Си купив книга

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Куќата на Мазарена ја имам едно добри две години, ја имаа тогаш во Блесок. Сега не знам.

Разговор со Спиноза ја имаше во НУБ и тоа со тврди корици. Уште пред некоја година ко имаа некој настан таму им ја побарав, ама ми рекоа дојди друг ден и не ни отидов.

Индиго мислам дека уште ја има во Три, само и чекав некој попуст.

Балканвавилонци ја видов на некој штанд лани на саем, ама или беше прескапа или се брзав и не ја земав.

Е сега за Куклите и Џахиз тешко да ги најдам, ама за Изгубен жезол можда ќе успееме. Гледам Ад Вербум имаат две-три книги на Милован објавено, може да си пробаме среќата да бараме да ја издадат и Изгубениот жезол. Ништо не губиме.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184

Јас се мислев да му пишам на авторот на фејсбук, ама некако ме фаќа срам. :D

Две изданија имал тој роман, ама од Сигмапрес. Оди па најди ги!
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Прегледај го приврзокот 254984

Еден од романите кои најдолго време ги барав, под дрво и под камен. „Џахиз и истребувачите на кучиња“ е освојувач на наградата Роман на годината на Утрински весник за 2005 година, издание на Детска радост. Издавачката куќа Детска радост веќе не постои, тоа малку нивно што е останато е најголем дел во Просветно дело, а ним па ништо не им е каталогизирано, па така ни самите продавачи не знаат дали ја имаат или не. Ја барав и по другите книжарници - најмногу надеж добив од Матица, каде продавачката беше убедена дека имале 2 примероци за кои лично таа се сеќаваше дека ги видела, ама и по 2 часа пребарување низ книжарницата, не ги најдовме. Ја немаше ни кај продавачите на стари книги, ни кај препродавачите по facebook... За на крај случајно да ја најдам од еден љубител на книжевноста од Битола кој, за жал, мора да го продава целото книжевно богатство кое го има дома (од преку 4500 книги), меѓу кои и Џахиз... И тоа со посвета од авторот, Пајо Авировиќ, негов пријател. :( Жал ми е за господинот што мораше да ја отуѓи, но не знаете колку сум среќен истовремено, што ја најдов.

Патем, од колекцијата „Добитници на наградата Роман на годината“ ми останаа уште само:

1.Изгубен жегол - Милован Стефановски
2.Куклите на Росица - Оливера Николова
_______________
3.Дваесет и првиот - Томислав Османли
4.Човекот што ги сакаше калинките - Душко Родев
5.Јадица - Владимир Плавевски
6.Балканвавилонци - Луан Старова
7. Песот со тажен поглед - Оливера Николова

Ако некој има нешто од ова за размена, продажба, подарување... нека ме контактира. Особено важни - првите 2 наслови кои не можат да се најдат никаде.
Злате, јас ја имам Дваесет и првиот, ако не ја најдеш, кажи ми, кога ќе одам Охрид следно ќе ја земам. Инаку мислам дека нема да имаш проблем да ја најдеш, само пиши ѝ на Калина од Блесок, таа на неколку пати досега ми излегла во пресрет и доста е фина и пристапна.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Злате, јас ја имам Дваесет и првиот, ако не ја најдеш, кажи ми, кога ќе одам Охрид следно ќе ја земам. Инаку мислам дека нема да имаш проблем да ја најдеш, само пиши ѝ на Калина од Блесок, таа на неколку пати досега ми излегла во пресрет и доста е фина и пристапна.
Се согласувам за Калина. Кога ја барав Куќата на Мазарена, не сакав да ми ја праќа по пошта или карго и кај се согласи да ми ја донесе книгата лично, ми подари и книга од Игор. Ептен незгодно ми падна. Жена-душа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Еееј, кога излезе?
И колку пари е?
Чим се вратам во Скопје ќе ја купам.
Излезена и и Затвореникот од Азкабан. Плус, реиздадена е во ново издание Каменот на мудроста - малку поширока и поголема од лектирното, веројатно за ако сакаш да направиш цела колекција со исти изданија. А јас веќе го купив лектирното, па сега, искрено, би го продал за да го купам новото издание.

Инаку 480 е лектирното издание на Каменот на мудроста, 650 се Одајата на тајните и новото издание на Каменот на мудроста и 700 денари е Затвореникот од Азкабан.

Screenshot_10.jpg
 
Член од
16 ноември 2019
Мислења
185
Поени од реакции
839

Прегледај го приврзокот 261321
Појќе страни има од лектирното?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Појќе страни има од лектирното?
Не, помалце. Лектирното издание е помал формат, плус има додадено речник на непознати зборови и активности за час на крај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom