Соседи, комшии и меѓусебниот однос

  • Креатор на темата Креатор на темата GraFusion
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ве читам... си се препознавам. Јас сум лошиот комшија :pos:

Има едно 10-15 копиљаци кај мене низ маало, и најчесто од сабајле до вечер не ги држи место. Се тепаат со камења, играат фудбал, криенка (и што уште не) и прават ужасна врева. Па јас (џоа постар во години, во умо исто зелен) ко ќе ми е мака знам да излезам и да му се развикам да се стишат.

Ама и први другарчиња сме, фудбал играме редовно :)
да ти помогнам во викањето, многу добро викам, добро а зошто си зелен нели ти реков да не јадеш зелена салата:)
leaf.gif
 
кога во мое маало, мојата генерација бевме копиљаци и си игравме на улица имаше една тетка Васка на која секогаш нешто и` пречеше. Фрлаше со тегли по нас, со саксии, со камења (ама салам камења беа тоа). Ако навечер летно време седевме на улица знаеше од зад грб да ни истури жешка вода и што ли уште не. И сите ко за инает секогаш пред неа седевме:) Сега кога потпораснав мило ми е кога ги гледам внуците (децата на моите први братучетки) и често знам да излезам да ги заиграм:) Сите сме деца, повеќе или помалку.
 
бре бре бре.. моја зграда :confused: Да почнам од трети спрат (кај што сум јас) па надоле.. јас не памтам мал бев, ама мајка ми ми кажуваше се карала со прва комшика па и до кубење малку дошло хахаха :LOL: Ден денес не зборат. Ама луѓето се малку на лево, се разведе пустиот со жена му, а со ќерка му се кара секој ден. После имаш албанци, што невести носат секоја недела, а секоја веселба им трае толку, така да нема ден да не скокам преку 10000 чевли пред нивна врата.. Идеме на втори спрат :) Тука имаш еден простор, метар на метар така, пред вратата на луѓево, кај што ни гас маска не те спасува , да не збориме за внатре. Одма до нив ти е стара жена со изместена лева хемисфера и без мал мозок. Меѓу другото, ни фрли цела кофа со вода од тераса, право на нас на клупата долу, само дека сме биле малку погласни. Недај боже вода од цвеќињата од тераса кај нас да отиде кај неа на тераса, ќе ти пцуе се што имаш до Гоце Делчев, и назад. И кулминацијата ти е на први спрат, кај што имаш од се по нешто. Ќе ја спомнам само најстарата станарка во наша зграда. Освен што не колнеше порано (што до негде ми беше и смешно) и што ни се дереше за секоја ситница, будалата ја оставила чешмата пуштена во ВЦ, и излегла. За некое чудо и заклучила, обично не го прави тоа :tapp: Па од кај неа вода низ цел спрат. Се качуваа преку тераса, отвараа некако, па да средат. Абре луда работа, ама интересно ми е, секој ден нешто ново праат. како во reality show некое сум, де се караат, де те пцујат.. и така :pos:
 
У моја зграда владее една хармонија невидена(без заебанција) дури и чудно за племе како нашево.

П.С Комшијата(прв) ми е ѕвер и не е лош.
 
Да поседите кај мене в зграда една недела,че наполните 1000 страни овде.....Само можам да кажам дека ми е жал шо почнав да се карам на 14 години(глуп еден шо чекаше толку:tapp:) :D
 
Како помал памтам ко ќе играв во мојов двор со други деца, ко ке се зезавме, викавме итн... мојте добри комшии стално идаја на карање, и то мета на карање им беше дедо. Ова траеше години. По нас фрлале со камења, ни истурале жешка вода итн... Помина и то, пораснавме и не прајме глупости пред куќа кај нив, им се родија деца и то. А ситуацијава... (поради ова до ден денес "добар ден" од мене не слушнале) Вторник, 10ти Март 2009. Се враќам јас дома после операцијата,(ја памтам случкава како вчера да беше) легнав на кревет дек не можев да се движам многу, мојве имаја ојдено Битола и само со сестра ми бев дома, јас со огромна желба да заспијам. 9 сатот вечер, тие во дворот кај нив дремет, децата им пиштат, плачат и што уште не. Ја пуштив сестра ми да им каже дека не можам да одам и дека треба да заспијам, а и касно е, ако може малку потивки да се... сестра ми добиват одговор: "Па шо ме интересират мене...нек си ојт в болница нек спиет ак не мојт шо барат овде, од него ние да не мојме да живејме?"..........:tapp:
American+Psycho.jpg

Маки мачат со мене од тогаш, а најмногу пред нова година, минимум 500 петарди и 20 огномети под тераса и на фасада се пукнати. Дур не завршит старана во болница, не се предавам.;):cool:
 
Ехее како помали сите комшии ги направивме да бидат лоши играјки фудбал 24/7 па дури и во време на зимски услови кога има снег, мраз. Едната комшика стара жена 70-тина години партал и ја направивме гаражата (дрвена врата) на кутрата гаража секој ден и паѓаше по една даска пуцајки фудбал и играјки “пупенка“ на Велешки хаха. На другиот на продавницата 2 огромни џамови му искршивме и покрај тоа што човекот си постави заштита железа сепак поштени си собравме пари и ги плативме истите а одма спротив нив имаше уште еден лош комшија кој сигурно никогаш не можел да заспие или пак да одмори бидејки секоја пола минута доаѓаа удари од фудбалска топка во неговиот ѕид.

Еден куп ролетни пукнати/скршени кај мене и кај друг комшија лимот на гаражите го искрививме, неколку надворешни ламби па и улични уништени сепак да не го заборавам нај хардкор комшијата кој не бркаше со секири, мотики, ножеви и се што ќе му стигне на рака но и најмногу ремет добиваше. Човекот буквално беше бомбандиран секој ден со јајца зошто ни ги сечеше фудбалите или не ни ги даваше ако паднат во двор, клучалките редовно му беа заглавувани со лепак комбиниран со дрвца и човекот мавајки не со коцка искрши 2-3 стакла на коли.

Ех младост лудост дефинитивно сме немале никаков осет кон “лошите“ комшии.. незнам како не не утепале :pos:
 
ехххехее како неам, јас само ги викам луди бабетини и шлакнати вештери, абе стално за нешто се жалат, само нешто им смета..блаблаблабла.....секој ден се жалат за нешто...:mad:
 
Да ја оживеам темава :)
Моите соседи ми сметаат кога се караат, ем се гласни ем претстави да гледаш. Понекогаш има и тепање. Башка дечиштата од улицата ми го нервираат кучето и го дразнат. Им враќам со странска музика, на цел глас

551749_275287085904833_187344005_n.jpg
 
imam problem so komsiite 24/7 se sednati u dvor i snimaat koj kako se dvizi i so pravi ,kako ne donesat nekoj zakon kako na zapad da nesmee da zirne posle od zavesa a ne da se bulji uporno.......:mad:
 
имав проблем ама сега неее :D,ми се споија еднаш жичките и сега се мирни,до следна спојка хахаа
 
Премногу се радознали, досадни, препотентни и незнам уште како да се изразам. После некое време карање и кинење живци едноставно сфаќате дека не се worth it.
 
Јас имам комшија моден креатор и стално коа ќе го видам у влез или пред зграда ме мава трема дали тренерките ми одговараат со патиките или ташната со фармерките или блузата со чорапите.
После секоја ваква средба по цели ноќи не спијам и ги гуглам најновите модни трендови. Мислам дека ова е прилично сериозен проблем.
 
Јас имам комшија моден креатор и стално коа ќе го видам у влез или пред зграда ме мава трема дали тренерките ми одговараат со патиките или ташната со фармерките или блузата со чорапите.
После секоја ваква средба по цели ноќи не спијам и ги гуглам најновите модни трендови. Мислам дека ова е прилично сериозен проблем.

Немаш Јеховини сведоци за комшии <3

Пред Велигден попот кога им влезе дома кога виде кај влага, гз преку глава искочи :pos:
 
Немам проблеми, не се лоши соседите . Али, понекогаш ми смета кога комшијата ќе фати да работи со флексот . На нерви ми оди тоа, али да прават проблеми, не, не прават .
Да се самоцитирам. Постов е напишан у април 2010, сега е септември 2012 и многу работи се изменија. Страшно сум се разочарал од нивното понашање. Сеа сме само на дистанца и на едно обично „Здраво“ и ништо појќе, бар ја и татко ми. Овие ми се први комшии, а тука имам уште една комшивка која страшно ми го потечуе к*ров и неа ја ставив на Ignore, додека со другите сме во одлични односи, пу пу да не урочам :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom