Туѓите успеси,особено на блиските луѓе ги сметам и за свои успеси.Многу ми е мило,драго,па во моментот не ми е ни битно во каква ситуација,состојба и слично се наоѓам.
Битно ми е тоа што моите блиски се среќни,што постигнале нешто за кое што е труделе.Море и за најситна работа која буди насмевки на нивните лица,јас се радувам.
Ме исполнува среќата на другите.
Дури и на пример да се работи за успех на некој наш музичар се радувам,дури и да не ми е меѓу омилените.Сепак фактот дека е Македонец и на било какво начин успеал на постигне нешто,да освои награди,ми ја топли душата и предизвикува насмевка на моето лице.
Обично реагирам бурно викам,се смеам,гушкам.Но,некогаш не реагирам којзнае колку бурно,но длабоко во себе чувствувам задоволство.
Можеби на некој ќе му звучи необично - ама некогаш повеќе се радувам на успесите на моите најблиски,отколку на своите.