Леле човече што збориш...Знаат да пуштат...Како да пуштат ??? да паднат...Јас имам кинез 3 години и до сега 1 штрафче не ми е паднато, а 70% не ми се никогаш буцнати...А тие во салонот што кажуваат дека се 80ки ЛАЖАТ, за да им ги купуваат демек побрзи се...Сите се жалат кинезите вака така, а мојот и уште многу луѓе што ги познавам што имаат кинези досега немале никаков проблем...Дури братучед ми има ист како мојот, ги направи 16.000 до сега има сменето само каиш и сајла за туража... Секако дека потрошен материјал му мењава редовно како и сите што имаат кинези (филтри на секои 2000км, масло на секои 1000км)...А тоа со вибрациите незнам што збориш...Или ти си имал некој кинез од 100 евра што е 3 во 1 или пак незнам што...Јас на кинезот мој (150цц) и при брзини од 120км/ч не чувствувам никакви вибрации...
Полека, земи воздух

Не зборам на памет, сум имал искуство и со мој кинез и со кинези на другари. Тие што се 80ки е така, имам видено 2 исти модела 50ка пишани само едниот бел другиот црн, едниот влече како луд другиот едвај мрда (од салон двата). Продавачот сам кажа дека едниот има 80ка машина а и некои дечки што имале исто такви 80ки а мислеле дека се 50ки кога дошло за ремнот виделе дека имаат поголем клип. Така да не скокај кога не знаеш.
Во врска со вибрации, 150ката твоја кога ќе крене 120 како прво јас сунет ќе се направам. Се тркав јас со 150ка (иначе имам априлија 50ка) на старт одевме исто на крајна го јадев (априлијата оди до кај 85-90 целата сток). Да се вратам на вибрациите, на кинезот мој вибрациите му почнуваа од 50км па нагоре, не беа страшни ама се осеќа дека машината се мачи (беше 50цц 4 тактен).
За штрафовите, да да, знаат да паднат, мене на кинезот ми фалеа 2 штрафа после поминати 1000км и 4-5 беа ко бајаги лабави (сите штрафови од маската) така да не ми збори за квалитет, кога пробав да ги стегнам сите беа прошлајфовани па морав навртки да барам за одвнатре да ги стегнам.
Друга работа што ја забележав е дека силата им се намалува со поминатите километри, имаше едно угорниче што кога беше нов го качував со 30-40, после 2-3000км неможев со 20 да го качам.
Како и да е, се зависи како ќе ти се погоди машината, но немој да очекуваш чуда.
--- надополнето: 15 јули 2012 во 02:53 ---
Ај што напраи и ти ... кинези ги напраи кивеј, кимко, сим

A и тоа дека разликата е само во дизајн ама баш ИЧ не е така
сум имал кинеско лингбен, моментално два кивеј и еден кимко
кимкото е страшно квалитетно ама и скапо 1800 е овој модел што го имам
Можда не се чистокрвни кинези ама тајванци, корејци се

Како и да е, спаѓаат во поквалитетните брендови.
А тоа дека само маските се различни така е, лингбенот шо си го возел спаѓа во нискава класа на кинези, неможеш да го споредиш со кимко но е на исто рамниште со хамачиве. Мислам ми ја свати поентата
