Гледам многу вжештена дискусијава, фрчат аргументи (и ствари кои се се', само тоа не) а и не е толку комплицирано кога ќе се тргне субјективниот булшит како естетика и лични преференци и вкусови настрана.
Прашање е на приоритети. Приоритети за град Скопје и приоритети за Македонија.
Точка 1: Приоритети за Скопје. Факт: Скопје за својата големина има несоодветен јавен транспорт. Ова е проблем кој нема да се реши ниту со новите автобуси кои едноставно ќе ги заменат дотраените и стари Црвенкапи од кои некои се по четири (ако не и повеќе) децении стари.
Одамна постои идеја за воведување на трамвајски линии кои итекако можат да го растеретат пренапрегнатиот скопски сообраќај. Да не зборам што трамваите се чист вид на превоз кој не загадува, е тивок и ефикасен. Сведоци сме на тоа дека повеќето (ако не сите) подпроекти во рамки на Скопје 2014 одамна ги надминаа предвидените буџети. Тоа значи дека проценката за 200 милиони евра чинење беше дури и оптимистична. Тоа е пара која апсолутно можеше да се инвестира во ваков систем и прилично ќе им го олеснеше животот на граѓаните.
Понатаму, проблемот со паркинг местата во Скопје веќе попримува језиви пропорции. Зонското паркирање е фина идеја, но не е доволно. Потребни се катни гаражи, и тоа повеќе катни гаражи. Откако ќе ги изгради, градот може дури и да ги дава под концесија на приватни фирми и на тој начин да си обезбеди константен прилив во своите каси, а едновремено да реши и еден дамнешен проблем.
Не знам колку сте сите запознаени со проблематиката, но Македонија се соочува со потенцијален недостиг на струја на среден рок. Рудниците за јаглен се пред исцрпување, а потоа ќе зависиме исклучиво од увоз. Гасоводот кој е се' само не извесен не може да биде единствената гаранција за релативната енергетска независност на Македонија. Скопје е очигледно најголем потрошувач на струја во Македонија и парите кои се фрлија (ФРЛИЈА!) на Скопје 2014 можеа да бидат потрошени и на субвенционирање на изградбата на енергетски ефикасни згради со соодветна и современа изолација, а меѓу другото и со фаворизирање на оние кои користат и алтернативни извори на енергија како соларната, како и на вградување на такви системи во веќе постоечките градби. Претпоставувам (не можам да бидам сигурен) дека тоа ќе ни купеше уште малку време да го решиме енергетскиот проблем пред пазарните притисоци да ги бутнат цените на струјата sky-high.
Не знам за вас, но во мојата куќа на трипати имало потреба од амбулантна кола од итна помош. Знаете за колку време доаѓале? Никогаш побрзо од половина час. Двапати пристигна апла подоцна. Зарем не мислите дека има потреба од повеќе амбулантни коли? На брат ми му требаше снимање на коленото со магнетна резонанца. Чекаше 2 месеца, и тоа со ургенции. Не се виновни болниците, НЕМААТ апарати. Немаат понекогаш основни лекови. Девојка ми за малку ќе ја умреле у болница бидејќи го штеделе парацетамолот. ПАРАЦЕТАМОЛ, еј! А секој што лежел во Државна знае за бубашвабите. О, да беа само бубашвабите!
Патем, драги Скопјани: сте виделе на што ви личат улиците? Не овие што сега ги прават за некој глас повеќе, туку споредните улици по градов што се под ингеренција на општините. Наместо да им се префрлат средства на општините за да ги средат, да не мора супервелеслалом да возам секогаш кога палам кола, плаќам данок за јајцата на Букефал и палмите под театар. Да ви го е*ам јас Букефал у грива и да им се мочам на палмите, само тоа ќе го кажам.
Точка 2: Приоритети за Македонија. Само ќе ги набројам, вие дополнете: Железница долж Коридор 8, проект Вардарска Долина, модернизација на Македонски Железници, изградба на нова (и обнова на постоечка и руинирана) патна инфраструктура, особено низ источна Македонија, СНАБДЕНИ И МОДЕРНИ БИБЛИОТЕКИ!, пречистителни станици и колекторски системи за Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, модернизација на болниците и клиниките НАДВОР ОД СКОПЈЕ!!! и така натаму, и така натаму, и така натаму.
Јас сум Скопјанец кој има голем проблем со Скопје 2014.
Чекајте, кај сте се залетале, уште не сме ни у 1974, камоли во 2014.