Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Гижо напиша:
зашто мора да им зависи од нив(родители, роднини и пријатели)??
Гижо, толку ли е тешко да размислиш малку и да сфатиш дека:

Затоа што ако љубовта помеѓу двајцата е вистинска и немаат предрасуди, тогаш единствена пречка понатаму ќе им бидат ближните кои не ја прифаќаат реалноста. Се додека има и макар една "црна овца" во нивните семејства која ќе се буни, ќе им префрла, ќе прави тактики ко во шпанска серија за да ги раздвои, црно им се пишува. Не дека не би можеле да се справат и со ова, меѓутоа би било многу по болно. Тогаш би требало да дадат жртва и да одлучуваат помеѓу семејството и партнерот.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
mesani brakovi ima skoro sekade na svetot......
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
И сеа се нагодивте за мешаните бракови?

Јас сум тотално свесен дека во Македонија се живее “на куп“ т.е. со семејството ама ми се чини дека откако двајца се земаат автоматски се формира потесен семеен круг или со други зборови ново семејство. Затоа најдобро е едно семејство (маж, жена и нивните деца), да живеат одделно и да не се мешаат со нивните родители.

Изборот на жена или маж се врши најчесто од интерес или од љубов. и на крајот, двајца млади коишто живеат заедно не се во вистинска врска доколку нема комплицитет и заеднички интереси. Нема потреба да се копираат еден со друг бидејќи тоа е ептен глупо нешто ама немаат ниту потреба да се потиснуваат под желбите, заповедите и каприците на патријархот (најстариот “водач“ на фамилијата). Неприродно е!!!

Изборот мора да се почитува :wink: а ако некој е во рестрикција за да направи избор за неговата иднина нека ги “елиминира“ пречките. :arrow:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Треба да живеат одделено, тука нема дискусија, но...

- треба ли да отидат на заеднички ручек, на гости едни кај други, на слава?
- треба ли бабата и дедото да си ги посетат внучињата, или пак младите да отидат на гости да им ги однесат на старите да ги ѕирнат?
- треба ли да се блиски родителите и младите и од кога ќе се одделат?
- треба ли да си ги кажуваат проблемите и маките и да бараат совети?

Јас мислам дека треба. Ама, заборавете дека ова може да го има доколку не е исполнет условот кој го пишав погоре.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Macedalien напиша:
Изборот мора да се почитува :wink: а ако некој е во рестрикција за да направи избор за неговата иднина нека ги “елиминира“ пречките. :arrow:
А така, да си жив и здрав. Ако на некого можеш да влијаеш дури го прави изборот, добро. Ако веќе го направил, се што можеш е да го прифатиш. Ако двајца изберат да живеат заедно, нивната врска треба да се остави на нив самите, и „суфлирања“ отстрана само одмагаат - не помагаат.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Мистичен напиша:
Затоа што ако љубовта помеѓу двајцата е вистинска и немаат предрасуди, тогаш единствена пречка понатаму ќе им бидат ближните кои не ја прифаќаат реалноста. Се додека има и макар една "црна овца" во нивните семејства која ќе се буни, ќе им префрла, ќе прави тактики ко во шпанска серија за да ги раздвои, црно им се пишува. Не дека не би можеле да се справат и со ова, меѓутоа би било многу по болно. Тогаш би требало да дадат жртва и да одлучуваат помеѓу семејството и партнерот.
Се сложувам со ова и потполно си во право...

Сложени се таквите ситуации во кои едниот од партнерите е од друга вера и никогаш не се прифатени од околината и се осудувани (како што кажаа и некои на форумов)... Кога би кажала кој е мојот став, само ќе повторам некои муабети од членовите на форумот кои кажаа дека е неприфатливо тоа...
Секој еден родител (семејство) би бил разочаран и повреден доколку детето кое цел живот се труделе да го изведат на прав пат ги "изневери" на тој начин... Уште од мали колку-толку имаме верски обоен дух...
Има различни случаи, во кои после некое време блиските ќе се помират со ситуацијата, а некои никогаш нема да го прифатат назад детето кое се одлучило да биде со партнер од друга вера...
Знам едно семејство во Охрид кое и ден денес не сака да ја види девојката (Турчинка) која се омажи за Македонец, а поминаа можеби и повеќе од 10 години... Сигурно и е тешко на мајката на девојката која нема дозвола од мажот да ги види внучињата, а таткото од гордост и срам не попушта...

Читав една многу интересна и потресна книга со вистинска приказна за војната кога беше во Босна... Православна девојка се омажила за муслиман и кога им се раѓаат децата почнува војната... Синот го следи примерот на таткото и кај него се раѓа омраза кон сопствената мајка, ја пцуе и неколку пати се обидува да ја убие... Ако некој има прилика да ја прочита и ако сака, се вика "Јелена"... Муабетот ми е дека самите мешани бракови си носат последици и страдање како во семејството на родителите, така и во новото семејство...

Не сакам да бидам сфатена дека сум против таквите врски на другите... Сите велиме дека не живееме за народот туку за себе, но не би требало секогаш да се размислува со срцето...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Форчн, ако се погодат луѓе што им е погледот подалеку од носот, ќе се потрудат за доброто на децата да прифатат ... обично не прифаќаат поради срам од околината. И што со тоа? Да си го отпишам детето за да не ме покаже некој со прст? Дека може тие што би ме покажале со прст многу се потресуваат за мене и ми мислат добро? Секако не. Колку разлики нека се во прашање, може да се најде заеднички јазик ... спомнавте нешто празници, адети ова она ... и тоа не е спорно ... еве на маж ми фамилијата му е хрватска по татко, така да слават католички Божиќ, Велигден и све друго, па досега колку тие толку и моите си се држат беспрекорно ... тоа секако е многу помала разлика одколку православни и муслимани, ама сепак е разлика.
Јас единствено не ги оправдувам девојките (што ги има многу во Струга барем) кои што излегуваат со албанци поради пари, поради нивните коли и такви работи ... такви работи ме иритираат и со македонци ако ги прават ... ама муабетот ми е, на таква база да испадне нешто као брак ... е тогаш јас би го отпишала моето дете, во никој друг случај. :wink:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Дивне јас се сложувам со тоа дека за доброто на децата треба се да се прави... И онака родителите вложуваат многу жртви за детето да се развие во нормална личност и да има памет во главата... Само не ми е јасно зошто детето да ги повредува родителите кога има толку многу на светов :) Зошто е тешко жртва да направи и детето? :)
Кај нас во помалите градови е пострашно, а не верувам дека во други држави е толку драстично изразено спротивставувањето околу тоа...

Јас немам право никого да осудувам за постапките, можам само да не се согласувам за истите... А кој како смета дека е правилно, така нека прави... Личност која ми е блиска и ја сакам, ќе ја поддржам во се што прави ако вистински го сака тоа и смета дека е добро за неа... :wink:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
FortunE напиша:
Само не ми е јасно зошто детето да ги повредува родителите кога има толку многу на светов :) Зошто е тешко жртва да направи и детето? :)
Затоа што тој/таа ќе треба да живеат со (односно без) партнерот што си го избрале, а не родителите, роднините и (не)пријателите.Таквата жртва е далеку поголема. Јас како родител треба да поминам само преку една психолошка и евентуално културна/верска бариера, т.е. да си ги сменам малку сфаќањата, а детето треба да остане без некој што го сака. Што е поболно и чија жртва е поголема сега?
 

123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
Неприфаќањето на мешани бракови според мене е за да се даде до знаење (на брат, сестра и уште повеќе на свои деца) дека со тоа се нанесува голема болка и да не речам срамота на фамилијата.
Додека тие што се одлучуваат на таков чекор се свесни за тоа каква реакција ќе предизвикаат ама сепак мора да постои голема љубов за да го направат тоа.
Инаку јас сум против такви бракови. Отсекогаш сум си ја сакала мојата православна вера иако не сум верник во права смисла ама на никого не му правам зло и не му мислам зло. Дури овде во Германија кога видов колку муслиманите ја форсираат својата вера уште повеќе мојата ми е драга.
Уште нешто, многу сум против оние кои се откажуваат од својата и прифаќаат друга вера.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
FortunE напиша:
Само не ми е јасно зошто детето да ги повредува родителите кога има толку многу на светов :) Зошто е тешко жртва да направи и детето?
Абе каква жртва ... љубовта не бира ... за тоа зборам ... како може некој да одлучи кого ќе сака? Вечер излегуваме (успутно кажано) па ако ти го можеш тоа, чекам да ми објасниш! :lol: :lol: :lol: :wink:

123 напиша:
Уште нешто, многу сум против оние кои се откажуваат од својата и прифаќаат друга вера.
И јас си ја сакам многу мојата вера, и не би прифатила ама баш никоја друга. А во такви бракови ќе си тераат две вери, значи ќе си ја почитуваат верата на другиот, немора да си ја менуваат својата. И јас не би оправдала некој да си ја промени верата ... освен ако мисли (не поради некој друг) дека некоја друга повеќе би му одговарала :wink:
 

123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
А што е со децата бе divine? :cry:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
123 напиша:
А што е со децата бе divine? :cry:
Кога ќе се доволно возрасни да можат да ја разберат и едната и другата религија, ќе си ја изберат самите нивната ... не дека е екстра ситуација ... ама тоа би било најсолидно речение ... секако нема да се фатат за коса родителите чија религија да им ја наметнат ...
Еве ви пример, сестрата на маж ми до пред 2-3 години не беше крстена ... ги пратеше и католичката и православната, и кога сама одлучи што сака си појде во црква и си заврши работа. Не пропаѓа светот поради тоа секако :wink:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Љубовта не бира тоа е точно, но ако човек размислува со срцето, а не со разумот... Треба малце да се размисли пред да се направи нешто и какви последици ќе има од тоа...
А децата...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Абе, ако све правевме со разумот пред срцето, и со многу мислење, и секогаш ги правевме најправилните работи светов ќе сјаеше ... ај сега разведрете се малце збориме за ретки случаеви кои можат да преживеат и јас не би ги отфрлила :) :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom