Eве уште симптоми. Најинтересен ми е синдромот "Југо" и "101". Мислам, нема ништо лошо во тоа да возиш возила од Застава, ама симптоми за сељак се кога не сфаќаш дека инжењерите од Крагујевац мозгале и не за џабе одлучиле таа кола да има толкави гуми, таков и таков мотор, па:
- го "тјунираш", му ставаш двогрли карбуратор, ауспух кој рика, и го спушташ до земја
- во уште по сељачка варијанта, наместо да го тјунираш, му ставаш мотор од Ланчиа
- убеден си дека твоето Југо е најбрзата кола во градот
- сите во маало ги предизвикуваш со "сакаш да се пробаме"?
- на сите им раскажуваш како си изел некоја посилна кола по Партизанска...
- му ставаш озвучење и рокаш музика со отворени прозори
- му ставаш рејсинг налепници
- секој ден лежиш под него и се нешто чепкаш