Слушате ли народна музика?

Сандар

Heartagram's child
Член од
27 ноември 2008
Мислења
168
Поени од реакции
2
што подразбирате под народна музика, она вистинската народна или турбото

според името на темава значи се мисли на вистинското

Ја поштувам онаа народната Македонско...ретко слушам...мислам на оние Јовано Јованке,Зајди зајди,Послушајте патриоти итн итн...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
слушам народно али само наше македонско башка ова Водици додека го славев два дена гласов ми зарипна од пеење а и многу наши стари народни песни си научив
 
Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Овде се некои патриоти. :) Јас во малцинството сум изгледа, не слушам народна музика.
 
Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
народно да но не онај новокомпониран турбофолк туку староградските и изворните македонски ова оди покрај панкот кој ми е прмарна музика
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
А да праевте разлика меѓу народна/изворна музика или такозвани фолклор, и турбо-фолк?!?!
Мислам дека темава се однесува на првиот тип на музика.
Не слушам народна музика, ама ја поштуем многу. Па тоа е дел од културата, колективното творештво и традицијата на еден народ. А пред се, изворната музика е уметност!!
Едноставно браво за постот.Секоја чест.Изворната музика е уметност!

Народната музика е дел од богатството на нашиот народ, културата, обичаите и сите некогашни случувања најубаво се доживуваат преку тој специфичен ритам, меѓутоа ние младите ( вклучувајќи се и себе си тука ) не ја слушаме народната музика. Едноставно не знам зошто ама неможам тоа да слушам.
Иако се знае, на свадби и такви веселби не бива без народно, така ни е останато од предците и барем тоа да се почитува, минатото и културата барем за такви прослави и веселби.
Искрено до некаде е и жалосно што ние младите не слушаме народна музика освен по свадби и некои веселби.

NARODNO definitivno NE. zatoa ne ni odam na svadbi i na takvi proslavi kaj sto ima narodna muzika
Мислиш си правиш многу добро што не идеш на свадби каде има народно?Се надевам на твојата свадба ке имаш рап техно или каква и музика да слушаш и пола гости да си отидат после 15 минути.
ne mozam da ja podnesam ednostavno koa ke slusnam goce arnaudov mi se kreva kosata na glavata
Остај го ти Гоце Арнаудов!Имаш сатроградски песни и други народни песни испеани од најголемите доајени на макеодснката музика.Тоа вреди да пробаш да слушаш.

Ако имам испијано литар вино пред то ДА.
ОМГ!Мислам не правиш разлика мегу народно(изворно) и турбофолк.

Резумирано:Ми се крева косата од некои кои ко прво незнаат да направат разлика мегу песна од Васка Илиева и песна испеана од Сека.Песните ни малку не се идентични а да не зборам за вокалните способности и тоа каков доајен била е и ке биде Васка Илиева и нејзините испеани песни не само кај нас, туку и пошироко, а каква е Сека.
Народната(изворна) музика е дел од секого од нас.Исто е како јазикот.Колку и каоко го чуваме јазикот, толку ке го зачуваме и нашиот идентитет.Како што рекол Мисирков, народот без сопствен јазик не е народ така е и со музиката.
Впрочем народната изворна македонска музика се провлекува низ години.Преживеала и Турска и Српска и Бугарска и каква се не окупација.Се користеле и се пееле за лугето да заборават на секојдневните маки.
Не сакам воопшто ни да говорам за квалитетот на песните.Препознатливиот за нашите песни е 7/8 такт.А таков такт многу ретко се употребува.Песните се полни со содржина.Се пее за маките на нашиот народ коои ги поминувал низ векови наназад, за нашите храбри јунаци нивните подвизи и нивните славни умирања.Со еден збор во тие песни е целата наша историја.
Без тие песни за нас самите би знаеле многу помалку.Во многу песни одредени настани се опишани многу подоборо отколку во нашите книги(сликовници) по Историја.
Ако не слушам народна музика едноставно, незнам кој сум од кај сум и каков сум.Не ме интересираа што направиле мпоите дедовци и прадедовци.
И уште некој како капак на се слушал само кога е пијан.Глави недоделкани тие песни се направени да се гордеете со нив. Да се восхитувате на уметноста која е содржана со нив, и да се гордеете со таквите песни.
Не е ни чудо што во Бугарија во секоја кафеана се пеат изворни македонски песни.Не се нивни ама си ги присвоиле зошто има квалитет во нив.
Не е ни чудо што имаме тапа музичка сцена кога не обрнуваме внимание на корените на македонската музика.
Прашајте некој од Хрватска, Словеније, Србија, Франција, Полска дали слушаат изворни песни колку и како ги почитуваат.
И без фолирање.Мислам дека нема човек во Македонијава кој незнае да ја отпее Билјана платно белеше, Ој девојче, Мајка на Марика, Македонско девојче, Дафина болна легнала и слично.А ако има треба да се засрами.
Кај мене не поминува ден без да ја отсвирам на синтисајзер Билјана платно белеше, Ој девојче или некоја друга.Не поминува ден без да слушнам некоја народна песна, без да слушнам некоја од преработените песни на Синтезис.И да горд сум што постојат такви песни и им симнувам капа на тие што ги направиле.
 
Член од
11 август 2008
Мислења
18
Поени од реакции
2
Зошто да не слушам.Како што ја слушам Радмила Манојловиќ И тоа е народно и ова е народно.И двете млади, провокативни и сексапилни...:smir:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103

Неможев, а да не те цитирам. Секоја чест за постов. Би требало да служи како поука за сите што погоре имаа пишано дека не ја почитуваат македонската народна музика. Со тоа доаѓа дека не си го почитуваме ни сопствениот идентитет како Македонци. Па како можи да го почитувате повеќе Миле Китич и компанија, кој освен за пиење, жени, плави циганки и незнам-ти-што уште друго незнае да запее...

Иначе, лично, многу ја почитувам и сакам народната музика, често слушам, веселба, прослава неможам да замислам без неа и воопшто не се срамам да кажам дека слушам.
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Зошто да не слушам.Како што ја слушам Радмила Манојловиќ И тоа е народно и ова е народно.И двете млади, провокативни и сексапилни...:smir:

Прости му Господе не знае што збори.:tapp::tapp:
 
Член од
11 август 2008
Мислења
18
Поени од реакции
2
Прости му Господе не знае што збори.:tapp::tapp:

Зошто не знам што зборувам.Всушност турбо фолкот е народна музика ако не знаеш.Во македонија постојат и новокомпонирани песни кои всшност се исти со турбофолкот.Васка Илиева е веќе застарена работа.Слушајте од поновиве пејачи.

Едноставно Made in Macedonia
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Зошто не знам што зборувам.Всушност турбо фолкот е народна музика ако не знаеш.Во македонија постојат и новокомпонирани песни кои всшност се исти со турбофолкот.Васка Илиева е веќе застарена работа.Слушајте од поновиве пејачи.

Едноставно Made in Macedonia
Добро ај немам работа да се расправам со необразовани личности.
Иди научи прво во школо што е народна музика, начинот на кој се прави, инструментите кои се употребуваат, кој тактови преовладуваат во народните песни, и барај на интернет за турбофолк и збори.
И кога си запнал со Васка Илиева веке, овие твоиве сексипилни турбо фолк пејачки можат единствено на Васка да и палат свеки во знак на почит.Тие не се достојни да ги наречам естрадни уметници.И уште нешто , народната музика и песните од Васка Илиева, неможе секој да ги испее.За разлика од твоите турбофолкерски песни .Мрсул еден најде кој да збори дека Васка Илиева била застарена работа.
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Слушам народна музика, т.е. само македонска народна музика. Треба да се гордееме како народ кој има огромно фолклорно богатство, посебно кога станува збор за песните и ората. Македонските песни се насекаде почитувани и ценети и се вистински раритет и вистински промотор на Македонија, на македонскиот јазик, на македонската културна традиција, на Македонците воопшто. Ако самите не се почитуваме, не треба да очекуваме некој друг да го стори тоа. Оттука слушајте македонска народна музика (посебно од легендарните македонски изведувачи: В. Илиева, Сариевски, Бадев, Манчевски и др.) бидејќи со тоа ги сочувуваме од заборав и им го продолжуваме векот на песните по кои сме препознатливи во светот, ние Македонците.
 
Член од
28 јануари 2009
Мислења
238
Поени од реакции
37
Па богами народна музика многу слабо само на свадби и такви работи а како шо глеам има доста како мене:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom