Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Овие поими сигурно не се толку табу тема како порано, особено што почнаа и пославните личности да се мешаат (пр. Сања и Адријан) ама сепак мислам дека не е достигнато она ниво да се најнормална работа. Јас лично немам ништо против тоа и тие што си се сакаат според мене е во ред да се заедно без оглед колку се мешани :lol: Е сега, врската на Сања и Адријан не ја оправдувам ... ама причината ми е сосем друга ... Адријан ми е преубав за Сања :lol:
Шала на страна, примери има доста, особено на бракови, и барем тука во мојот помал град таквите парови се отфрлени од цела околина ... треба ли да е така? :(
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
на кој тип на мешани бракови мислиш?? меѓу партнери од различна вера, или од различна националност, или и двете??
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
И така и така ... све е тоа мешано :) ... ама имало таква тема? Ај ќе проверам, ако има заклучете ја оваа :wink:

п.с. Има да, ми избегала некако ... у реду се извинувам, ајде клуч :wink:
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Нема потреба од заклучување, слободно дискутирајте. Што мислите, што е поекстремно, врска од различна вера или различна националност?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
од различна вера дефинитивно, од различна националност и не е уопште страшно
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Да тераме? Океј ... јас мислам дека поекстремна е врска од различна вера ... ако веќе се работи за двајца и нивни две семејства кои си ја тераат верата како што треба ... би се помешале многу работи во тој случај, и како што кажав какви што си сме ние тука, тешко дека ќе успее некогаш таа врска да прерасне во нешто повеќе.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
а знаете ли некој случај каде што има брак помеѓу двајца од различна националност, и кажете како се одвива бракот?, јас до сега не сум видел
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Андроник напиша:
Нема потреба од заклучување, слободно дискутирајте. Што мислите, што е поекстремно, врска од различна вера или различна националност?
Нема тука ништо екстремно, ама во секој случај е понезгодно кога верата ќе замеша прсти. Поготово кога се работи за контрастни вери како христијанство и муслиманство.
Врска како врска и ќе биде во ред, дури бракот не почне да се наѕира.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Гижо напиша:
а знаете ли некој случај каде што има брак помеѓу двајца од различна националност, и кажете како се одвива бракот?, јас до сега не сум видел
Да, знам - Селимова и Желчески. И одлично функционира, иако се и од различни вери. Малку семејството на Желчевски имаше second thoughts со прифаќањето на Селимова од почеток, ама се се разреши без никаква приказна.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Познавам еден куп луѓе кои имаат брак/врска од различна националност, воопшто не претставува пречка. Религијата како и секоја голема пропаганда си го прави своето.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Гижо напиша:
а знаете ли некој случај каде што има брак помеѓу двајца од различна националност, и кажете како се одвива бракот?, јас до сега не сум видел
Јас знам таков случај, затоа и ја отворив темава ... имам една далечна роднина, не знам ни како се вика која е мажена за албанец ... тоа е брак одамна, сега имаат 3 деца ... за нив дознав еднаш кога ги видов на плажа, бев со мајка ми и тогаш таа ми кажа ... мене ми изгледаа многу среќни лично тие со дечињата, едноставно тоа се гледа ... а општо по целиов град никој не им збори ... одпишани се и од двете страни од нивните семејства, а не верувам дека имаат баш и некои пријатели ... многу жал ми падна баш поради тоа дека видов колку сложно излгедаат, па стварно мислам дека не е фер да се отфрлени од сите ... ама па некогаш може и така е подобро :wink:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
divine напиша:
... одпишани се и од двете страни од нивните семејства, а не верувам дека имаат баш и некои пријатели ... многу жал ми падна баш поради тоа дека видов колку сложно излгедаат, па стварно мислам дека не е фер да се отфрлени од сите ... ама па некогаш може и така е подобро :wink:
Треба човек да има проблеми со себе па да отпише свое дете заради некој избор кој го направило во животот. Мое дете ќе остане засекогаш мое дете, било што и да направи.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Спуки, и јас го мислам истото, ама не се сите како нас, тоа ме иритира ... незнам каде живееш ти, ама многу би се нервирал да си во некое помало гратче со такво мислење ... :wink:
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Подржувам вакви врски и не би имал ништо против да имам жена албанка, на пример. Сега на Фрчко не му успеа, но тоа не значи дека и на друг нема.:)))
Верата ми нема некоја голема улога, претпоставувам дека ако се испостави дека сме си компатибилни еден за друг и за жена ми ќе нема.

п.с. во малите гратчиња има многу проблеми.. :D
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
divine напиша:
Спуки, и јас го мислам истото, ама не се сите како нас, тоа ме иритира ... незнам каде живееш ти, ама многу би се нервирал да си во некое помало гратче со такво мислење ... :wink:
Јас живеам во Скопје, ана мислам ситуацијата е слична без разлика колку е големо местото. Ем башка живеам до Бит-Пазар, така да мешањето на култури е максимално :) :)
Види, во секој случај нема да ми е сеедно ако син ми реши да се ожени со ќерката на некој од командантите, ама неговата среќа ми е на прво место, па после моите убедувања. Ако тој се слага и му е убаво со неа, мојот однос со нејзините родители е на второ (па дури и подолно) место. А далеку од тоа дека би прекинал комуникација со него, тоа недајбоже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom