А да праевте разлика меѓу народна/изворна музика или такозвани фолклор, и турбо-фолк?!?!
Мислам дека темава се однесува на првиот тип на музика.
Не слушам народна музика, ама ја поштуем многу. Па тоа е дел од културата, колективното творештво и традицијата на еден народ. А пред се, изворната музика е уметност!!
Едноставно браво за постот.Секоја чест.Изворната музика е уметност!
Народната музика е дел од богатството на нашиот народ, културата, обичаите и сите некогашни случувања најубаво се доживуваат преку тој специфичен ритам, меѓутоа ние младите ( вклучувајќи се и себе си тука ) не ја слушаме народната музика. Едноставно не знам зошто ама неможам тоа да слушам.
Иако се знае, на свадби и такви веселби не бива без народно, така ни е останато од предците и барем тоа да се почитува, минатото и културата барем за такви прослави и веселби.
Искрено до некаде е и жалосно што ние младите не слушаме народна музика освен по свадби и некои веселби.
NARODNO definitivno NE. zatoa ne ni odam na svadbi i na takvi proslavi kaj sto ima narodna muzika
Мислиш си правиш многу добро што не идеш на свадби каде има народно?Се надевам на твојата свадба ке имаш рап техно или каква и музика да слушаш и пола гости да си отидат после 15 минути.
ne mozam da ja podnesam ednostavno koa ke slusnam goce arnaudov mi se kreva kosata na glavata
Остај го ти Гоце Арнаудов!Имаш сатроградски песни и други народни песни испеани од најголемите доајени на макеодснката музика.Тоа вреди да пробаш да слушаш.
Ако имам испијано литар вино пред то ДА.
ОМГ!Мислам не правиш разлика мегу народно(изворно) и турбофолк.
Резумирано:Ми се крева косата од некои кои ко прво незнаат да направат разлика мегу песна од Васка Илиева и песна испеана од Сека.Песните ни малку не се идентични а да не зборам за вокалните способности и тоа каков доајен била е и ке биде Васка Илиева и нејзините испеани песни не само кај нас, туку и пошироко, а каква е Сека.
Народната(изворна) музика е дел од секого од нас.Исто е како јазикот.Колку и каоко го чуваме јазикот, толку ке го зачуваме и нашиот идентитет.Како што рекол Мисирков, народот без сопствен јазик не е народ така е и со музиката.
Впрочем народната изворна македонска музика се провлекува низ години.Преживеала и Турска и Српска и Бугарска и каква се не окупација.Се користеле и се пееле за лугето да заборават на секојдневните маки.
Не сакам воопшто ни да говорам за квалитетот на песните.Препознатливиот за нашите песни е 7/8 такт.А таков такт многу ретко се употребува.Песните се полни со содржина.Се пее за маките на нашиот народ коои ги поминувал низ векови наназад, за нашите храбри јунаци нивните подвизи и нивните славни умирања.Со еден збор во тие песни е целата наша историја.
Без тие песни за нас самите би знаеле многу помалку.Во многу песни одредени настани се опишани многу подоборо отколку во нашите книги(сликовници) по Историја.
Ако не слушам народна музика едноставно, незнам кој сум од кај сум и каков сум.Не ме интересираа што направиле мпоите дедовци и прадедовци.
И уште некој како капак на се слушал само кога е пијан.Глави недоделкани тие песни се направени да се гордеете со нив. Да се восхитувате на уметноста која е содржана со нив, и да се гордеете со таквите песни.
Не е ни чудо што во Бугарија во секоја кафеана се пеат изворни македонски песни.Не се нивни ама си ги присвоиле зошто има квалитет во нив.
Не е ни чудо што имаме тапа музичка сцена кога не обрнуваме внимание на корените на македонската музика.
Прашајте некој од Хрватска, Словеније, Србија, Франција, Полска дали слушаат изворни песни колку и како ги почитуваат.
И без фолирање.Мислам дека нема човек во Македонијава кој незнае да ја отпее Билјана платно белеше, Ој девојче, Мајка на Марика, Македонско девојче, Дафина болна легнала и слично.А ако има треба да се засрами.
Кај мене не поминува ден без да ја отсвирам на синтисајзер Билјана платно белеше, Ој девојче или некоја друга.Не поминува ден без да слушнам некоја народна песна, без да слушнам некоја од преработените песни на Синтезис.И да горд сум што постојат такви песни и им симнувам капа на тие што ги направиле.