Скопје се гради. Добро ли е тоа?

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
@Lurtz портпарол си им станал на смокаџиите.

И покрај сите срања што ги видовме од оваа влада факт е дека се гради, и тоа за барем минимум 10 пати повеќе од нивните претходници.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Одлично е што се гради,барем се гради,тие претходните со прст не мрднаа. Сега барем знаеме каде се нашите пари,како се перат пари во два чекора,како се рекламира и како сето тоа да им го вметнеш во глава на глупата раја со константно вртење на спот4иња.
Дај боже сите наредни вака да градат,за да може народот да јаде од мудата на спомениците.Досега немаше ни муда за јадење.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
@Lurtz портпарол си им станал на смокаџиите.

И покрај сите срања што ги видовме од оваа влада факт е дека се гради, и тоа за барем минимум 10 пати повеќе од нивните претходници.
Јас се извинувам што ке се замешам ....едно прашање..знаеме дека се гради тоа се гледа од авион и знаеме дека тие пред нив не градеа што е еден од разлозите кои не се на власт,сега прашањето....ако се гради дали тоа амнестира лоповлук и дали оправдание на лоповлукот треба да биде некој друг кој исто така крадел ама повеќе ??? Друго ,дали ти или јас ако влеземе во продавница и украдеме 100 грама салама нема да одговараме за тоа ,и дали ако од саламата 20 грама дадеме на некој гладен човек ке ни ја оправда кражбата, и што правиме уште ако тој е вегетеријанец ? Ова со вегетеријанецот ми е асоцијација за тој дел кој е инвестиран дали е на вистинско местосто во соодветно време,овде мислам на потребата од други работи во споредба со еден куп споменици и позлатени ентериери...
Што мислиш ти ,дали менталниот склоп на народот во Македонија не функционира на основа : “нека краде ама нека даде нешто и на народот“ ,или
: “овие се подобри помалку крадат“.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
@Lurtz портпарол си им станал на смокаџиите.

И покрај сите срања што ги видовме од оваа влада факт е дека се гради, и тоа за барем минимум 10 пати повеќе од нивните претходници.
Додека се гураше, некако и ќе им ги оправдаш потезите. Но од не така одамна, од пред година две не се ни гура. На фирмите им воведуваат нови и нови давачки (истите ги плаќаме ние, граѓаните), на граѓаните им воведуваат нови и нови казни и давачки... Може човек до извесен степен да ги правда дека потезите со обврзниците се заради оправдани причини, дека ќе имаме добро осмислен плоштад, дека невработените навистина се многу помалку...но да се тешиш до исвесна граница...се понатаму е самопонижување? Нивните претходници или овие...не гледам разлика. У ствари имаше...името, но и за тоа испадна дека се пазареле. Значи кога не ти го одржуваат стандардот, кога ти продале зад грб име...него не е за у тема.
Што точно изградија Чоузен "сегашните"? И ако нешто градат од исцицување на населението дали треба да им сме благодарни? Освен словенечка и чат пат (тоа чат е во континуитет низ деценииве), што е конструктивно и функционално изградено или воведено да мора да им прајме метании до земја? И по која цена?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Најпримитивен начин за вградување на лична материјална корист е градежништво. На многу елегантен начин можеш да прикажеш што сакаш и колку сакаш!
Има два аспекта на целата работа:
1. По која анализа и проценка апсолутен приоритет на буџетски сретства се става на изградба на „мртви“ објекти?
2. Кој релевантен конзилиум на умови од земјата го одобрил како издржан во визуелна и тематска смисла?

Ако немаш сол да си фрлиш у очи, голи и боси ти одат луѓето а ти да си правиш фасади и позлати, у најмала рака е дрско. Ако си сиромашен и добиеш на лото, не мислам дека сите пари ќе ги потрошиш на облека без да размислиш од што ќе живееш утре...
Можам да ги замислам сите стечајци кога поминуваат покрај сите тие здања... голем револт буди...
Очигледно пали таа политика: барем се гледа дека нешто правиме со парите... Или онаа: а бе сите зимаат... и овие зимаат ама барем нешто останува...
Колку сме малодушни и јадни! Се задоволуваме со зборчиња: барем, малку, можеше и полошо...

Пак после размислувам, си велам: да не треба по онаа старата прво одело да си купиш па работа да бараш? Тогаш помислувам на сите оние наши величествени умови и уметници и сликари кои никој не ги есапел ниту прашал ниту удостоил со покана за грандиозните проекти.

Извинете, ама многу смрди!
 
S

Shellshock nam67

Гостин
лошо е што цела држава ни оди назад тоа го знае и опоизцијата и позицијата и никој од нив не презема ништо народот пати во тешка сиромаштија се се сведува кон меѓусебно обвинување на партиите а конкретни чекори не се прават
 
П

Паган-др

Гостин
Само ќе кажам дека после сликава, зборот "гради" веќе не го глеам ко што го глеав порано. :)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Најпримитивен начин за вградување на лична материјална корист е градежништво. На многу елегантен начин можеш да прикажеш што сакаш и колку сакаш!
Има два аспекта на целата работа:
1. По која анализа и проценка апсолутен приоритет на буџетски сретства се става на изградба на „мртви“ објекти?
2. Кој релевантен конзилиум на умови од земјата го одобрил како издржан во визуелна и тематска смисла?

Ако немаш сол да си фрлиш у очи, голи и боси ти одат луѓето а ти да си правиш фасади и позлати, у најмала рака е дрско. Ако си сиромашен и добиеш на лото, не мислам дека сите пари ќе ги потрошиш на облека без да размислиш од што ќе живееш утре...
Можам да ги замислам сите стечајци кога поминуваат покрај сите тие здања... голем револт буди...
Очигледно пали таа политика: барем се гледа дека нешто правиме со парите... Или онаа: а бе сите зимаат... и овие зимаат ама барем нешто останува...
Колку сме малодушни и јадни! Се задоволуваме со зборчиња: барем, малку, можеше и полошо...

Пак после размислувам, си велам: да не треба по онаа старата прво одело да си купиш па работа да бараш? Тогаш помислувам на сите оние наши величествени умови и уметници и сликари кои никој не ги есапел ниту прашал ниту удостоил со покана за грандиозните проекти.

Извинете, ама многу смрди!
Не ни го прочитав постотот али се изнатреска еден куп глупости.

Проектот чини се на се 200 милиони евра.
Тие пари подели ги со 5 и добиваш бројка од 40 милиони евра, кажи ми што можеш драстично да подобриш со таа сума на пари?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Не ни го прочитав постотот али се изнатреска еден куп глупости.

Проектот чини се на се 200 милиони евра.
Тие пари подели ги со 5 и добиваш бројка од 40 милиони евра, кажи ми што можеш драстично да подобриш со таа сума на пари?
Ова Јанко зборува од тебе? :smir:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Н

Пак после размислувам, си велам: да не треба по онаа старата прво одело да си купиш па работа да бараш? Тогаш помислувам на сите оние наши величествени умови и уметници и сликари кои никој не ги есапел ниту прашал ниту удостоил со покана за грандиозните проекти.

Извинете, ама многу смрди!
Реално, зошто е вистинита таа старата?
Кога ке оставиш сериозен дојам кај вработувачот,соработникот или купувачот, кога си облечен во некое просечно ефтино дуксерче или во добар сакич?
Прво да се изјаснам, не сум некој богаташ па да ви изигравам овде паун што живее на висока нога,потекнувам од фамилија со просечни примања, него пробувам реално да навлезам во психологијата на човековото око.
Замисли ти си интелектуалец,имаш знаење, ама еве пробуваш намерно да испиташ како реагираат вработувачите кон своите идни работници т.е нивната психологија на вработување.
Идеш кај првиот, облечен во нешто посиромашко, си отишол до таму со некое југо зарѓано или некоја друга стара кола што брчи.
И те гледа вработувачот на интервју и нормално прво те проценува однадвор пред да изговориш нешто. А однадвор ке го потсетиш со таа облека, на сиромав неписмен човек кој нема многу знаење и поради тоа неможел знаењето да го претвори во пари, и тој ке те третира како таков во текот на муабетот.
Идеш кај втор вработувач и си се пицнал во сакич, си направил добра фризура, имаш добар саат се избациш со добра кола, се изразуваш културно, богато, и одма за време на интервјуто подруга ке биде атмосферата во просторијата и нивото на комуникација ке биде друго, биди сигурен.
Немора кај работодавец еве биди трговец, пример со кирби машини за чистење.
Потполно истатата психологија се јавува кај потенцијалните купувачи, па уште ако знаеш и по некој маркетиншки трик, ти веке си успешен трговец.
Знам дека звучи егоистично и материјалистички но тоа е реалност.
Истата психологија и со градењето, само што тоа ке се осети на подолг период од некаде 10-15 години.

Инаку за тие зборчиња, (барем, малку повеќе, подобро е вака него претходно), што ти сметаат на тебе, според мене тоа е сосема логично од страна на народот бидејки ако претходно ништо си немал, сега барем малку повеке имаш а утре ке имаш уште повеке и со текот на времето тие мизерни зборчиња ке ги снема.Само мора да постои тој редослед, неможе да се прескокне и ние преку ноќ да изиграваме Београџани. :)
Ти сакаш веднаш да се прејде од ништо на се. Е па неќе моќи, мора да помине подолг временски период, во кој се си оди постепено, нема многу нагли прескокнувања на скалилата, и што е најважно, треба тоа да си го прифатиме и да не се буниме многу, бидејки процесот е тој. Штом се движиме по нагорна патека, тоа е добро.Споро но се задвиживме нанапред, за разлика од претходно каде што идевме во рикверц.

Е едино нешто што мене не ми се допаѓа е таа Триумфална порта. Стварно не знам што мајка бара таа порта тука?
Кого сме го победиле денес во што сме победиле??
Штом ни Андора не можеме да ја тепаме во фудбал, стварно не знам зошто тоа чудо ке биде изградено?
Ама барем признавам дека не знам, не се самопрогласувам за "експерт"по тоа прашање, како што милуваат многу од самопрогласените да си кажат.
Најверојатно има инженери, научници, историчари арехеолози, кои утврдиле дека тој објект треба да постои.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Знаеш како, треба веројатно да се направи минимално размислување на што може оваа земја да заработи? Транзитна заработувачка, евтино производство, суровински погодно поднебје... Ако некој се лаже дека ќе направиме бум со туризам покрај Кеј, гледајќи нови згради што изгледаат како стари, мислам дека многу греши.
Ова тука се лични мислења, јасно ми е дека се разликуваат. Никој не очекува револуционерен процват со 200 милиони евра, но немојте да ги потценувате.
Еден милион е еден километар пат.
Ова е мртва инвестиција.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Проектот чини се на се 200 милиони евра.
Тие пари подели ги со 5 и добиваш бројка од 40 милиони евра, кажи ми што можеш драстично да подобриш со таа сума на пари?
40 милиони се малку?
Голем број граѓани се доведени пред личен банкрот, се со единствена цел градби кои можда никогаш нема да се доизградат, ниту ќе има некоја корист од нив. За почеток тие 40 милиони може да ги намалат на сметка на високите давачки за гориво и разни давачки за фирмите. Е тогаш немаше да кошта едно кесе 1000 ден, него многу помалку. Уште милион работи (заправо 40 милони добри работи) ми текнуваат, за кои не им е место овде.

За жал при вакви теми каде нешто се гради од државен буџет, многу малку размислуваме за останатиот дел од Македонија...за тоа дека и нивните средства се слеваат во капитолот.

Ти сакаш веднаш да се прејде од ништо на се. Е па неќе моќи, мора да помине подолг временски период, во кој се си оди постепено, нема многу нагли прескокнувања на скалилата, и што е најважно, треба тоа да си го прифатиме и да не се буниме многу, бидејки процесот е тој.
Дали може да појасниш што било тоа ништо, а што е сега тоа што го (или што треба да го) имаме се. Што е на пример тоа што е приоритетно пред стандардот на граѓаните и пред другите приоритети и како парите ќе се вратат од тие градби.
Дали знаеш колку скопјани (пошто се збори за Скопје) живеат по 2-3 фамилии во една куќа, барака...у еден двор со заеднички простории или дворно место? Ете уште еден почеток...стан за семејства кои живеат како кинези.

Штом се движиме по нагорна патека, тоа е добро.Споро но се задвиживме нанапред, за разлика од претходно каде што идевме во рикверц.
Поголем рикверц во насока на стандардот едино имаше 1993-1996 (приватизацијата). Секој месец се зголемуваат цените на сите основни и други производи, а платите или се исти или негде се и намалени.
 
Г

Господ

Гостин
Помини од потегот Битпазар до Бутел и на враќање заврти преку Автокоманда, Газибаба.
Вчера ги спомнаа за старите азбестни покриви, амбулантата и школото Бутел...
Здравствениот дом во Бутел пред распаѓање (и школото)
Нови споменици во општина Бутел
Живот како во 19 век во Визбегово


Jas cel zivot ziveam pod salonitka pa niso ne mi e.
Inace kazav pogore za Ulici i Patista i problemite vo Vizbegovo i voopsto bilo koja naselba ili selo koj treba da gi resava.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Не ги читав последните неколку постови, ама на кратко да образложам.
Градски улици се булеварите и некои позначајни улици, не можам да се сетам на кој линк имаше целосна листа. За нив се грижи градската администрација.
Општински улици се сервисните улици.
Колку што сум во комуникација со луѓе мислам дека во Чаир, Бутел, Кисела Вода и Ѓорче улиците се лоши додека во Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош се сосема ОК.

За менување на водоводните цевки - http://www.vecer.com.mk/DEFAULT.ASP?ItemID=9C4A0DB3D7BDE04DB7DC8E021A39DF0F
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Добро е да се глади ПЛАНСКИ а не да гради секој кај стигне како сака и што сака :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom