Здраво
Имам проблем со скутер марка PEDA ET SPORT 4T 50cc
Го палам скутерот на прво,пали и работи одлично и ладен и загреан,на лер работи одлично
При тргнување стартот е одличен(ја држам гаста до крај-забрзува нормално,ја отпуштам гаста- успорува,работи нормално)така одлично забрзува и доаѓа до максимална брзина од 60 км/ч.Но таа брзина ја држи само првите 200 метри и потоа полека почнува да брзината да паѓа до 20км/ч,се гуши и не прима гас(ако тиражирам моторот ништо не реагира)
Ако ја држам гаста на максимум така полека со 15-20км/ч можам да возам но ако пуштам на гаста ќе подзастане и ќе изгасне.
Е сега,ако веднаш заверглам нема да запали но ако почекам 15-30 секунди,си пали нормално,на лер работи нормално,давам гас и веднаш забрзува до 50-60 како ништо да небило,но само првите 200 метри и потоа повторно проблем ,и така во круг.
Ова се случува независно од теренот дали е рамно,угорно или надолно
Карбураторот два пати очистен,издуван,нова горна голема мембрана,наштелован карбуратор,проверен пловак
Нова оригинална свеќичка,нов филтер за гориво,проверено за фалш воздух,проверена вакум пумпа за гориво.
Ако некој има некаква идеа што може да биде.
Ппздрав