Си купив книга

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Излезена и и Затвореникот од Азкабан. Плус, реиздадена е во ново издание Каменот на мудроста - малку поширока и поголема од лектирното, веројатно за ако сакаш да направиш цела колекција со исти изданија. А јас веќе го купив лектирното, па сега, искрено, би го продал за да го купам новото издание.

Инаку 480 е лектирното издание на Каменот на мудроста, 650 се Одајата на тајните и новото издание на Каменот на мудроста и 700 денари е Затвореникот од Азкабан.

Прегледај го приврзокот 261321
Искрено, малку (или многу) се изненадив. Од три работи.
1. Иако литература.мк фураат маркетинг и за жал изнајмуваат тешки сељандури да им ги промовираат акциите за читање (ко Спенџарска, ама за тоа друг пат), нигде не видов објава дека ги издале Хари Потер. Да не видев овде, од кај тебе, ќе дознаев којзнае кога. Дури и на веб странава не им е ударно.
2. Цените... ај ќе разберам тврд повез, или 500+ страници, мене не ми е проблем, ако имам пари ќе купам некоја книга, ко што сум купил досега неколку од Табернакул, али која е оваа маржа на книга од 300 страници да удриш цена 700 денари...
3. Хари Потер и Каменот на мудроста е реобјавена, но со повисока цена. Зошто би го купил ова издание ако веќе го имам лектирното, кое не се разликува во превод/содржина, туку само е скратен делот со училишните задачи.

Изгледа литература.мк гравитираат во некоја европска земја наместо Македонија, или пак мене не ми е јасно како во неколку години отворија еден куп книжари и на секои три дена имаат ново издание...

Злате, онака општо си ги мантрам прашањава, да се најдам во муабет. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.713
Поени од реакции
33.356
Да не видев овде, од кај тебе, ќе дознаев којзнае кога. Дури и на веб странава не им е ударно.
И јас го помислив истото, ама ќе ги почекаме до утре, зашто во петокот излезе од печат - знам, зашто секој ден проверував на нивниот сајт, и во петокот конечно ги имаше, двете. Денес не работат дека државен празник, па така, ако не објават некаде утре, стварно се shit.

Цените... ај ќе разберам тврд повез, или 500+ страници, мене не ми е проблем, ако имам пари ќе купам некоја книга, ко што сум купил досега неколку од Табернакул, али која е оваа маржа на книга од 300 страници да удриш цена 700 денари...
За цените си 100% во право. Прескапи се Арс Ламина, сите нивни изданија. Дури и кога имаат попусти, пак се скапи.

Хари Потер и Каменот на мудроста е реобјавена, но со повисока цена. Зошто би го купил ова издание ако веќе го имам лектирното, кое не се разликува во превод/содржина, туку само е скратен делот со училишните задачи.
Се разликува по изглед и формат. Лектирните изданија се сите исти, кога ќе ги наредиш едно до друго, одговараат и по големина, и по графички решенија, изгледаат баш како да се една едиција. Овие изданија од Хари Потер се со различна димензија од лектирните, и ако на пример го поставиш на полица лектирното издание прво, па потоа останатите 2, и да немаш OCD, ќе ти се појави. :D Само не разбирам зошто е разликата во цена: од 480 до 650 сепак не е малку, а станува збор за истиот превод, само големината на книгата и хартијата е различна (и btw, по мое мислење, хартијата на лектирното издание е подобра).
 
Член од
30 август 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Значи гледам и не верувам. Издадени плус 2 нови Хари Потер книги?! Кога толку брзо ги преведоа?! Да не видев тука, немаше ни да знам. Никаква реклама, ништо. Ама ова мора да се купи. Јас и онака го немам лектирното издание на првиот дел, затоа што знаев дека ќе го преведат уште еднаш како 'нормално издание'. Сепак, требале да стават тврд повез на книгите, како Младинска Книга што направи. Се надевам дека цената на останатите нема да биде повеќе од 800-900 денари, и дека на крај ќе направат Хари Потер бокс сет на македонски :)
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.619
Поени од реакции
7.188
До сега што сум имал искуство со преведени книги уништени се и повеќе купувам оригинална верзија или на Англиски јазик ако книгите не се од Англиско говорно подрачје.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Во последно време најчесто онлајн купувам книги.

Го грабнав комплетот за Шерлок од Антолог.

Шерлок.jpg

И Полица имаа добра викенд понуда, па ги земав и класициве.

Полица.jpg
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Одиш по една книга, излегуваш со 4. :D
Планирав да ја земам само Островот со скриеното богатство и оп ја најдов Индиго Бомбај (добитник на Роман на годината за 2008 г.) што беше распродадена на сајтот на ТРИ и чепкајќи што друго имаат ја најдов и Малцински извештај (ако не грешам исто така распродадена ја гледав).
2020.jpg Четвртава ја добив на поклон зашто надминав сума од 500 ден. иначе не ми делува привлечно.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.423
Поени од реакции
19.541
По мачката на корицата, издание на бегемот, но каде ја купи? Никаде не можам да ја најдам
Книжарница ТРИ у ГТЦ на прф спрат, на почетак од куде Холидеј Ин.
450 ден. Има ги сфи од Урсу тамо
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom