Срциња ми се комшиите, поблиски од роднини.
Не се лутеа кога по дома си скокав на јаже и се плашеа во секој момент да не паднам директива во нивната соба.
Тие мене ме викаа штурец, јас од инат плакав уште посилно од обично.
Кога детето на комшијата ќе нејќеше да ме игра и мене, плачев дома и со мама одевме кај неговите родители да се жалам јас дека ме тепа.
И потоа истиот тој ме удри со тениско топче по глава. Нема веза, не болеше многу.
Ако сум голема, уште од време на време ме фаќа носталгија за ѕвонарка (си тргнеш од последниот спрат шпринт по скалите и на секоја врата ѕвониш на ѕвончето) и ова обично во другите згради, а не во твојата.
Малку беа љубоморни затоа што ние дека на први спрат живееме не плаќаме лифт, а јас упорно цел ден се возев горе-долу. На мама секако и велев дека тие лажат.
Обожавам кога седиме пред зграда до 2-3 по полноќ и се смееме и во рок од 15мин. сите комшии се наредиле на терасите по пижами и се закануваат нешто...
Го молам еве јавно за прошка комшијата што се здоби со не толку сериозни проблеми кога се лизна по скалите од водата што претходно со една друга комшика ја истуривме. Не беше наменета за него, ама јебига, шит хепенс.
И исто ја молам Чавката да не ја мие терасата додека алиштата ми се сушат, а таа од четврти спрат да не ги фрла памперсите со гоманата на внук и низ тераса, бидејќи јас сум на први спрат и на мене ми смрди.
Ги сакам крофните на комшиката од втори спрат, секогаш кога прави ми дава да пробам, ја мразам попадиката, жената на попот од приземје (среќа се иселија), мразам кога секогаш доаѓаат кај нас во 3и30 поручек, ме нервираат нивните мали деца што пискаат по цел ден и цела ноќ...
Шала на страна, ме трпеле и толерирале повеќе од мама и тато, не можам да не ги сакам <3