Соседи, комшии и меѓусебниот однос

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Старитр бабетини си стојат пред зграда и чим искочиш од влез, со очи те скенираат од глава до пет8, па одма ќе ти преречат.. не си дал пари за заедничка струја, куќето не го шетај ондека ми моча, ние таму кај тие клупи седиме.... а они никад таму не отишле :mad:
Единствено ми вредат едно 12-15 комшии, а и сите оние комшии чие Wi-Fi секогаш го оставаат без лозинка :)

Па у право се за болдот. Не ми е јасно како дома си ги подмирувате сметките, а заедничките сметки во зградата ги игнорирате.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
тие од десно скоро и да ги нема, машкото се отсели во САД, девојчето се пресели, таткото почина, само мајкава е дома.

Али брате мили овие Јеховиниве сведоци од лево со тоа ритуалите и чудните верувања што ги практикуваат се да ти прсне нешто во главата. Смрт. Одма се трампам со сите вие шо пишавте дека имате радознали, што да е само не вакви.
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Имав една комшика што на коледе го исклучуваше ѕвончето и на вратата ставаше ливче на кое пишуваше: "Потивко, чичко ви Ацо спие"
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
хмм
со едниот не зборам пошо често сме се карале за кој кај да паркира а еднашка и ми го испрска дворот со вода намерно за да не сум играл фудбал со братучед ми пошо му спиеше детето
демек нели, братучед ми не беше постар и немаше да се разбере од збор МОРАШЕ ДИРЕКТНО ДА МИ ГО ИСПРСКА ДВОРОТ

со вторите онака неутрално, мада ептен имаат пораснато жива ограда, многу се кријат
со третата исто со жива ограда... баба ми ми има зборено порано имало проблеми со струјата и сме биле нешо заедно поврзани не знам што и тропала ко ненормална на ѕидовите пошо и снемувало струја демек ради нас

може да се заклучи дека треба почесто да се комуницира вербално и да се има разбирање.
 

Gregory9

Anonymous
Член од
12 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
296
Еве со едните комшии испокарани сме, ја пуштиле внуката на гаража кај мене да собира од вишната и бабами се изнервирала и рекла да се симне оваа нема бе нема рекла ова е наше. :tapp: Бабами ни три ни два земала цревото пак и рекла да се симне оваа пак терала инает се изнервирала женава ја направила утоп. :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Па у право се за болдот. Не ми е јасно како дома си ги подмирувате сметките, а заедничките сметки во зградата ги игнорирате.
Не ме разбра, во зградата имаме одговорен кај кој веќе 6 години ги даваме парите, а они сакаат кај нив да ги даваме парите, зошто биле скарани со одговорниот и веќе така измачуваат луѓе 2 години, а секогаш ние сметките навреме ги подмируваме :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Моите комшии изгледа скарани сме така им текнало без причина да не ни зборуваат и немаат пари за ограда па земале гранки од дрвја наредиле. Два метри високо и како ги преплетиле не знам ни змија не може да помини. Сега од таа страна сме како да живееме во село. :pos::tapp:
 
Член од
19 март 2012
Мислења
300
Поени од реакции
367
тие од десно скоро и да ги нема, машкото се отсели во САД, девојчето се пресели, таткото почина, само мајкава е дома.

Али брате мили овие Јеховиниве сведоци од лево со тоа ритуалите и чудните верувања што ги практикуваат се да ти прсне нешто во главата. Смрт. Одма се трампам со сите вие шо пишавте дека имате радознали, што да е само не вакви.
штооо збориш ниту еднаш ги немам видено тие...особено навечер кога идам накај грне се е темница у куќата
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Доста се жалевте, мојот комшија би го трампал за сите ваши. Озборувачи, јеховни сведоци, завидливи, склерозни дајте ги кај мене. Мислев дека овие се најголемото ѓубре што го има.
Мојот комшија над 65 години сигурно е гледам сабајле стои пред портата, а типот го извадил којзнае или мочаше или нешто друго правеше. :tapp:
На таа улица и поминуваат деца. Не знам дали да се смеам или да плачам.
И ова го немав видено, а сега треба да очекувам и вакви глупости од комшиите. :facepalm:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Е моите нови комшии сега за сега се добри. Пола се Македонци, пола се албанци :)
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.396
Поени од реакции
5.779
Еве кај мене на улица се македонци но зошто имам огромен двор сум и на друга улица кај што пола се албанци тие што се старите албанци се баш добри а тие пак малите ми и иде да ги убиам само пискаат ми имаат мавано со камења еднаш го удрив тоа едно дете па после цело семејство ми дојде на врата :D
А македонците пола од нив се шпиунии се гледаат што правиш со кого си а другите се добри
--- надополнето: 9 ноември 2013 во 13:42 ---
Доста се жалевте, мојот комшија би го трампал за сите ваши. Озборувачи, јеховни сведоци, завидливи, склерозни дајте ги кај мене. Мислев дека овие се најголемото ѓубре што го има.
Мојот комшија над 65 години сигурно е гледам сабајле стои пред портата, а типот го извадил којзнае или мочаше или нешто друго правеше. :tapp:
На таа улица и поминуваат деца. Не знам дали да се смеам или да плачам.
И ова го немав видено, а сега треба да очекувам и вакви глупости од комшиите. :facepalm:
Фала богу овде не доаѓаат оние сведоци
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Кај мене едни си вовлекоа во перална и си направија станови. А и пред тоа беа џган тежок, имаа еден стан во зградата и не плаќаа за чистачка и одржување, но тоа не им беше доволно па ги освоија заедничките простории, па уште и да ти се појават на врата затоа што сакале потпис на нотар за да си ја легализираат дивоградбата горе што ја направиле па уште и само се прошируваат па и ходниците горе ги соѕидале и не може да се излезе на заедничката тераса. Се ми изгледа дека некој ѕид ќе падне одозгора. А те гледаат со омраза, не знаат ни добар ден да кажат, цела фамилија ист џган, еден да се погодеше асален. Има ли некој закон во оваа држава или ова е див запад, да излезеш од дома и може некој да ти се насели во станот, така ми изгледа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom