Симптоми of being a сељак

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Живеам во хардкор околина. Ми скурчи веќе од сиве глупости што ги гледам, па да ви споделам малце од прекрасното искуство. Just to get the idea.
Значи што треба да си за да се вклучиш во општеството без проблем.

На изглегување
- Облечен со џинс, а носиш папучи, изгланцано црни.
- Кошулата ти е широко отворена и од километар се гледа „љубовна јамболија“
- Пивото нон-стоп го држиш во рака и пиеш строго од шише
- На менито немаш друго освен пиво, коњак и кисела вода
- Одиш во пицерија и пиеш пиво, повеќе пати
- На електронска или комерцијална музика седиш мирен, а на турбо се дереш: то бе дечко!
- Се тепаш по дискотеки поради многу важната причина: што ме гледаш?!
- Се тепаш по дискотеки поради многу важниот одговор: кој те гледа бе гомнар?!
- Пристап кон девојка ти е: моме, од дека си ти?
- На девојката гласно и раскинуваш пред сите и објаснуваш колку пати си имал однос со неа

По дома:
- Имаш „черга“ од портата до цементот пред вратата
- Имаш „миле“ на телевизорот, што виси врз пола од него.
- Имаш DVD врз телевизорот и „миле“ врз него, па да го тргинаш на ставање/вадење диск
- Имаш дома музички систем од 70-те и на него нон-стоп слушаш „Хит (Шит) радио“ (локално Струмичко)
- Користиш дезодоранс или тоалетна вода, наместо освежувач за воздух
- Во секоја соба обавезно имаш маса и столови, иако нема место кај да се помине
- Имаш куќа, а спиеш во летна кујна
- Во некои соби се оди само кога има гости

Надвор:
- Срамно (сТрамно бе! :nenene:) ти е да се прошета онака, да се фати воздух
- Смртно срамно е да се растрчаш за кондиција. :nesvest:
- Се поздравуваш со сите дуќанџии ( и на одење, и на враќање)
- Пиеш ракија во продавница
- Се опиваш во продавница
- Седнуваш пред куќа, на шорцеви и боси нозе на пластичен стол
- Пиеш пиво во таква положба и нон-стоп го држиш во рака

А некои случаеви како овие од такт ме вадат:

Пациент бр. 1) еден „фраер“ излегува од дома во 3-4 попладне, пресна пивско мрсно залижена фризура, облечен во папучи, џинс кошула и кожна јакна :)zid:), се шета онака ко на корзо, оди во продавница да се напие пиво. Потоа го гледам се качил на велосипед и вози 10 км до едно од соседните села. Навечер излегувам, и го гледам сеуште истиот, дома не се вратиш што се вели.


пациент бр. 2) Црн како циган, пивска фризура (стандард, или им стават огромна количина валера на претходно неизмиена коса), бела докај шарена кошула подраскопчана да покаже машкост, џинс (кус на должина), кошулата внатре, црни папучи и најважниот елемент: ременот да се гледа и да биде онака штосен со убав метален дел напред. А понашањето: влегува во дискотека, зема Даб и го држи нон-стоп во рака и ја искажува думата на годината: музиката врска нема, незнам народо как излева тука?!

пациент бр. 3)младо дете бе, одвај 15-16. Го гледам во 4 саат наутро, доаѓа во една импровизација од парк, и на имровизацијата од фонтана си замива онака убаво, лице плус коса, си ја средува косата во претходната залижано состојба и се враќа пак во дискотека. џинс + ВМРО маица.

пациент бр. 4) кобајаги фраер, има нешто од облекување, ама се познава од километар дека не држи хигиена, мрсна коса и кожа, абе ужас. Ама важното, влезен е во некое по важно да речам друштво. Гу пушта радарот и сматра. после една минута му вели на другарот, цитирам: „ој пити ја таа момичка там дали сака да се фате со мене?!“

Ова е едно мало расчепкување низ пластот од сено. Има уште многу многу, ама ме мрзи во моментов.
Ај понатака.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Eве уште симптоми. Најинтересен ми е синдромот "Југо" и "101". Мислам, нема ништо лошо во тоа да возиш возила од Застава, ама симптоми за сељак се кога не сфаќаш дека инжењерите од Крагујевац мозгале и не за џабе одлучиле таа кола да има толкави гуми, таков и таков мотор, па:

- го "тјунираш", му ставаш двогрли карбуратор, ауспух кој рика, и го спушташ до земја
- во уште по сељачка варијанта, наместо да го тјунираш, му ставаш мотор од Ланчиа
- убеден си дека твоето Југо е најбрзата кола во градот
- сите во маало ги предизвикуваш со "сакаш да се пробаме"?
- на сите им раскажуваш како си изел некоја посилна кола по Партизанска...
- му ставаш озвучење и рокаш музика со отворени прозори
- му ставаш рејсинг налепници
- секој ден лежиш под него и се нешто чепкаш
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
бwахахахахаха....закон...
еј ги има многу вакви...али кога ќе ги вдам ми се смачува од животот
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
LOL !!!
Кај облеката заборави да напоменеш, на црна пантолона ОБАВЕЗНО иде бела чорапа, ставаш рамбовка кога излегуваш во град, ланецот истотака мора да се извади надвор, се капиш во парфем купен од Шутка, нападно се вртиш по жените и свиркаш....ииии то. :pos::pos::pos:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Значи ова ти е “фраЈер“ од источна Македонија како сфатив.
А Скопски сељак?
-Има Југо на кое е потрошено повеќе пари за озвучување и спојлери, отколку самото тоа вреди и вози со илјада на саат(барем така изгледа по рикањето на моторот)
- Истиот наутро оди до продавница во папучи и на пони точаче.
- Кога влегува во локал влегува со стил на мафијаш од “Godfather“, а преку ден свири на виолина во општинскиот оркестар.
- Се фали како го ебел пола маало, а првата девојка во животот која ќе го погледне ја затруднува и тврди дека е љубовта на неговиот живот.
- Со гаранција може да испие преку 10 пива во моментот а еднаш има испиено 2 литра вотка на една вечер сам.
- Со 95% сигурност вежба у теретана
- Со 100% сигурност некогаш вежбал у теретана
- Не може да сфати како оние сељаците не слушаат турбофолк
- Од странски јазици знае српски, и не се двоуми да го користи па макар разговарал и со кумановчани
- Во животот има прочитано една книга со максимум 20 страници и исклучиво детска литература.
- За него интернет и исто што и мИРЦ.
- Според него, Секој кој користи интернет за нешто друго освен мИРЦ е глуп.
...итн.ком.мк :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Првиот пост ми се гледа струмички...
Дополнување:
Како ќе распознаеш сељаците во стамбена зграда? (ова за Струмица, а се однесува за стоката со која сум опкружен)
1. Во сабота пред влезните врати има цел паркинг од обувки (90% од вкупните станари)
2. Ми пуштаат турбо фолк. Јас враќам со Led Zeppelin, Motorhead и сл.
3. Стоката под мене го извадила шпоретот на терасата и неможе човек врата да отвори. СМРДИИИИИИИ!!!!!!!!!!
4. Ми маваат по колата овошје и зеленчук, значи исфрлаат ѓубре низ тераса. Хинт: Има ќеси или канти, ебате стоката!
5. Гледаш селски фаци по скалите се качуваат и слегуваат (посебно во сабота)
6. Стојат по терасите, чекаат да помине некој и оговараат. Сељачки комплекс на висење на средсело.
7. Фала богу што не чуваат животни по дома.
8. За Југото или 101 -от мисли дека е совршенство и тешка машинерија, па може да добиеш коментар: Шо си упнал паарте за таа канта, земи си едно Југо да та каре! Докап нема.
9. Возат (освен заставин производ) Лада 2105, 2107 или Самара со озвучување од тезгите во стоковната и се слуша Хит радио или касета (ЦД) од некое српско или бошњачко турбофолкерче(ка)
10. Колите имаат стајлинг да ги препознаеш од 20 км.
11. Ќе ги познаеш по облеката (види пост бр.1)
12. Ќе ги познаеш по курназењето и кафичите каде се вртат.
13. Сељакот не шета по корзото приквечер. Тоа е термин резервиран за градските луѓе. Или не шета воопшто или касното „слева на парко“
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Хахахахахахахахах ова е закон:pos:Има вакви случаеви низ градов,а и пошироко
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
I od mene:
Samo ovie moive se odnesuvaat na chovek so zvanje Ropak, toa na prilepski e SUPERLATIV od seljak!
1* Pie malo eKSpreso 2h. i na sekoi 15 minuti porachuva obichna ladna voda so mraz!(Ova e najtaze od denes)
2* Misli deka muzikata go pravi chovekot! Bilo kakva da E! Ke ti kaze muabet vo still: Jas ova slusham a ti ona, a moeto e zakon a tvoevo e katastrofa! Ti si seljak! Najchest konflikt imame so TDI folkerite i Kamenkovcite (ROCKerite!) - Neshto slichno kako mechkite i zmiite koishto igraat na muzkia od kaval, koj im predstavuva sve vo zivotot!(Muzika, muzika slaven da bidam, kako TITO TITO, Struga da vidam)
3* Najchesto se mamini/tatini galenici i za nishto vo zivotot ne se pogrizile sami da steknat niti znaat shto e rizik ili zrtva, za niv e obvrska ako treba so nekoj prijatel da ispie edno kafe i da napravi nekoj muabet kako zavrshil film/serija od vchera, voedno ke misli deka toa go napravil od kultura, i deka e mnogu kulturen/urban dechko/devojka pa ke chuesh neshto vo still: Lele dali ja chu taa vo 15 minuta od filmot koga kosata i se veeshe na vetrot sho mu odgovori na toj grdiot, ama i pokraj se' dechkoto imashe stil choveche!!! Ti sho ke kazesh A? (E mi se gadi od ovaaaa:pov: )
4* Silata najchesto ja demonstrira vrz devojkta/dechkoto, i toa pred publika, skoro sekoj den slusham kako nekoj zolchno se rasprava i vika po ulici!(Odete vo planina i tamu vikajte, nas ne ne' interesiraat vashite problemi)
... ke ima ushte ...
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Пример:
-иде селјак на мотор и застанува на некое видно место потаму... залижана коса и ланец на него од 5 кила...и ова демек женската негова се лепнала за него...тој фраерот ја бучи машината(скапано моториште, ваљда собрано од отпад)...и другите селјаци..неговите другарчиња се залепиле до моторот и го величат возачот и кажуваат како кренал 150 на сат по некоја улица:tapp:....ај да не продолжвам зашо ке пукнам
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Пример:
-иде селјак на мотор и застанува на некое видно место потаму... залижана коса и ланец на него од 5 кила...и ова демек женската негова се лепнала за него...тој фраерот ја бучи машината(скапано моториште, ваљда собрано од отпад)...и другите селјаци..неговите другарчиња се залепиле до моторот и го величат возачот и кажуваат како кренал 150 на сат по некоја улица:tapp:....ај да не продолжвам зашо ке пукнам
Барем за ова грешиш, нема врска тоа со сељандури.
Има моторџии, и моторџии нормално. Вистинските моторџии иако дигне 150 на саат, па се соберат 10 души да го величат, тоа им е животен стил. Како што на некој му е компјутерскиот свет, на некој Кантер Страјк, на некој медицината. Вите од Скопје, постарите го знаат, нема здрава коска на него, сите му се скршени барем по еднаш, минимум. Типот едвај жив од Истанбул го донесоа од мотор што се куферисаше таму. 150км на саат за него е добро утро добар ден, а типот е далеку далеку од поимот сељак.

Ти викам, тоа е посебен животен стил.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Ја како што го разбраф Болиглава, типот јава АПН, стар ЈАВА или што знам кој друг мотор пред фаза на распаѓање. И најчесто го вози по папучи или апостолки.
Рајмз, вистинските моторџии се башка прича (и оние што возат чопери и кастом мејд бајкови од една и оние што возат моторчиња на кои брзините под 100 км/ч им се измачување, од друга страна)
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
8. За Југото или 101 -от мисли дека е совршенство и тешка машинерија, па може да добиеш коментар: Шо си упнал паарте за таа канта, земи си едно Југо да та каре! Докап нема.
Јас го шиткам Југото ... смеам ова да го користам за реклама !? :pos:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ајде уште ставајте.
Кога ќе дојде темава прикрај ќе ги пратам постовите на сите што ги знам. Сигурен сум дека ќе направам добро за македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom