Скопје се гради. Добро ли е тоа?

Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Дали може да појасниш што било тоа ништо, а што е сега тоа што го (или што треба да го) имаме се. Што е на пример тоа што е приоритетно пред стандардот на граѓаните и пред другите приоритети и како парите ќе се вратат од тие градби.
Дали знаеш колку скопјани (пошто се збори за Скопје) живеат по 2-3 фамилии во една куќа, барака...у еден двор со заеднички простории или дворно место? Ете уште еден почеток...стан за семејства кои живеат како кинези.

Поголем рикверц во насока на стандардот едино имаше 1993-1996 (приватизацијата). Секој месец се зголемуваат цените на сите основни и други производи, а платите или се исти или негде се и намалени.
Еве да биде по твое, колку што разбрав ти сакаш државата да изгради населба со згради и да им ја додели на луѓето кои живеат во еден стан/куќа со повеќе луге од нормалното?
И како ке им се распределат дали си размислил и кој заслужува да добие а кој не заслужува? Затоа што има секакви, а на мрзливи луѓе што не заслужуваат да добијат стан од парите на целиот народ во Македонија, не треба да им се даде стан.
И како ке ги одбираат луѓето?
Секако дека за сите нема да има станови, а башка ке се појават многу други лапачи кои и не им е потребен тој стан толку, кои преку врски ке гледаат и ке земат некое станче (како они тоа би го нарекле) во кое станче гледаат само интерес и ништо друго?
И јас живеам во еден двор 12 луѓе, 3 фамилии, па јас не очекувам државата од парите на луѓето да ми поклони стан, а ете како што кажуваш ти ке ми следува стан и на мене, пошто немаме простор нели...
Зошто да ми поклони, ниту сум направил нешто толку добро за народот, ниту сум успеал во нешто, а и да сум успеал ке сум имал пари сам да си го купам, нема да сум сакал да питам од други да ми купат.
Така да станови не може да се доделуваат, поклон. Заработи си имај си.
Може да се прават државни институции со народните пари, да се обновуваа инфраструктурата и да се градат објекти за доброто на сите нас, значи тој благодет да го осетиме сите , а не само тие на кои ке им бидат доделени становите.
Мене ми се допаѓа проектот Скопје 2014 и мислам дека редно време е да се почне да се прави нешто убаво за да народот се чувствува убаво и сигурно во околината во која живее.
Се започнува од Скопје и фер би било да се средуваат и другите градови давајки им предност на оние со поголем број на жители.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
Еве да биде по твое, колку што разбрав ти сакаш државата да изгради населба со згради и да им ја додели на луѓето кои живеат во еден стан/куќа со повеќе луге од нормалното?
И како ке им се распределат дали си размислил и кој заслужува да добие а кој не заслужува? Затоа што има секакви, а на мрзливи луѓе што не заслужуваат да добијат стан од парите на целиот народ во Македонија, не треба да им се даде стан.
И како ке ги одбираат луѓето?
Не да биде по мое него да ги намалат давачките пошто ги црпат залихите на нефункционални проекти и градби.

кој заслужува да добие а кој не заслужува?
Кај пругата, кај старата општина изградија социјални станови. Ај погоди зашто повеќе фамилии што ги знам се кичевски.

Секако дека за сите нема да има станови, а башка ке се појават многу други лапачи кои и не им е потребен тој стан толку, кои преку врски ке гледаат и ке земат некое станче (како они тоа би го нарекле) во кое станче гледаат само интерес и ништо друго?
И јас живеам во еден двор 12 луѓе, 3 фамилии, па јас не очекувам државата од парите на луѓето да ми поклони стан, а ете како што кажуваш ти ке ми следува стан и на мене, пошто немаме простор нели...
Затоа требаше она што го ветуваа со покривите и цевките, да го остварат. Нам фукушима ни е далеку, овие ни се над глава.

Не ми значи царска палата на кеј, ми значат 80-те денари бензин, струјата и ред други најосновни потреби. Живееме во најдолна мизерија, буџетот е полн дупки, а го расфрламе како да сме Швајцарија.
Мене ми се допаѓа проектот Скопје 2014 и мислам дека редно време е да се почне да се прави нешто убаво за да народот се чувствува убаво и сигурно во околината во која живее.
Народот ќе се чувствува убаво кога ќе има да јаде нешто попристојно од најефтиниот маргарин (пошто маргаринот најмногу трае) и леб. Кога покрај јадењето ќе му остане нешто и за други потреби.

Башка за околината споменав претходно...околината на Центар, Аеродром и нешто Карпош. што е овде конструктивно и функционално и дали има потреба или не во градењето и доделување на парите. Ние живееме и во други населби, не е само тој дел од Скопје. Кога ќе го поминам мостот на Вардар, како да сум во друга држава.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
њтф???
Гоце да знаел за кои малодушници гине би станал Грк или сл.

За да можете да пишувате на македонски јазик без да се плашите (прочитајте ја Црно Семе да видете под каква тортура биле изложувани нашите) човеков(Гоцета) заедно со "спомениците" што ги гледате на плоштад го дале својот највреден имот-сопствениот живот.
Давеживе упорни и упорно, парите па парите...

Оправдајте ја жртвата на сите големи македонци.
Бидете самоуверени,учете,градете, давајте го максимумот како што го давале максимумот гемиџиите.
Направете земјава да биде пристојно место за живеење.

Доста серете.
Со таа малодушност Грци човек не може да ве нарече.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
хехе, патриоти...кога нема друга причина, патриотизмот е дежурна тема.

ниеден голем македонец не градел споменик него работел за својот народ, творел, делувал...ама те испрале бе Чоузен, кај ги најде да ги поврзеш гемиџиите и Црно Семе со овие градби низ Скопје. Земи едно знаменце, продефилирај низ дижонска ако си толку патриот.

Сметам дека ова нема врска со патриотизам него со градење на Скопје и трошење пари -да или не и на кој начин и каде.
 
Гоце како ги бранел интересите на својот народ, садел патлиџани?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
Не, правел плажи им шиткал 80 денари гориво, им наплаќал нивни дворови и го цицал народот до петица. Абе што сегде па ти ги мешаш патриотите, Гоце и гемиџиите? Што нема за што да се оправда растуреното Скопје, веднаш се фаќаме за патриотизмот.
 
шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
како може да не е добро кога се граде нешто ,не ве сфакам .
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
њтф???
Гоце да знаел за кои малодушници гине би станал Грк или сл.

За да можете да пишувате на македонски јазик без да се плашите (прочитајте ја Црно Семе да видете под каква тортура биле изложувани нашите) човеков(Гоцета) заедно со "спомениците" што ги гледате на плоштад го дале својот највреден имот-сопствениот живот.
Давеживе упорни и упорно, парите па парите...

Оправдајте ја жртвата на сите големи македонци.
Бидете самоуверени,учете,градете, давајте го максимумот како што го давале максимумот гемиџиите.
Направете земјава да биде пристојно место за живеење.

Доста серете.
Со таа малодушност Грци човек не може да ве нарече.
Чекај ,чекај малку пријателе ,не е убаво вака да манипулираш со предавници и патриоти. Нека им е големо името и слава им на сите оние кои се бореле за нашиот народ ,тука нема што да се дискутира, гледам дека ме игнорираш изгледа дека прашањата не ти се свиѓаат....
Што прави и направи оваа влада за нас кои се боревме во 2001ва и за тие што загинаа ???Градат споменици а ? Една плоча на карпалак која љочките ја кршат а овие мува не ги лази.
Фамилиите живеат во мизерија и се прашуваат за што нивните деца погинале.Од друга страна терористите добиваат работни места и земаат плата седејки дома ,и сега ти ке ми раскажуваш за предавници ??? Па освен рошавиот Бранко и неговата партија има ли поголеми предавници од Грујо и ДПМНЕ во целата историја ?? Ако имаа малку почит и морал во нив никогаш под никој услов немаше да прифатат постоење а да не збориме за коалиција со терористите,која дволичност...

Ти сакаш да не направиш малоумни и да не убедиш дека за патриотизам а не за лопувлак се работи ???
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Никој не ја брани оваа влада.
Антипатриотизмот кој го демонстрираа со нивната неспособност економски да ја заживеат Македонија не ги перат ниту илјада проекти Скопје 2014.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Никој не ја брани оваа влада.
Антипатриотизмот кој го демонстрираа со нивната неспособност економски да ја заживеат Македонија не ги перат ниту илјада проекти Скопје 2014.
Така бе друже мора да се изјасниш со тешка артилерија ....иначе овие партиските лепачи на плакати измеѓу избори одржуваат форма со лепење налепници по форуми и коментари на сајтови .... :)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Тука не треба да се гледа еднострано:
Прво и најбитно е дека таму кајшто се гради и се краде!
Тоа е само едната страна.
Во последниве години, се работи Скопје 2014, ама се гради и насекаде по државата.
Скоро секој град гради некои плоштади, фонтани, улици, тротоари...Изгледа дека ова стана нов модус операнди на властите (централни и локални, леви или десни соодветно).
Се разбира, дел од парите оди во партијата, дел оди во џеб нечиј, а другиот дел оди и за плати, за различни набавки на изведувачите... значи се слева во економијата што во основа е добро, ама се се плашам дека тоа е само сајд ефект од првобитната намера напишана погоре :). Градежништвото некако ја истурка кризата.
Само партиски полтрони можат да тврдат дека во прашање е патриотизам. Рака на срце, неможам да одречам дека стоејќи пред споменик на Гоце Делчев на пр., во мене се јавува некаков патриотски нагон, и се е тоа убаво, но сметам дека примарната цел не е таа.
И, додека партиската војска од двете спротиставени страни војува меѓусебно, различни бизнисмени, потпомогнати од двете партии, заедно трошат буџетски пари на градење... а во јавноста СДСМ као напаѓа, ВМРО ДПМНЕ као се брани... смешки у боја.
И, апел до сите...погледнете малце реално...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.771
Поени од реакции
9.891
На Куманово градоначалник е од СДСм , гомно смрдливо , за 2 години откога доби нов мандат стави само нови ступчиња ги загради тротоарите, комуњарски, ко на времето што лозјето го оградувале и тоа у центар на град, ништо друго. И после некој ќе ми каже имало други приоритети, вмр-овциве граделе спортски сали или глупи плажи, а овие гнидиве ништо ! Кој ќе се најде паметен мене да ми одговори кај му се париве на свињава за две години буџетски пари ( околу 10 милиони годишно) плус донации и други тракатанци.. ? Кај се трошат ?

Свиња!
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин

Kaј се трошат?за домашни потреби,секој ветува додека не седне на градоначалничкото столче или претседателското а пред тоа се скапува од обекање а на крај ни пола од тоа не се прави кое го ветувале(Ама ај да не мешам сега политики овде)
Не е само во Куманово,и во другите градови има такви проблеми.Да не зборувам за Источна Македонија,трагедија е.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На Куманово градоначалник е од СДСм , гомно смрдливо , за 2 години откога доби нов мандат стави само нови ступчиња ги загради тротоарите, комуњарски, ко на времето што лозјето го оградувале и тоа у центар на град, ништо друго. И после некој ќе ми каже имало други приоритети, вмр-овциве граделе спортски сали или глупи плажи, а овие гнидиве ништо ! Кој ќе се најде паметен мене да ми одговори кај му се париве на свињава за две години буџетски пари ( околу 10 милиони годишно) плус донации и други тракатанци.. ? Кај се трошат ?

Свиња!
Прашај го неговиот колега во Велес сигурно ќе ти објасни како се крадат пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom