Порано не толку многу,ама сега да ,сега кога сфатив дека некои луѓе неизмерно ги сакам ,поважни ми се нивните успеси отколку моите ,а истовремено повеќе ме боли мене кога на нив ќе им се случи нешто лошо ,затоа што понекогаш се чувствувам како дел од некои луѓе и се сметам и за одговорна за некои работи што им се случуваат. Успесите на брат ми,на родителите ,на мојот дечко, на другарките , на некој начин се и мои затоа што кога се среќни ,тоа автоматски ми го пренесуваат и на мене,а и искрено уживам кога ги гледам насмеани,среќни и подготвени за нови предизвици.