Н
Пак после размислувам, си велам: да не треба по онаа старата прво одело да си купиш па работа да бараш? Тогаш помислувам на сите оние наши величествени умови и уметници и сликари кои никој не ги есапел ниту прашал ниту удостоил со покана за грандиозните проекти.
Извинете, ама многу смрди!
Реално, зошто е вистинита таа старата?
Кога ке оставиш сериозен дојам кај вработувачот,соработникот или купувачот, кога си облечен во некое просечно ефтино дуксерче или во добар сакич?
Прво да се изјаснам, не сум некој богаташ па да ви изигравам овде паун што живее на висока нога,потекнувам од фамилија со просечни примања, него пробувам реално да навлезам во психологијата на човековото око.
Замисли ти си интелектуалец,имаш знаење, ама еве пробуваш намерно да испиташ како реагираат вработувачите кон своите идни работници т.е нивната психологија на вработување.
Идеш кај првиот, облечен во нешто посиромашко, си отишол до таму со некое југо зарѓано или некоја друга стара кола што брчи.
И те гледа вработувачот на интервју и нормално прво те проценува однадвор пред да изговориш нешто. А однадвор ке го потсетиш со таа облека, на сиромав неписмен човек кој нема многу знаење и поради тоа неможел знаењето да го претвори во пари, и тој ке те третира како таков во текот на муабетот.
Идеш кај втор вработувач и си се пицнал во сакич, си направил добра фризура, имаш добар саат се избациш со добра кола, се изразуваш културно, богато, и одма за време на интервјуто подруга ке биде атмосферата во просторијата и нивото на комуникација ке биде друго, биди сигурен.
Немора кај работодавец еве биди трговец, пример со кирби машини за чистење.
Потполно истатата психологија се јавува кај потенцијалните купувачи, па уште ако знаеш и по некој маркетиншки трик, ти веке си успешен трговец.
Знам дека звучи егоистично и материјалистички но тоа е реалност.
Истата психологија и со градењето, само што тоа ке се осети на подолг период од некаде 10-15 години.
Инаку за тие зборчиња, (барем, малку повеќе, подобро е вака него претходно), што ти сметаат на тебе, според мене тоа е сосема логично од страна на народот бидејки ако претходно ништо си немал, сега барем малку повеке имаш а утре ке имаш уште повеке и со текот на времето тие мизерни зборчиња ке ги снема.Само мора да постои тој редослед, неможе да се прескокне и ние преку ноќ да изиграваме Београџани.
Ти сакаш веднаш да се прејде од ништо на се. Е па неќе моќи, мора да помине подолг временски период, во кој се си оди постепено, нема многу нагли прескокнувања на скалилата, и што е најважно, треба тоа да си го прифатиме и да не се буниме многу, бидејки процесот е тој. Штом се движиме по нагорна патека, тоа е добро.Споро но се задвиживме нанапред, за разлика од претходно каде што идевме во рикверц.
Е едино нешто што мене не ми се допаѓа е таа Триумфална порта. Стварно не знам што мајка бара таа порта тука?
Кого сме го победиле денес во што сме победиле??
Штом ни Андора не можеме да ја тепаме во фудбал, стварно не знам зошто тоа чудо ке биде изградено?
Ама барем признавам дека не знам, не се самопрогласувам за "експерт"по тоа прашање, како што милуваат многу од самопрогласените да си кажат.
Најверојатно има инженери, научници, историчари арехеолози, кои утврдиле дека тој објект треба да постои.