Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Мај мен. А за тоа мешањето на култури ... јас живеам во Струга ... ај сега кој е појак а? :lol:spooky напиша:Види, во секој случај нема да ми е сеедно ако син ми реши да се ожени со ќерката на некој од командантите, ама неговата среќа ми е на прво место, па после моите убедувања. Ако тој се слага и му е убаво со неа, мојот однос со нејзините родители е на второ (па дури и подолно) место. А далеку од тоа дека би прекинал комуникација со него, тоа недајбоже.
Повеќето од моите другари/ки мислам дека би си ги убиле децата пред да го прифатат тоа ... еве на пример, одам јас на плажа со другарка, жешко многу и ајде ќе седнеме на кафе ... шанковите што ги држат македонци беа фул, па седнавме кај албанците. Јас со тоа не се замарав иако видов дека не и се прави ќеиф неа ... мислам, не гледам ништо страшно ако мене ми се пие кафе да седнам со другарка кај што ќе ме послужат исто .... е, после некое време и се јавува свршеникот, доаѓа кај нас, и прави сцена ... едно пола саат ја караше како можела и зашто седнала тука ... наредно одење на плажа пред да тргнеме ја потсети да не ја направи истата грешка, со една поголема лекција ... Не верувам дека вакви луѓе еден ден би им простиле на нивните деца мешан брак ... а такви се скоро сите :x