Со кого се познавате од форумов?

U

UnholY

Гостин
Денеска и официјално се запознав со Разиел. Визуелно :) Доста беше дискутирање по цели недели на мсн.
Не ни очекував дека дечкото ќе ми остави толку позитивен впечаток. Шири некоја позитивна енергија, а и со муабетот се уклопуваме тотално. Дефинитивно, мој тип на човек за многу работи :)
Пиевме пива, акавме по мостови, по рушевини, по Костурници and so on. Закон беше, супер си поминав.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Денеска и официјално се запознав со Разиел. Визуелно :) Доста беше дискутирање по цели недели на мсн.
Не ни очекував дека дечкото ќе ми остави толку позитивен впечаток. Шири некоја позитивна енергија, а и со муабетот се уклопуваме тотално. Дефинитивно, мој тип на човек за многу работи :)
Пиев пива, акавме по мостови, по рушевини, по Костурници and so on. Закон беше, супер си поминав.

Тоа шо кај мене беше ебено просветление е дека ништо посебно не очекував од Unholy.Мислев дека ќе биде,онака,типче:)
Ама....испадна дека бацето е крајно и вистински металска сина крв.Човек со вредности и со муабет во кој не преовладуваат лесноглаголиви реченици.
Самото тоа дека ми ги правеше сите муабети и тоа на тотално еднакво ниво,ме направи да го осеќам за близок.Идеалистички брат.A Herbal Comrade.

Ми се врати вербата во луѓето.А ми се компромитираше осетот за првовремена проценка.
Лошо го проценив Unholy од прва.Тоа нема веќе да го земам здраво за готово.Кај никого.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Се запознав со Натурал грл :helou:
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Се знам со `EsCaPe`, Desire, Black Fire, G@rfield, The Macedon , Gabu... итн..
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Еј и со Скарфејс се запознав :vozbud: закон чоече :helou:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.688
Поени од реакции
48.889
Со Манс се познавам да му ебам глаата, у средно седевме у клупа заедно :bip::bip::bip: фино дете е
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663
На Салеп собиранката имав можност да запознаам супер дечки и девојки.

Мац - Весел дечко подалеку седеше малце немавме шанса да си позборуваме за филмови и други муабети.Наредниот пат :)
Реактив - Испадна дека ми е комшија ебате а не се знаеме.Супер дечко доста весел младич :)
Земзела - Седеше карши мене навистина закон е дечкото сака билдер да стане :) се шалам
Тончи - Дојде малце покасно али нема везе бизи е дечкото.Си позборувавме за стари спомени од војска на наредната собиранка повеќе :)
Зевсус - Закон човек седеше на средина ГАЗДА човекот супер е немам зборови и кој беше специјалецот со тебе не знам али опасен тип изгледаше.
Кварт испадна дека ми е комшија добар дечко не зборевме многу многу али нареден пат :)
Римз домаќинот на собиранката - Закон тип прошетан дечко за која било тема можеш да збориш со дечкото :)
Серпико - Со Боби и друштво останавме до крај навистина супер дечко муабет колку сакаш се гледаме на фудбал утре :)
Крејзи ин Лав - Колешката политичарка не сакаше да пие салеп но кога испроба малце одма се одлучи да земе.Само не знаеше како да го викне келнерот :pos: Разговорот за затворите беше закон.Супер девојка нема што
Даденце - Многу пријатна и убава девојка.Навистина уживање е да се збори со нејзе.Штета што си отиде порано.Поздрав со песната Сретан пут сретан пут :)
Натурал Грл - Добра пријатна девојка не можам да кажам нешто повеќе не зборевме баш.Нареден пат :)

Мислам дека сите ги споменав мило ми е што се запознавме ако заборавив некој не ми замеравајте не е намерно али не ми текнува на друг некој моментално :wink:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Со ragazza седев во ист кафич. Си го нарекувам тоа запознавање, дека не верувам некој повеќе да може од тоа! Пукнете мажи од целиот свет!:vozbud::vozbud::nesvest:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Со ragazza седев во ист кафич. Си го нарекувам тоа запознавање, дека не верувам некој повеќе да може од тоа! Пукнете мажи од целиот свет!:vozbud::vozbud::nesvest:
Ae педерка е таа.... неќе да се појави у живо.
А и седење у ист кафич пак не се брои, пукни Данице :pos:


Ај да не бидам офтопик: Вчера се запознав со Скарфејс, војниче јуначе. Башка магационер бил у војска, тоа се поштува.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Со ЕмМа,која се вика Кристина,има аватар од Лиса,и нејќе да се прска.
Се на се,интересна личност.
А,да,и никогаш не победува во бриџ :)

После со Реактив,му реков и у живо,првпат да згрешам во проценка на човек,различен од форумскиот негов лик,во позитивна смисла...

Со Саладин,кој го има онака,најкул мобилниот на светот,и иако не збори многу,сепак ги бира зборовите,не од срамежливост.

И на крај со точкест,кој е многу посекси во живо отколку на сликите:kesa:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
Abe jas nikoj ne znam od ovde ili znam mozit, hh inace od Ohrid sum :)
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Се запознав денес со Тончи, Ејсид, Гижо конечно, Земзела, Водкамикс (за овие двајца секогаш се бунам, може некој беше од нив двајца а може и двајцата беа нз), Ливерпул фан, комшиите Скарфејс и Скорпио_20. Толку ќе да се ако утнав некој пак ќе се запознаам со него :)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
93
Поени од реакции
5
:devil3: Ја па ниkого не познавам :nesvest: :(
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
:devil3: Ја па ниkого не познавам :nesvest: :(
Браво, што ќе пиеш?
Иначе денес ги запознав Скарфејс, Суперхик, уште еден бачко шо му го забораив јузерот:), Џену грл(јеботе шо ситно си било:)) шмизлата:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom