џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.406
- Поени од реакции
- 25.269
Искрено, малку (или многу) се изненадив. Од три работи.Излезена и и Затвореникот од Азкабан. Плус, реиздадена е во ново издание Каменот на мудроста - малку поширока и поголема од лектирното, веројатно за ако сакаш да направиш цела колекција со исти изданија. А јас веќе го купив лектирното, па сега, искрено, би го продал за да го купам новото издание.
Инаку 480 е лектирното издание на Каменот на мудроста, 650 се Одајата на тајните и новото издание на Каменот на мудроста и 700 денари е Затвореникот од Азкабан.
Прегледај го приврзокот 261321
1. Иако литература.мк фураат маркетинг и за жал изнајмуваат тешки сељандури да им ги промовираат акциите за читање (ко Спенџарска, ама за тоа друг пат), нигде не видов објава дека ги издале Хари Потер. Да не видев овде, од кај тебе, ќе дознаев којзнае кога. Дури и на веб странава не им е ударно.
2. Цените... ај ќе разберам тврд повез, или 500+ страници, мене не ми е проблем, ако имам пари ќе купам некоја книга, ко што сум купил досега неколку од Табернакул, али која е оваа маржа на книга од 300 страници да удриш цена 700 денари...
3. Хари Потер и Каменот на мудроста е реобјавена, но со повисока цена. Зошто би го купил ова издание ако веќе го имам лектирното, кое не се разликува во превод/содржина, туку само е скратен делот со училишните задачи.
Изгледа литература.мк гравитираат во некоја европска земја наместо Македонија, или пак мене не ми е јасно како во неколку години отворија еден куп книжари и на секои три дена имаат ново издание...
Злате, онака општо си ги мантрам прашањава, да се најдам во муабет.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)