4G мрежа. Секако ова никој нема да ви го каже ако не отидете сами во салон и не побарате да добиете 4G рутер. Според искуството на другаркава што го има новиот рутер, брзината никогаш не и е под 25, односно се движи од 25 до 30! Цените се потполни исти, го користите истиот пакет што го имате. Пробајте, сменете, па фалете се, и да, срамота е во 2019 да имаш интернет 8/0,5 преку бакар!
Автоматски споено мислење:

Ако нема можност, можеш да побараш 4G рутер бесплатно во салон, така ќе има можност :)
Друже имам Магента 1 со М интернет пакет, на бакар сум. Ме интересира дали ако барам 4г рутер треба да потпишувам нов договор.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.507
Поени од реакции
678
Друже имам Магента 1 со М интернет пакет, на бакар сум. Ме интересира дали ако барам 4г рутер треба да потпишувам нов договор.
Појди во продажен салон и таму ќе ти кажат најдобро :)
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
Појди во продажен салон и таму ќе ти кажат најдобро :)
Вчера бев во салон и прашав, ми рекоа дека треба да се јавам на 122 и да пријавам неколкупати дека имам проблем со рутерот, они у салон ништо не можеле да направат
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
10ина дена више имам проблем со овие од Телеком. Кога ми се укључени двата макс тв ресивери, ем кочи сликата на двата, ем немам нет дома. 10 пути им се јавив, ќе рестартираме ова она. Конечно денеска дошле смениле рутер дур бев на работа као демек тој стар бил до тоа е. Курац, еве сега пак истиот проблем. Јас мислам дека е до линијата негде поебан бакарот само кој да им објасни. Неспособни.
 
Нема што да се дообјаснува и не станува збор за неспособност, туку за максималниот капацитет на бакарната телекомуникациска линија, земајќи ги во предвид сигналот и оддалеченоста на линијата од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком.

Доколку имаш техничка можност за префрлување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, оди во најблискиот салон и поднеси барање на миграција кон оптичката телекомуникациска мрежа, во спротивно поднеси барање за хибриден Интернет - барем ќе имаш постабилен сигнал додека да стане достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на твојата адреса.
 
Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
10ина дена више имам проблем со овие од Телеком. Кога ми се укључени двата макс тв ресивери, ем кочи сликата на двата, ем немам нет дома. 10 пути им се јавив, ќе рестартираме ова она. Конечно денеска дошле смениле рутер дур бев на работа као демек тој стар бил до тоа е. Курац, еве сега пак истиот проблем. Јас мислам дека е до линијата негде поебан бакарот само кој да им објасни. Неспособни.
Срамота брат 21 век да смо уште на бакар еве и јас сум на бакар демек немало техничка можност да се стави оптика или WADSL
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Нема што да се дообјаснува и не станува збор за неспособност, туку за максималниот капацитет на бакарната телекомуникациска линија, земајќи ги во предвид сигналот и оддалеченоста на линијата од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком.

Доколку имаш техничка можност за префрлување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, оди во најблискиот салон и поднеси барање на миграција кон оптичката телекомуникациска мрежа, во спротивно поднеси барање за хибриден Интернет - барем ќе имаш постабилен сигнал додека да стане достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на твојата адреса.
Како бе максимален капацитет, до пред некое време како све си беше топ, сега се јави проблемот овие 10 дена. :)

Иначе уште нема оптичка мрежа на мојава адреса, монтираат низ град ама уште не се до овде стигнати. Знам и ја што е убоо ама тоа е.

За ова хибриден интернет не знам што е.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596

Јас сум на бакар(Кичево...130 м од телекомот:facepalm:)...и откако мината зима преминав на Магента, ми ја качија брзината на 24/5....мерено.незнам како е по договорот...не ги читам обично.

И предходно додека бев на 8...па на 12 мб/с, со два ресивери не кочеше интернетот, но нормално без ХД гледање. Со еден приклучен ХД телевизор, одма кочеше другиот и интернетот

не дека е тоа сјајно....но знам дека ние во помалите градови сме ,,осудени,, на понизок квалитет

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Како бе максимален капацитет, до пред некое време како све си беше топ, сега се јави проблемот овие 10 дена. :)

Иначе уште нема оптичка мрежа на мојава адреса, монтираат низ град ама уште не се до овде стигнати. Знам и ја што е убоо ама тоа е.

За ова хибриден интернет не знам што е.
Еве јас ќе шпекулирам и ќе претпоставам дека проблемот најверојатно лежи во портата на бакарната телекомуникациска мрежа во централата на која ти си поврзан.

Бакарните телекомуникациски порти полесно се расипуваат и стануваат неупотребливи, додека кај оптичките телекомуникациски порти тоа е ептен редок исклучок.

Но за да те префрлат на друга бакарна телекомуникациска порта ќе треба повторно да пријавиш пречка и да се надеваш дека налогот за отстранување на пречката ќе заврши кај некој техничар кој сериозно ќе се нафати да го тестира сигналот на бакарната телекомуникациска порта во локалната централа и доколку открие дека портата е неисправна, да се нафати да те префрли на друга бакарна телекомуникациска порта со подобар сигнал - под претпоставка дека ќе успее да најде таква порта, а истата да биде слободна за употреба. А доколку како што велиш, дошле техничари кај тебе дома и само го смениле рутерот, тогаш најверојатно се замарале само со опремата кај крајниот корисник, а не и со опремата во локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком.

Но не заборавај дека само шпекулирам, односно дека можеби проблемот не е во бакарната телекомуникациска порта, туку и во некој друг фактор.

На пример, ако живееш во куќа и кабелот е спроведен во куќата преку бандера, можно е кабелот да патува низ повеќе бандери до куќата, а тоа значи повеќе точки на поврзување за кабелот и во било која од тие точки на поврзување може да има слабеење на сигналот. За да се нафати некој техничар да преработува бакарен телекомуникациски приклучок од една до друга бандера, треба да станува збор за корисник кој плаќа за некој поскап пакет, а не за било кој обичен смртник кој плаќа за најевтиниот пакет или за вториот најевтин пакет, или да станува збор за групна пречка - повеќе куќи да се жалат на слаб сигнал.

Истото важи доколку живееш и во станбена зграда - повторно има барем 2 (ДВЕ) точки на поврзување кај кои може да се случува слабеењето на сигналот - една во станбената зграда, а друга во локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, и повторно можно е да е` потребна преработка на бакарниот телекомуникациски приклучок.

Доколку живееш на помалку од 1 (ЕДЕН) километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком на која си поврзан, поднеси барање за Internet M пакет, бидејќи тој е достапен само преку бакарна VDSL линија или преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а за VDSL линија ќе мораат да те поврзат на бакарна телекомуникациска порта со добар сигнал.

Доколку живееш на повеќе од 1 (ЕДЕН) километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, тогаш поднеси барање за истиот Internet M пакет, но преку хибриден Интернет приклучок. Хибридниот Интернет е комбинација на Интернетот од бакарната телекомуникациска мрежа, заедно со 4G Интернетот наменет за мобилна телефонија.

Доколку ниту едно од спомнатите решенија не ти биде прифатено од страна на Македонски Телеком, тогаш ти останува или да чекаш оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком да стане достапна на твојата адреса на живеење, или да се префрлиш на друг телекомуникациски оператор.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Ај нека им е честито на жителите на улица Хо Ши Мин во Бутел, изгледа пристигнала оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком и кај нив - не баш насекаде, но во поголем дел улицата е покриена.

Работата денес ме однесе низ Бутел и бев изненаден кога открив дека има по некој оптички телекомуникациски извод од Македонски Телеком на некои од бандерите.

За заинтересираните најдобро е во најблискиот салон на Македонски Телеком да поднесат барање за проверка на техничка можност за оптички телекомуникациски приклучок на нивните адреси на живеење.

Како и да е, ако до крајот на 2019 година оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком стане достапна низ поголемиот дел од Бутел - ако не и низ цел Бутел, ма да тоа е малку превисоко очекување за до крајот на 2019 година - тогаш повеќе од сигурно е дека на Радишани ќе му дојде редот во 2020 година.
 
Член од
30 септември 2019
Мислења
17
Поени од реакции
2
Momci vie sto ste na optika,imate problemi so fiksnata telefonija?Koga zvoni nekoj drug na fiksniot telefon im vika korisnikot momentalno e nedostapen,a jas mozam da zvonam od istiot toj telefon i broj i da razgovaram.Neznam zosto drugite nemozat da me dobijat i im vika korisnikot e nedostapen.
Toa kazuva koga baranoto lice e zafateno t.e razgovara na telefon
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
497
Поени од реакции
679
Дали некој од вас користи хибриден рутер од Македонски Телеком?

Како е за разлика од ВДСЛ ZTE рутери или 4Г?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Дали некој од вас користи хибриден рутер од Македонски Телеком?

Како е за разлика од ВДСЛ ZTE рутери или 4Г?
Разликата е во тоа што хибридниот рутер ги комбинира ADSL или VDSL Интернетот, заедно со 4G Интернетот со цел да се добие побрз Интернет.

Но сепак хибридниот Интернет е само привремено решение додека не се добие техничка можност за оптички Интернет на корисничката адреса.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Оптика Телеком или оптика Телекабел?
Вчера бев во Телекабел за да прашам колку време ќе им треба за оптика да ми донесат. Денеска ми се јавија, го испитаа реонот и ми рекоја за 2-3 дена, што пријатно сум изненаден околу ажурноста. Моментално сум на Телеком и со копуците се убедувам веќе 2 години и уште ништо околу оптиката. Од сервисот нивни во глобала сум презадоволен, едино пингот ме зеза и затоа сакам оптика да ставам.
Зборот ми е, од нивните монтери имам слушнато дека оптиката од Телеком и Телекабел не била иста. Ако да, што не е исто и што е разликата? Малку ми е чудно што пуштаат таков муабет иако мислам дека си ја бранат фирмата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom