Да многу се израдував и тоа пред некоја ден. Во драмата што ја има напишано мојата тетка ќе глумат (или веќе глумат) Кирил Поп Христов, Тони Михајловски, потоа ќерката од Ненад Стојановски таа манекенката заборавив како се вика ќе ми извини, и имаше уште некоја позната фаца ама не ми текнува во моментов. Сета светеше кога ми го соопшти тоа, и ми кажуваше како и се јавила режисерката и ја прашала дали да удри на перверзија, а оваа и рекла удри секако е таква драмата. Инаку сум посебно горд затоа што меѓу првите луѓе ја имам читано оваа драма, ете во моментов не ми текнува како се вика, ама изгледа има голем потенцијал.Да, кратко и јасно:
Се радувате ли за туѓите успеси?
Ве прават ли туѓите победи среќен? Дали вие сте среќни со успесите на блиските? Дали можат победите и успесите на вашите пријатели да бидат причина за среќа кај вас? Колку сте среќни кога вашите блиски победуваат, кога ти се среќни?