Прво почнав од сервисерите за мотори шо се, после кај авто механичари па на крајот да ги посетам и авто електричарите. Никој не успеа да ја напрај.
А за проблемот шо да ти кажам. Денес купив нов акумулатор. Ко ќе е прикачен акумулаторот вади напон 15 волти а при висока туража 17 волти. Шо е многу, многу е. А без акумулатор така на клемите мерам и има 28 волти напон

. Инаку за сијаличките на инструмент таблата ги извадив сите и сите беа прегорени. Сијалиците за жмигавците и за штоп светлото не да беа прегорени туку и стопени беа влакната внатре. Му кладов нови сијалици и си светеа во ред беа само жмигавците не трепкаја. Па го извадив автоматчето шо е за трепкање и го провервав со унимер. Неисправни беа една диода и еден транзистор. Тоа го порачав од Велес, ќе ми стигни утре.
Ми остана уште да пробам пак со нов реглер да не случајно праеше некој спој акумулаторот стар или пак некоја од стопените сијалици и да го расипа реглерот.
Денес ја растуривме цела со татко ми и според шемата провервавме жица по жица. Нигде не најдовме краток спој. Само, слабата црвена жица од клемата покажва некој отпор со маса ама најверојатно то е отпор од некој елемент низ кој врви та.
Незнам друго шо можи да биди.